www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 17, 2024 9:53 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 20, 2012 11:54 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Колеги риболовци,

Со цел да ја направиме поатрактивна главната страна www.ribar.com.mk, потребна ни е помош од сите членови на форумот кои се расположени да напишат/преведат по некој текст на било која тема поврзана со риболовот и екологијата.
Дел од членовите се веќе вклучени и напишани се повеќе текстови кои се поставени на главната страна, но како поминува времето и се зголемува читаноста на сајтот, потребни се повеќе текстови.

Затоа, секој оној кој е расположен да напише или преведе некој текст (видете ги текстовите на прва страна, на менито лево, за мушичарење, крапски риболов, воблерај, риболов со тапа, корисни информации итн.), напишете страна-две во Word или директно во е-маилот (ве молиме, ако можете, пишувајте на кирилица, стварно е мачно да се конвертираат и поправаат буквите), прикачете ги сликите кои сакате да стојат во текстот, а доколку не сте вични со сликите, ние ќе избереме и ќе поставиме, и така припремените текстови пратете ги на ribarkontakt@yahoo.com или contact@ribar.com.mk, а ние ќе ги средиме ако има потреба и објавиме.
Ако сакате, можете и да ги ставите како нова тема на форумов, или да прилагодите некоја стара тема, па ние ќе ја преземеме, како што направивме со дел од текстовите тука.

Фала ви однапред и бистро :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 20, 2012 12:30 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 05, 2011 11:14 pm
МислењаCOLON247
ЛокацијаCOLONBitola
Filip moze da stavis za pomos da ne se luta bezveza po net nekoi linkovi od stranski spisanija od kade mozi da se prevzemaat tekstovi za prevod

Evo nesto http://www.allyoucanread.com/top-10-fishing-magazines/

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 20, 2012 12:53 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Англискиот ми иде кога ќе се вратам од школо ќе преведам еден текст што го најдов пред некој ден. ;)

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 23, 2012 8:44 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Некој друг заинтересиран да придонесе малку? :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 23, 2012 9:06 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
јас ќе преведам неколку за фидер,само да најдам време


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 23, 2012 11:03 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 12, 2012 9:48 pm
МислењаCOLON496
ЛокацијаCOLONBitola
Еве еден интересен текст од српски весник Риболовачка ревија бр.25 од октомври 1999год.
Текстот е прилично долг затоа ги преведив од српски само најинтересните делови.


ШАМПИОНИ И ТРАГИЧАРИ


На македонците во последната натпреварувачка ноќ им се случи уште едно кинење!
Со рибата која се дограби до слободата, отидоа сите соништа дека дома ќе се
вратат со Мерцедесите! Главните награди дома ги однесеоа Бекер и Улсхофер!

Играта на сончевиот отсјај по мрежестата површина на огромното езеро, потсеќаше на огномет со кој учесниците
на првиот Светски Carp cup- Romania1999 , беа испратени од импресивното здание на Романскиот Парламент.
На брегот на големото Сарулешти Езеро, натпреварувачите се соочија со суровата вистина - овде нема да
победи ни најдобрата опрема ни најголемото искуство и знаење. Победник е немилосрдниот ждреб!
На околу 40тина километри брегови кои ги опкружуваат повеќе од 500 хектари водено огледало вештачкото
езеро Сарулешти ,многу неуедначено се распоредени 200 места со исто толку двочлени екипи од 20тина земји
од светот. На тие на кои ова не им беше прва средба со езерото, царството на најкрупните крапови во светот, веднаш
им стана јасно дека најдобрите места за ловенје се намерно изоставени. Сопственикот на езерото Роберт Радута не
го стори тоа случајно - напротив, некои од местата дури намерно ги упропасти со вадење на потопените дрва и други
препреки околу кои се собира водената лисица.
Неговиот интерес е јасен- натпреварот ќе помини, а нему и натаму ќе му остани езерото од кое очекува профит, а
заработка нема ако најтофејните примероци останат со искинати предвези во устите , заплеткани околу потопените
корења, трски и сл.. На натпреварувачите од тоа им остана само со надеж да гледаат како таму далеку од нивниот
домет, од водата виреат остатоци од некогашните овоштарници и селски куќи, потопени кон крајот на осумдесеттите
години, како би се добила огромната акумулација за потребите на земјоделството.

Македонците во водство!!!

Широкиот и плиток залив во чиј централен дел беше тимот од Македонија - браќата Никола и Кокан Ќука даваше
многу риба.Македонците уште од самиот почеток "растураа" , но имаа и неочекувано многу кинења, исто така и губење
на риба ( на почетокот на натпреварот уловија крап од преку 20кг, но тој улов им беше дисквалификуван оти некој
пријавил дека прихранувале пред стартот на натпреварот - а всушност тие пробувале фрлач на боили (веројатно кобра)
кој за првпат го виделе). Сепак, успешно се носеа со комшиите од Германија и Франција на позициите 177 и 178 кои во
првите 3 дена им беа големи ривали. Спротивно на тоа , првите 3 дена на челна позиција беа итаљаните Емануел
Калигарис и Роберто ди Салво. Тие имаа многу добра позиција на сосем друг крај на езерото. Меѓутоа станувајќи мета
на медиумско внимание, среќата им го сврте грбот (веројатно ги почудија новинарите). И кога сите помислија дека
Македонците ќе избијат на прво место, се "разбуди" еден од главните фаворити Германецот Јирген Бекер кој ловеше
во пар со Норберт Улсхофер. Ни тие немаа многу среќа при извлекувањето на позициите, но нетреба да се заборави
дека Бекер помина повеќе од 100 дена на ова езеро припремајќи се за натпреварот. Дека добро ги простудирал
работите, се покажа третата ноќ - улов на повеќе од 100кг риби ! Успешната серија продолжува и во текот на следниот
ден и Германците набрзо го преземаат првото место. Македонците за момент се обесхрабрија. Со неверување ги
прифаќаа информациите за сензационалните улови на конкуренцијата. Сепак брзо го фатија ритамот , така да воочи
последната одлучувачка ноќ разликата меѓу нив и тимот на Бекер беше околу 40 кг. Но проблем! Немаат повеќе боили !?
Напомош прискокнуваат Зоран Мелег и Урош Суботин и им ја праќаат неопходната количина за прихранување.

