www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 7:14 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONНед Jун 17, 2012 11:18 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Фидер (feeder)
Фидер е техника на спортски риболов кај кој е својствена употребата на хранилка. Оваа техника претставува интеграција од пловкарење и длабинско, со тоа што ги има најдобрите карактеристики и на едното и на другото. Врвовите кај фидер стаповите се изработени од карбон, или фајберглас и се многу чувствителни и воочливи (обоени се со светли забележителни бои – бела, жолта, портокалова, или црвена) така што од таа страна го даваат шармот на тапата, а од длабинското ја имаат силата и можноста за подалечни фрлања. Оваа техника е употреблива на сите видови вода и со неа е поеднакво интересно да се лови како ситна, така и многу крупна риба.

Принципот на кој функционира фидерот е прецизно, константно, но не премногу обилно хранење кое се прави со пласирање на храна со помош на хранилката. На тој начин јатата се концентрираат на тесен простор и рибата станува многу активна.
[ img ]

Фидер стапови
При набавувањето на стап морате да се одлучите за варијанта која одговара на условите кои владеат на вашиот терен, како и на големината на рибата која ја ловите. Лесните и фини стапови со тежина на фрлање до 70 грама се идеални за канали, помали реки и езера на кои не се потребни подалечни фрлања. Таквите стапови ќе „завршат" работа за ловење на ситни риби, но верувајте дека ќе излезете на крај и со нешто поголеми парчиња.

За лов на реки, езера каде што е потребно подалечно зафрлување, или комерцијални терени каде што има навистина крупни риби, тогаш одберете појаки варијанти со тежина на фрлање преку 150 грама. Стаповите не се купуваат секој ден, па најдобро е внимателно да се одберат и тоа поквалитетни модели и оние варијанти кај кои добивате барем стандардна варијанта од три врва.

Хранилки
Постои голем број видови на хранилки и сите се сместени во три групи.
[ img ]
Кафезните хранилки се изработуваат од жичена, или пластична мрежа во различни форми и големини и се применливи на сите видови терен, па затоа и најмногу се користат.

Хранилките од затворен вид се изработуваат од пластика и имаат валчеста форма со чеппови од двете страни кои по потреба можат да се тргнат. Овој вид на хранилки се користи воглавно за прихранување со црви, но со малку фантазија нудат повеќе можности.

Метод хранилките се семејство на хранилки со различни форми, но иста намена. Тие служат за лов на крап на комерцијални терени. За нив е карактеристично тоа што користат нешто полеплива храна со доста додатоци во вид на честички (зрна).

Тактика
Ловот на хранилка иако потсетува на веќе виден метод, има многу свои специфичности и потребно е доста време и вежбање за да се влезе во шемата. Кај поставувањето на стапот на стоечките води треба да се сврти внимание на тоа стапот да се постави ниско со врвот према водата како и тоа стапот и конецот да прават агол од 45 степени за биде соодветна сигнализацијата.
[ img ]
Не протечните води фидерот се поставува исто како класичните стапови за длабинско ловење – со врвот нагоре за да се избегне отпорот на конецот од движењето на водата. Првите неколку фрлања треба да се одработат со олово за да се испита далбочината и структурата на дното. Следните фрлања се со празна хранилка за се направи чувство, потоа, 5-10 фрлања на хранилката со храна, но без јадица.
[ img ]
Ова последното има ја основната функција, а тоа е прихранување, но ако стапот остане на држачот некоја минута, ќе дознаеме дали има риба на местото, дали е активна и како се однесуваат врвовите кога рибата ја напаѓа хранилката.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 18, 2012 7:12 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Interesno koga ke dojdam na palurci ke isprobame kolko se verodostojni ovie informacii. :D :lol: :lol:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 18, 2012 9:46 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Абе зајко немора да се мачиш,јас деновиве ќе дојдам на Селемли :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 18, 2012 9:50 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Браво за трудот Живко,многу добар текс.

П.С.Авторски права за сликата ке плакаш 3000ден. или да ми организираш три дневен излет на паљурци :?: :) :)

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 18, 2012 9:55 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Тоа првото малку тешко :D :D А за второто нема проблем,можам и да ти прихранувам три дена испред ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 18, 2012 9:59 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Да не мислите дека текстот е од мене пишуван крадам од други сајтови :D :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 18, 2012 10:01 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
И тоа е умешност :D

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 27, 2014 11:01 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Кој прати малку повеке околу оваа техника да ми препорача некој производител подобар за опрема за оваа техника,ми станува се поинтересна па сакам да се стокмам подобро,мислам на хранилки,машинки,трска,конец и се комплет.

Фала

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 17, 2015 10:42 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
од ланска година кај битолчани доста се актуелизира овај тип на риболов, има доста дечки кои веке ја владеат техниката тата мата

па ако има некој таков тука на форум -- не е лошо да сподели негови искуства за води каде тој ловел

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Фидер општо
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 30, 2017 7:58 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Денес конечно го пробав фидерот :D
Храна Мелег , бојла Франкфуртска кобасица на Мелег и мојот првенец на фидер :D
Мал ама добар за сефте :lol:

[ img ]

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum