Почитувани колеги форумџии,
Во изминатиов период овдека на форумов паднаа куп дискусии за разно разни теми, се отворија бројни дискусии, форумџиите дадоа доста идеи, дел од нив реализирани (амблеми, маици, здружение, борба со рибокрадци, повеќе седенки), дел сеуште не.
Генерално, ribar сајтот и форумот станаа главно збиралиште на љубителите на риболовот и главен рибарски медиум кој станува се погласен.
Меѓу другите моабети, на многупати сме правеле моабет за состојбите во МАК-РИБОЛОВОТ, паднале доста остри критики кон надлежните, кон федерација, кон здруженија и институции. Сепак, добро е да се запрашаме секој поединечно, што сум направил јас за состојбите во МАК-РИБОЛОВОТ ? Освен што, читам и пишувам овдека на форумот, (некои само си читаат) седнат на мојата фотеља по дома, на мојот најубав кревет, или пак на моето столче на работа, што јас можам да помогнам за состојбите, ама да не е преку компјутер, членувам ли во некое здружение, работи ли добро моето здружение, помагам ли јас таму, како помагам ?
Драги колеги, многу работи во МАК-РИБОЛОВОТ можат да се поместат, ама со три кокичиња, пролет не бидува, треба повеќе.
Формалното застапување и организирање на рибарите е преку здруженијата, а после здруженијата преку МРФ (ако некое здружение е јако, има големо влијание, има многу членови може и да влијае во МРФ). Дел од здруженијата работат лошо, дел подобро, дел уште подобро, дел најдобро, ама кое и да го земеш, може да работи уште подобро, работата е колкава војска стои позади здружението.
Една од идеите и проектите произлезена овде на форумот е и здружението Рибар 2011, ......идеата се преточи во реалност, се оформи здружението, ни требаше формалност за да влијаеме на дел од работите за кои се залагавме, формалноста ја добивме. Се поставува прашањето, кој се вклучи во работата на здружението, како се вклучи, со што помага, доволно ли е тоа, може ли подобро ?
Ако не е член на Рибар, туку е член на друго здружение, што работи во тоа здружение, со што помага, задоволен ли е како функционира здружението, може ли подобро, се труди ли да внесе промени во здружението ?
Ако не е член на здружение, како мисли да помогне во помрднувањето на состојбите во МАК-РИБОЛОВОТ ?
Драги колеги,
Пред нас е нов мрест во Македонија, пред нас е постапка за доделување на концесии за рекреативен риболов во цела држава, а понатаму уште многу битни работи за нас љубителите на риболовот.
Ако гледаме дека риби нема, ако гледаме дека некој лошо концесионира со некоја вода, ако додека ние фаќаме риба гледаме дека некој вади мрежа, ако гледаме дека МРФ не е за “МАШАЛА“, ако одиме преку граница за да фаќаме риба и ако се тоа ни е убаво и ОК, тогаш ќе си ќутиме и ќе си пецаме тоа што имаме. Ако работите не нервираат, тогаш не треба да пцуеме по други, треба прво себеси да се прашаме, со што и каде јас сум помогнал за работите да се помрднат ?
Лесно е да се каже дека сакаме концесија на вода која би си ја гледале, пазеле и мазеле како своја.
Арно ама на тоа поле некако се застана !?!
Да Ве слушнам..... _________________
|