Луѓе, ај пишете за у Црна Гора ако знаете некоја финта, некој совет...било што. Ќе идам деновиве на едно 5-6 дена, па секако ќе фрлам трска да пробам. =) Иначе, последен пат бев пред 4-5 години, па сосема сум заборавил како се ловеа тамошните риби. Има лаврак, иглици, една риба скакавец или така нешто. Пишете нешто како на пример на што да се ловат, што опрема етц. Било кој совет е добродојден, бидејќи јас сум ептен викенд рибар...=) Поздрав.
Јас последно кога ловев во Ц.Гора најдобро се покажа на школки-дубински со три јадички.А гледав дека скакавците ги ловеа на лепче го фрлаа над вода за да го намама и потоа исто на лепче ставаа со спојка врзани околу 5-јадички и додека скока и шкоба од лепчето некоја ќе се закачи.Позз и бистро.
Мики, јас ова планирав да го пробам бидејќи е единствен начин на кој памтам дека имам ловено таму. И порано се покажал ефикасен, но брат ми ми кажа дека лани така не му чепкало. Ова Столе како што вика со васер кугла и леб, истотака познато ми е.
@surtuk Фала многу, имаше интересни совети. Едино што јас немам чамец и не планирам да се качам на него. Претежно, ма дури единствено од брег ќе ловам. За така ако имаш некој совет, фли. =)
@Zoki rib.prikazni, тоа воблерите тек сеа сакам да ги научам. Гледав снимки, ова она, не изгледа тешко. За опрема имам таму секаква, но не знам што воблер да ставам, што да користам. Уште полошо, роднините не ми се таму па ако нема рибари на брег, нема да имам од кого да научам. =)
Поздрав на сите и фала ви многу за советите. Ако се закачи нешто (а со такви аспирации идам), обавезно ќе сликнам и ќе закачам на сајтов.