За прв пат годинава решивме со Срѓан да го посетиме Дебарско.
На форумот имаше најави дека ќе дојдат повеќе наши колеги ама нешто им ги расипало плановите.
Знаевме дека ќе биде многу топло па тргнавме уште во 2 саат од Скопје.
4,30 на езеро под Мелнички мост и додека го стокмивме чамецот почна да се разденува.
Во меѓувреме пристигнаа и Даре, Компир и Кирца, за нив ова било прв риболов на Дебарско.
Го спуштивме чамецот, и кога сакавме да тргнеме сфативме дека имаме проблем со мототрот. Го имав однесено на редовен сервис ама одтогаш едно 9 месеци не го имав запалено. Ветерот кој дуваше од правец на Радика не однесе добри 300 метри па моравме со веслање и ветар во фаца да се машиме и весламе назад. Во кола го имав и електро моторот па мислевме или ќе го оправиме овој или ќе го закачиме електричниот.
Другата група веќе спремна тргнува и тука ја прават ,,кобната,, грешка. Слушам некој вика ,, абе Томос е ова а не некој си Меркјури,,. Ама господ гледа одозгора.
Се помачивме малку, се изнаголтавме чад од уљето што мораше да догори ( Даре има интересни слики од овој дел од риболовот па ќе ги закачи ) ама моторот сега преде и тргнавме повторно во езеро.
Секокаш прво пробуваме да го најдеме кленот, во кој слој од водата се наоѓа, дали е при обала или повнатре, дали е на површина на 3-4 м. или 9-10 м. , дали сака мало воблерче или некој ,, полусомски ,, или пак кашиче.
Ја фативме левата страна од теснецот и пробувајки стигнавме до широкото без ниту еден удар.
Сфативме дека ќе треба да се оди подлабоко и дека од рака тешко дека ќе фатиме нешто. Ги отежнавме со 40-50 гр. и веднаш почнаа да се редат удари.
Тука некаде ни се јавија Даре, Кирца и Компир, имале проблеми со моторот, не им палел и седеле на обала и мааалку се нервирале. Верувам дека не им било сеедно кога им кажавме дека ние вадиме во серии.
Срѓан имаше еден страшен удар и убава борба, се виде дека е голем, трската се виткаше а он никако да се појави од длабокото. Ама искусно рибариште е он. Ова е резултатот:
Убав главоња, а Срѓан одавна не сум го видел со ваква задоволна фаца
Го заборавивме и веслањето и проблемите со моторот и сонцето што почна здраво да пече ама ајде да видиме што прават колегиве, па тргнавме накај нив.
По пат, натаму уште некој клен ама евидентно веќе имавме помалку удари.
Колегиве видно наапани, успеале некако да го средат моторот и почнаа и они да ловат. Се договоривме ако имаат проблем дека ќе ги шлепаме и продолживме понатаму.
Веќе фати 9 ипол, ветерот се смири, сонцето пече, ударите сее проретчија ама не дека ги немаше.
Време е за накај дома, езерото се смири целосно и стана неподносливо жешко. Дебарско го сакам не само затоа што секогаш дава добра порција на риби туку и затоа што е убаво езеро. Има и камењар но и зеленило и убави огледални фотографии.
Резултатот од тој ден беше некојси 20-тина кленови, повеќето под 1 кг. но и неколку здраво големи. Имавме и неколку опасни удари, дефинитивно на големи риби но не успеавме добро да ги закачиме. Големиот клен беше некако нерасположен за дружење, само ќе го поттурнеше воблерот со муцка - као не ми досаѓај. А помалите се залетуваа често но од нив нема многу адреналин. Факт е дека рибата е во подлабокото. Рибите ги враќавме назад. Срѓан зема неколку за себе ( женаму му нарачала клен, а ако не и однесе нема да го пушти пак на риба ) јас сите ги вратив.
Лично очекував дека во теснецот ќе имаме повеќе удари но тамо немавме ниту еден. Се што извадивме беше од спротивната страна на дебарските плажи.
