Кога човек си ја сака природата, тогаш таа често знае и да го награди ,
некогаш помалку, а понекогаш и повеке.
Затоа што ја почитуваме во толкава мера затоа сме така и наградени ,некој ова го нарекува БОЖЈА ДАРБА. А сега да не должиме многу локацијата за риболов се знае тоа и пак тоа МАВРОВСКО.
Пред некое време еден колега го прашува Горан добро бе како не ви се досади веке еднаш се тоа едно исто место ,а тој со одговор, оваа убавина ретко кој може да си ја дозволи и таквото нешто не се пропушта, овој викенд го спонзорираше( ДАЦЕ –живели)!!!!! Купи нова кола ,Благодариме ЦАРЕ да си жив и здрав и ти и твојата фамилија уште 100 год.
Одиме со саботата наутро 07 .07.2012. нормално се почнува во кујната на бато ОКИ-рибар, ама за тоа малку подоцна.
Добредојдовте во Маврово.
Утринско кафе на Бензинска.
Кој части тој го има и првиот улов.
Да не го заборавиме и бато ДАРЕ на кој неодамна му беше роденден ,срекен роденден ДАРЕ, и замоли ги надлежните од Форумот РИБАР да не ме БАНИРААТ. Хаа,хаа.хаа.
Поздрав –ДАРЕ.
ОКИ –рибар и најголемиот Клен што го фатил.(се разбира дека е шала)
Позицијата од Саботата наутро.
ДАЦЕ –живели, шампион е за Клен ама уште не научи да држи риба .
А еве како изгледа кога дете снима клипче, ама и јас незнам изгледа да ја држам рибат. А детето изеде три( ЧВРГИ) за грешкат што го снимаше клипот наопаку па сега ке морате да ги вртите главите ХАА:::ХАА :ХААА!!!
Малку Глисање по Мавровско .
Кленот го имаше насекаде само треба да го најдеш.
Кој рече дека на Мавровско водата била ладна за Капење, мораше да се разладиме и да чекаме да залади за да го почнеме второто полувреме околу 17 час.па се до Неделата изутрина.
А ГОРАН--- ВИКАШЕ--- дека овој во водата личел на Нилскиот од ЗОЛОШКАТА.
Вечерната позиција.
До ракијате ке да е изгледа (таа фаќа) а за другите примероци немаме видео снимка пошто се стемни а немаме соодветна камера со осветлување.
И следува полноќната скромна скара.
Добро утро неделно утро, поубаво будење од ова немa изгрејсонце, и кога кленко ке ја задрма трската.(недела наутро).
Пошто ОКИ-рибар имаше слаб улов на риба, беше казнет да прави Скара и да лови во едно и на суво. Ама се разбира на суво не се ловеше КЛЕН туку прасешко ребренце. Невероватно нешто, удира на ќумур и на( ШИМАНО ТРСКА). Искрено првпат ловам вака , не се смејте ве молам.
Ова ке го заборавевме ,подготовката за утакмица(Петокот во кујната на бато ОКИ) како го тепаме Холестеролот и Триглицеридите , едноставно ги уништуваме со чекан.
И следува--- Земјотрес --- Лудило -- во позитивна смисла на зборот.
Од тука па натака е приватност , немојте да замерите па замислете како го поминавме остатокот од денот, а ке ви откриеме една мала тајна се заврши со песната МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ КИТКА ШАРЕНА: сите на нозе да не помисли некој дека имало Пијанчење, докажано со слика.
Толку за овој викенд.
ДАЦЕ –живели, се поздрави со старото огниште (до следното видување) да види нашиот анонимен колега зошто одиме на Мавровско .....И ке одиме, и не ни е досадно, и монотоно,да видиме што мислите вие, дали ова е досада или МЕРАККККККККК!!!!!!!!!!! Поздрав ОКИ-рибар .. ДАЦЕ –живели ..
ГОРАН .. и ДЕКИ –рибароттт. БИСТРО НА СИТЕ!!!!!!.
ПС..На одење се знаеше застанавме во Маврови Анови само на по едно СКОПСКО и се е МОЖНО:
И голема благодарност до нашите Сопруги за поддршката што ни ја даваат за ова што го правиме .Благодариме ЖЕНИШТАААААА!!!!!!!! Ке ме обесат утре кога ке го видат ова .
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Fishing is my lifestyle,my passion,my life.
Последна промена од 1 на okiribar, променето е 0 пати
РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am МислењаCOLON4637 ЛокацијаCOLONSkopje
Туууууу 5 дена плус за фатените риби во Сабота, 5 дена плус за фатените риби во Недела, 10 дена за добрата скара и 3 дена за орото, 23 дена плус Господ ви пишал за овој викенд....полека полека се збира, пише он у тевтерот, а вие знаете како се живее
Bravo oki!!dobra druzba a izgleda deka pola od vas go pamtat samo patot nataka !!? cesto se slucuva toj fenomen i kaj nas, tulu kazi dali pofrlafte vobler??
_________________ se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 9 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум