___
___
БОДОРКА
ЛАТИНСКО ИМЕ- (Rutilus rutilus) е слатководна риба која припаѓа на фамилијата(Cyprinidae), род( Rutilus)
ЛОКАЛНИ ИМИНА- плотица, грунец, жолтоока
ПРОСЕЧНА ДОЛЖИНА- до 30см максимална до 45см
ТЕЖИНА- до 600гр. и ретки капитални примероци до 2,1кг
ВРЕМЕ НА МРЕСТ- од АПРИЛ до ЈУНИ
МЕСТА, НАВИКИ, РАСПРОСТРАНЕТОСТ
-Живее во стоечки и истечни
ЦИПРИНИДНИ води
-Овааа врста на риба е распростанета скоро во секоја вода во мирните и тивки токови на реките а ја има и по мртвиците, барите и каналите. Живее во големи јата. Нај повеке се задржува на местата каде има трска и шавар нај повеке го сака тврдото дно каде водената струја ја носи и ја таложи храната. Во полетта после топењето на снеговите се движи до брегот и во реките и во езерата, додека за време на летните жешки денови најчесто е во подлабоките делови или најчесто под корењата на дрвата. Тревнатите делови не ги сака и најчесто се задржува на чистите делови измеѓу нив. Бодорката за разлика од црвеноперката се движи на дваесетина сантиметри од дното а се храни со зелена алга, зоопланктони, разни црвчина и ларви.
Неискусните риболовци оваа риба многу често ја мешаат со црвеноперката а се разликуваат по бојата на перките која е жолто-портокалова и по златно-жолтата дамка на горниот дел на окото
РАЗМНОЖУВАЊЕ
Мрестот го започнува од Април па трае се до Јуни кога температурата на водата ке достигне над 12степени целзиусови. Икрата ја положува на тревнати и места со ситен камен на места не подлабоки од еден метар најчесто до самиот брег. Женките од јатото ја положуваат икрата на исто место, а инкубацијата им трае десетина дена а една женка положуваа од 5 000 до 100 000 икри. Можат да направат и два до три мреста во една година во зависност од температурата на водата. Младите растат многу споро па за да достигнат должина од 15см им и да станат полно зрели им треба период до 3 години.
прочитајте повеке за риболовот на оваа риба во оваа тема:
viewtopic.php?f=11&t=2269
Видете,ставете слика од вашиот УЛОВ :arrow:
viewtopic.php?f=52&t=2266
сликите и информациите
се превземени од интернет сајтови