Кога свативме дека кленот е во длабоко ловевме со влечење со отежнување од 50 - тина грама. Имавме и удари и на кашика но повеќето беа на веќе испробаните Lucky Craft и Illex Chubby
За разлика од кранковите на Rapala или Storm јапонските кранкови имаат едено специфично не толку широко воблирање, можеби тоа беше пресудното што имавме добро риболовно претпладне.
На враќање повторно ги сретнавме колегите, ама некако не им се правеше многу муабет.
Ќе направат и они репортажа па ќе видиме зошто ?
Околу 14,00 часот веќе бевме во Маврово седнати на кафе муабет.
РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am МислењаCOLON4637 ЛокацијаCOLONSkopje
шо сте убаи со маичкиве само авторот го нема
а насмевката на срѓан све кажува, само незнам зошто сте си отишле така рано, толкав пат, ај вие сте направиле мерак, ама другава екипа паталци, можеле да се испробаат и поручек, па и од обала јаде таму
РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
saso НапишиCOLON
За разлика од кранковите на Rapala или Storm јапонските кранкови имаат едено специфично не толку широко воблирање, можеби тоа беше пресудното што имавме добро риболовно претпладне.
...
На враќање повторно ги сретнавме колегите, ама некако не им се правеше многу муабет.
Ти држи вода муабетов за воблерите, кога бевме на ние на дебарско, најловни се покажаа Салмо хорнет воблерите кои исто така имаат поситна вибрација.
А сеирот со колегите е за сите пари Уловија барем нешто?
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
Dobro e Saso !!..ubava reportaza samo za razlika od vas jas ubavo pominuvav na kasting vo revirot na pepi megutoa dosta positen klen (nisto 1 + ) samo doata udari i ulov bideci cela plaska bese vo reka i ulovot bese vo aamiot tek na vobler 4 ka na fisherman koj prijatno me iznenadi kako se odnesuva vo brza voda.ce pustam nekoja slika od ulov i voblerot popladne.muabetot mi e deka ne mora da se praktikuva samo trolling na debarsko tamu znae da iznenadi dvizenjeto na ribata kako vo ovoj slucaj koga se lovese vo samiot tek na rekata.
_________________ se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!
Ubava reportaza, so site nisani. Fotkive se prekrasni.
A kolegive ne gi zakacajte, go utnale aktivniot period sabajleto radi motorot, a pokasno ne
veruvam deka probale so oteznuvanje podlaboko da gi baraat i toa e.
Dobro e Saso !!..ubava reportaza samo za razlika od vas jas ubavo pominuvav na kasting vo revirot na pepi megutoa dosta positen klen (nisto 1 + ) samo doata udari i ulov bideci cela plaska bese vo reka i ulovot bese vo aamiot tek na vobler 4 ka na fisherman koj prijatno me iznenadi kako se odnesuva vo brza voda.ce pustam nekoja slika od ulov i voblerot popladne.muabetot mi e deka ne mora da se praktikuva samo trolling na debarsko tamu znae da iznenadi dvizenjeto na ribata kako vo ovoj slucaj koga se lovese vo samiot tek na rekata.
Debarsko e golema voda. Normalno e deka na ednata strana moze da bide vo priobalata ( pogotovo vo delot kade lovel Tapa ) a na stranata od Radika da e vo podlabokoto.
Nie probavme i vidovme deka e vo podlaboko a imavme i ograniceno vreme za ribolov ( 5-6 saati ). Ti si so meseci tamo.
Pisuvam od tel.ne mozam da citiram..Sale poentata mi bese lugeto koi ce odat na Debarsko da ne se nasocuvaat samo na trolling zatoa sto ezeroto ima ogromni moznosti.a vo slucajov eve drugava ekipa bile po prv pat tamu..ete toa sakav da kazam.izvinete sto iskomentirav nadvor od reportazata nemav druga namera..
_________________ se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 19 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум