Има ли шанса, барем за овие загреани души?
Мачни души, желни за натпревар, дружење, докажувања.
Кога јас почнував и се заинтересирав за натпреварувања, при една посета на кафе на Аквариум,случајно налетав на едно коло од Првата крапска лига година господова??? не знам точно. За прв пат ги видов на дело:
Кокан со Мечо, Сергеј со Тони, Ицо со Клисарот и Васил, Зоки со Тото, Свето и Пепи ....оклолу
12-тина екипи. Бајка.
Таа лига беше под капата на МРФ (на чело со Мишо Христовски) и верувале или не секоја екипа имаше платено котизација од (не сум сигурен) околу 200 евара (или марака беа)? Таа година отидоа на СП во Португалија. Благодарение најмногу на Јонче и Пупаковски.
Следна година господова, лига со по 200 евра по екипа.
12 екипи. Бајка. Екипи кој од кој.И покрај инсистирањето да се оди со федерација за СП во Белгија, некои поискусни рекоа не, сами ќе одиме, преку глава ни е МРФ. Мишо дозна, еден допис до ЦИПС и Белгија (покрај немањето пари и за котизација и за трошоци) остана да ја следиме преку малите екрани
. Не сум сигурен и да се најдеа средства дека без МРФ ќе се отидеше.
Во година ??? се смени Мишо со Васко, но не се смени многу во финансирање.
Лига 12 екипи. 200 еврича по екипа.
Пари за светско (Васко вели) нема. За разлика од Мишо, тој дозволи со сопствени средства ако имаме може да учествуваме. Од МРФ ни мрвка.(Корекција-добивме една канта сирење од Васко). Тогаш дојде, не испрати, но и некако најдоа средства па дојдоа и во Белград, не посетија. Нема везе, барем отидовме и видовме (она што Серџо ви кажува за ЈАР и за 9000 евра за прихрана е само дел). Ако не го обезбедеше Сергеј комбето од Велес и автостоп ќе одевме. Но друго е поентата. Приказни има илјадници.
Во година господова ???, после разочарувањето од односот на МРФ, Мечо се изнервира и рече еб.. ти све јас ќе организирам.
Екипи 26. Без обврски за одење на СП, без котизации, со либерални правила.
На состанокот со МРФ (2008 година), беше договорено доколку неколку екипи сами обезбедат средства можат да одат со аманет на МРФ во ЈАР на СП. Следеа иронични насмевки од типот пази да не отидете. Се заинатија неколку будали и се растрчаа по крапџии кои можат да си обезбедат (некаде колу 1500 евра по човек). Море моли го Мечо ај да се оди, не сакаше да чуе. За среќа или несреќа(
)Коле и Љупчо мувата, Мики мило со мене, Зоки и Љупа, заедно со Драган, Васко, Раде и Бојаровски скрпија од џеп и од спонзори и се отиде. После овој спорот на МКА и МРФ изби на виделина дека Зоки го скрпил и сопствениот џеп. Нема везе, друго е поентата.
Година господова ??? лига = 10-тина екипи, котизација стандарт
, мора=судии!!!. Мавровица, Селимли, Крушево. Бајка. На СП во Франција следната 2009, знаете. Бајка.
Година понатаму, лига =
10 екипи, котизација, Треска. Бајка. СП Англија. Тапа. Дрва. Нема везе, друго е поентата.
После враќањето од Англија, замре. Ширум се отворија вратите на гробиштата за спорскиот крапски риболов. Се повлекоа, Сергеј, Мечо, Зоки, јас ... Остана Мак крап со она нивното сами ќе тераме. И тераат, секоја чест. Ама не е тоа тоа.Цело е кога има се. Ми недостасуваат сите .....се.... Будали.
Од секогаш сме плаќале котизации. Отсекогаш сме партиципирале со свои средства за одење на СП.
Има нешто многу лошо.
Оладени срца, динамиката на животот не носи како буица, разочарани сериозни луѓе, обврски. А саатот чука. Ја продадов опремата во периодот на крапска натпреварувачка депресија. И сега, читам, ама малку има. Во последниот пост howitz напиша дека има шанси ако се спуштат егото и суетата. Не е само тоа. Се склопија лочињата. Тешко е да очекувате сите да се вратат.
Има нешто многу добро.
Доволно е да почне да се врти тркалото. Доволно е да се пријават само уште 5-6 екипи. Да се 10 барем. Меѓу нив сигурно ќе биде и некој од фосиливе. Ако има екипи, ќе седанат со Васил Костов или кој и да е и ќе се договорат. Ако сте спремни за финансирање на сопствената и државната афирмација (во најлош случај) има шанса да заживее. Секоја друга помош од страна нека биде плус. А за плус треба борба и трчање. Не мора да се чезнее за повторна средба на легендите на натпреварувачко поле. Ако има помасовна лига тие сами ќе дојдат. Се може да се истурка. И помала котизација и помалку за судиите (и тие нека придонесат). Уште сега, оваа година. Да се договори се. Јас сум возрасен, ама млад за крапаџиство. Имам уште да учам и така цел живот учам. Та нели дрво сум, а јагодиве не ми бегаат.
Абе убаво е. Ждребот не ми бил наклонет. Ама кога после маките на пренесување, сместување и монтирање ќе свирнеше за почеток почнуваше посебен дел од животот. Нема поубаво од палење цигара после борбата, извлекувањето и сместувањето во сак. Па со нетрпение го чекаш оној со вагата. На крај победата на еден крапски натпревар е еднаква на чуствата на еден олимписки шампион. Нели???