Пресвртната ноќ

Беше тоа најдолгата ноќ со полна месечина за многу рибари! Судиските контроли се удвоени, полицијата ги проверува
гепеците на автомобилите кои се мотаат околу езерото. Невербата е голема. "Пукна" приказна за можни местенки. Утро!
Бекер нервозно се мота околу стаповите. Тројца Германски новинари, исцрпени , спијат во оросените вреќи за спиење под
ведро небо. Се е необично тивко и се објаснуваат двете кратки реченици кои ми ги упати Бекер: Многу тешка ноќ. Без улов
Во таа непроспиена ноќ за Бекер го бележиме и најголемиот улов - крап од 25,8кг! Го фати Французинот Грегори Вилерој!
Улов вреден Мерцедес "A" класа! Но кој ги освои другите два Мерцедеси наградата за прво место? Неформално
дознаваме дека сепак тоа е Бекер. Вечерта на свеченото прогласување на победниците дознаваме дека информацијата
е точна. Германците фатиле 180,9кг а второпласираните Македонци 177,5кг! Наспроти многу добрата серија забележана
во последната ноќ браќата Ќука за малку не успеаа да ги стигнат Германците. Мерцедесите им избегаа за само 3,5кг!!!
Некој да им ветеше второ место на Никола и Кокан пред натпреварот, не верувам дека ќе се жалеа, вака станаа најголеми
трагичари на првиот светски куп во лов на крап! Во последната натпреварувачка ноќ им се случи уште едно кинење!
Со рибата која се дограби до слободата, отидоа сите соништа дека дома ќе се вратат со Мерцедесите! Уште поголемо
беше разочарувањето кога им ја доделија втората награда : нешто опрема и прибор толку колку да се наполни гепекот на
едниот од Мерцедесите со кои си заминаа Бекер и Улсхофер!

Текстот е напишан од: Мирко Канјух

Риболовачка Ревија бр.25 10/99

_________________
Anyone who truly understands the passion for
angling knows, only true happiness exists by the
waterside. All other time is spent either thinking or
dreaming about it.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 23, 2012 11:13 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Sportex moze da kaze malku poveke za ova ;)

Ova zasluzuva cela tema.
Ufff, kolku gord bev togas. Site zboruvaa za golema nepravda kon brakata Cuka i nemanje na sreka. Mnogu kinenja ( ako dobro se sekavam zaradi naslagite na skolki na grbenite pred nivnata pozicija ). Sepak germancite bea golemi iminja vo toa vreme. No seuste zalivot vo koj lovea na Sarulesti se narekuva ,, zaliv Cuka,,.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 23, 2012 11:20 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Da Saso tuka si u potpolno pravo naka kazat nasive kaj frlale pa na site ke im stane jasno.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 23, 2012 11:24 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 12, 2012 9:48 pm
МислењаCOLON496
ЛокацијаCOLONBitola
Imav duri i kratka snimka od nastanot , snimena mi bese od eurosport mislam ,no tesko deka ima nesto ostanato od video kasetata :cry:

_________________
Anyone who truly understands the passion for
angling knows, only true happiness exists by the
waterside. All other time is spent either thinking or
dreaming about it.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Повик за автори на текстови
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 24, 2012 7:39 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Јас бев присутен на тој натпревар но како известувач за Риболовачки Трофеј не како натпреварувач.

Се натпреварував на WCC нa истото езеро но во 2002 година.

Првата риба им беше дисквалификувана сосема заслужено.

Иако според правилата тогаш можеби ќе требаше и целосно да бидат дисквалификувани но судиите одлучија да им ја одземат само првата риба.

Имено зафрлија трска со мамец пред официјалниот знак за почеток на натпреварот.

Нив тогаш им се случи нешто што и нас ни се случи во 2002 година.

Многу удари, многу риби, но слаба реализација.

Дел од неискуство, дел од неспремност со прибор, дел од тежок терен, се на се резултатот беше таков каков што беше.

Одговорно тврдам дека Бекер и Улсхофер си тепаа најчесно и најпоштено на тој натпревар.

Победија со амури не со крапови, но и тие се мерат и се важат во севкупниот улов.

Најголемиот дел од новинарските екипи беа стационирани толку зад нив (па и ние) и луѓето навистина вадеа риби како на лента.

Професиналци во секој поглед, победа чесна и заслужена иако и нашите имаа многу големи шанси за победа ако само малку беа поискусни.

Се на се интересен натпревар.

Започна со водство на една непозната екипа од Италија кои успеааја уште на самиот почеток да извадат 3 риби, сите со тежина над 20 КГ за да останат на крај со тие истите три риби уловени во првите 3-4 часа од натпреварот.

Понатаму се издвојиа браќата Цука но од третиот ден па натаму, Бекер искусен крапџија веднаш забележа дека амурите ги има процентуално (тогаш не и сега) повеќе од крапот и се преорјентира само на нив, а ретките крапови беа само добродојдени гости.

Се на се интересен натпревар и неизвесен до самиот крај.

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum