ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ :arrow:
viewtopic.php?f=54&t=2309 ,
Слики на улови :arrow:
viewtopic.php?f=52&t=2310&p=67982#p67982
Јагулата е ноќен створ и лови ситна риба. Но исто така таа е и чистач. Нема да прости на мртва риба или нешто слично шо ќе падне во водата и може да го проголта. Во потрага на пленот стално се држи по дното, всушност до места каде делумно може да се сокрие. Помеѓу камења, корења дупки ...
На Вардар ми се има случено првиот улов на јагула. Онака случајно. Среде ноќ ме има разбудено ѕвонче од дубинско фрлено помеѓу две паднати дрва. Немав риба, но пијавицата беше мртва и изгризена, распарчена. На тој стап и на тоа место никогаш немав удар во текот на ноќта, исклучиво пред стемнување и на изгрејсонце. Затоа не се мачев да ја сменам и така ја вратив во вода блиску до брегот, околу 1,5m длабочина. За помалце од 1 час повторно ѕвонче, но ѕвони како некаде да гори. Така ја фатив првата јагула.
Утре вечер чекав повторно но без успех. И следниот пат првата вечер без успех. Но втората вечер ми текна да ставам пијавица која дента беше умрена и фрлена. Резултатот беше неверојатен. Повторно имав јагула на јадицата.
Имам ловено и на мртва риба не подолга од 10-тина cm која дење ја оставав да замириса. Стомакот пред ставање на јадица ќе и го подотворев, а во уста ке и ставев парче по должина пресечен лук. Осумдесетите години немаше интернет и форум. За риба со лук како мамец дознав од еден стар рибар во шинобус.
На море имам најмногу фаќано јагули на вливот на малото рекиче од десната страна на автокампот ЈАЗ (Црна Гора, веднаш до Будва на патот за Тиват). Јагулчињата не беа поголеми од 50cm и не подебели од прст. Тогаш не знаев дека всушност сите уловени се мажјаци. Како мамец користев 2 - 3 подебели црви.
Јагулата е најдобро да ја ловите кога дува силно југо. Непосредно пред или за време на силни летни, дождови нарочно ако се касно попладне и на стемнување, проследени со грмежи.
Пленот го зима енергично, а јадицата ја голта длабоко. Внимавајте кога ја одкачувате јадицата. Има силни вилици и остри забчиња. Јас најчесто јадицата не ја одкачувам. Едноставно ќе го пресечам конецот и јадицата и ја оставам во уста.
Одамно ја немам ловено иако знам дека ја има под Демир Капија каде најчесто (исклучиво) ловам на Вардар. Кога на Јадица 4/0 и поголема, многу ниско до дното, ќе ми остане само она парче пијавица кое било нанижано со сигурност знам дека прошла јагулата.