Кога и да одиме во природа лов,риболов никогаш не се знае што може да ни се случи,а и недај боже затоа задолжиделни би требало е да носиме со нас "прва помош" односно торбичка или торба со разни материали што можат да ни помогнат ако се повредиме пример ако негде паднеме кога одиме покрај река се лизмене на камен сечеме месото за скара па се лизне ножот и оп отиде прстот секако дека неможеме апсолутно да ја излечиме повредата на самото место но можеме да превземеме превентивни мерки кои ќе ни обезбедат доволно време да отидеме во болница,амбуланта.
Прва помош е почетната грижа за повреденото лице на самото место на несреќата. Грижата се состои во благовремено преземање на внимателни постапки, мерки и активности, со цел:
да се зачува животот на повреденото лице;
да се заштити од понатамошно повредување;
да се намали болката и стравот;
да се спречат можните компликации и
да се подобри општата состојба на повредениот.
Грижата трае од моментот на откривањето на повредениот, па се до моментот кога повеќе не му е потребна прва помош или до преземањето на повредениот од квалификувани лица за струна медицинска помош. Состојбите што го загрозуваат животот (итни состојби) бараат брз одговор. Во тие моменти, судбината на повредениот е во рацете на луѓето од непосредната околина. Нема ништо похумано од благовремена и правилно укажана помош, што значи живот
За укажување прва помош се користат стандардни и прирачни средства. Подготвеност за укажување прва помош претставува и поседувањето на одржувана и добро чувана кутија со стандардни средства за прва помош. Големината, формата и содржината на кутијата за прва помош е стандардизирана. Стандардите се во зависност од намената и тие се менуваат со текот на времето.
Основно е во секоја кутија за прва помош да има:
Неколку стерилни гази, во различна големина - се користат за покривање на раните и за изработка на компресивни преврски;
Вата - може да се користи при компресивни преврски и имобилизација;
Неколку завои, со различна широчина - служат за прицврстување на стерилните гази при преврзувањето, за изработка на компресивна преврска и за имобилизација;
Најмалку 2 триаглести марами - се употребуваат за преврзување, за имобилизација и за сопирање на крварење со подврзување;
Леплива трака (фластер) - се користи за прилепување на стерилна газа, завршување на преврска, облепување на поливинилска фолија и сл.;
Пакување со различни димензии на ханзапласт, за покривање на мали рани;
Полуетиленска фолија - при отворена рана на граден кош и др.;
Безопасни игли - за завршување на преврска, прицврстување на марама, обвивка;
Ножички или заштитен жилет - за сечење на завоен материјал, леплива трака и сл.;
Стерилни ракавици за еднократна употреба - за заштита од болест што се пренесува преку крв;
Специјално пластично шамивче со вентил за вештачко дишење.
Мислам дека не е многу скапо да се купат овие материали што би можеле да ни го спасат животно али пред се да не одиме сами во природа ако одиме ако немаме некое искуство со прва помош да одиме на некаков курс или да поведеме лице со нас што може да ни помогне.
Јас кога и да одам носам со мене ова дали одам на саат или два по риба дали по цел ден не ми тежи да го носам ова со мене од проста причина што незнам што може да се деси.