www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 12:48 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 3:05 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Едно од непријатностите на кои сме изложани при престој во природа е каснување на крлеж, нешто кое може да ни предизвика големи проблеми.
Да подискутираме малку и за овој верувајте не така мал проблем, како да постапиме при евентуално каснување на крлеж и мерките кои треба да ги примениме потоа.
Се надевам дека ќе има доста совети од колеѓите кои ќе помогнат на секого кој би се нашол во една ваква непријатна ситуација.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 3:28 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Vo priroda so krlez ima nekolku varijanti e sega prvo sto mi teknuva zejtin na krpce pogolema kolicina malce staj mu go edno 30 minuti i sam ke pusti.
Istoto ova se pravi so pomada ili vazelin.
Ako treba da go potegnes samo poleka ili obratno od satot
Mora da se vnimava da ne ostane glavickata pod koza ako ostane obavezno da se poseti hirurg i i zadozitelno e primanje
na tetabolin ili antitetanus.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 3:35 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Браво Крсте , еден од основните начини кога ќе попаднеме во ваква непријатност. И по укажаната прва помош ЗАДОЛЖИТЕЛНО е одење кај доктор.
Никако да не се тегне крлежот а полека да се њтри во смер обратен на стрелката од часовникот, ако се посомневаме дека има останато од главата правиме еден микро рез на местото ка каснување и одма одење на лекар. Не го потценувајте крлежот во никој случај.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 3:35 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONПон Oкт 31, 2011 12:59 am
МислењаCOLON32
Страшна работа. Два пати ме има каснато. Првиот пат ми се скина и главата остана внатре, па требаа да ме сечат со скалпери и чуда и да ме сошијат (и двете без анестезија бидејќи немало да ме боли, рекоа тоа младите сестри). Вториот пат го извадив некако едвај, без да применам некоја посебна техника. На пролет обавезно некој што е со мене ќе го касне крлеж, или татко ми, мене, брат ми...некого мора...Највише мислам дека го има во местата до вода каде што има густа вегетација.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 3:36 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Крсте, не секој носи вазелин на риболов, како што си носиш ти :D

Шала на страна, заебана работа е крлеж, посебно онаа лајманова болест што може да те малтретира со месеци додека се свестиш/ти откријат што ти е... Јас сум тренирал вадење со пинцета и досега не ми останала глава внатре (на кучето мое). А мене еднаш ми се закачи еден на глава, и се направи голем колку мајски бумбар, ама среќа не беше преносител на болести...

Инаку најчесто се појавуваат после дожд, според моето искуство.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 3:43 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Заборавив да споменам за Лајмската болест, кога ќе гоизвадите крлежот завиткајте го во салфетка и може да се испитува дали е преносник на оваа болест.
Може би ќе ви изгледа смешно да го носите крлежот со себе на испитување но њерувајте воопшто не е. А може да ви помогне многу.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 3:49 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Сеп 14, 2011 2:47 pm
МислењаCOLON199
krste1978 НапишиCOLON
Vo priroda so krlez ima nekolku varijanti e sega prvo sto mi teknuva zejtin na krpce pogolema kolicina malce staj mu go edno 30 minuti i sam ke pusti.
Istoto ova se pravi so pomada ili vazelin.
Ako treba da go potegnes samo poleka ili obratno od satot
Mora da se vnimava da ne ostane glavickata pod koza ako ostane obavezno da se poseti hirurg i i zadozitelno e primanje
na tetabolin ili antitetanus.
Bravo Krste ,Za preventiva se nosi AUTAN PLUS ili nesto slicno na toa ,te stiti okolu 4 casa se nanesuva sekade kade sto ima dopir na oblekata so trevata kade obicno ziveaat krlezite.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 3:51 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Neznam za vas ali za zastita od takva napast gledam poveketo od vreme da ne odam gol sekogas pantaloni obicno voeni maskerni si nosam :D Na mir i tishina ne se sekiram ni za komarci ni krlezi

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 3:59 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
прво за сите што не знаат како изгледа оваа заебана работа

крлежот е волку мал
[ img ]

а обично кога ќе го забележите веќе е напикан со главата во вашата кожа

[ img ]

е сега што е зафркнато, зафркнато е што нема да го осетите ако не го видите, може евентуално малку да ве зачеша и тогаш можа да го приметите .....кога веќе сте го виделе битно е следното

1. не го фаќајте и во паника да пробате одма да го извадите, најверојатно ќе му ја скинете главата која ако остане внатре во кожата продолжува да живее и предизвикува заебани работи, ако се скине главата треба да се оди во болница

2. без паника ако крлежот е влезен во кожата не боли и во моментот ништо не е страшно.....освен ако крлежот е веќе набабрен како мала маслинка и местото околу крлежот е веќе помодрено, ако го забележите ова, тоа значи дека крлежот веќе ви е закачен повеќе сати, може и претходниот ден, во ваква ситуација одете накај болница и препорачливо е да не го чепкате

3. во друга ситуација доколку нема круг помодрен околу крлежот и доколку го гледате само крлежот напикан во кожата и како си прета со ноџињата надвор тогаш треба да се знае следново. Крлежот диши преку порите на газот кој секако му е напрчен нагоре и надвор од кожата. Тие пори треба да се затворат и после 10-15 минути крлежот ќе умре. Затворањето на порите можете да го направите доколку над крлежот ставите марамче натопено со зејтин, натопено со бензин, да го намачкате со некоја помада, нешто мрсно, паста за заби и слично што би му ги затворило порите и би го угушило. Ќе знаете дека е умрен кога после одредено држење ќе видите дека веќе не мрда со ноџињата. Тогаш се пристапува кон вадење на крлежот

4. Вадење на крлежот - најдобро е со пинцета, или чупалица, или било што друго што е прецизно, а со што можете нежно да го фатите крлежот веднаш над местото каде што е пикнат во кожата. Треба да се знае дека крлежот има 2 (за негова големина) долги заби кои имаат контри како кај рибарските јадици и кои со влеќење нагоре не пуштаат лесно. Затоа кога веќе ќе го фатите мртвиот крлеж со нешто треба нежно да почнете да го вртите обратно од сказалките на часовникот и постепено да го влечете нагоре се додека не го извадите. Одкако ќе го извадите, видете дали има нешто црно во дупката, т.е дали е останата главата на крлежот, ако останала, тогаш обавезно треба да се упатите кон болница


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крлежот - Пролетна напаст
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 16, 2011 4:04 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
...а не се осеќа неговото цицање бидејќи е голем буљаш, истовремено додека цица крв пушта локален анестетик со кој го отапува местото и не осеќаме дека ни е закачен.

А ова со газот не сум го знаел, супер инфо Компир

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum