Поздрав до сите кој не подржуваа а поздрав и до оние кои не критикуваа.
Спортски е да се победи но спортски е и да се признае пораз. Оправдување НЕМА без разлика дали се работи за далечина, храна, прихрана, топла вода, лоши позиции, лоши комшии, блиски позиции,....ние едноставно не успеавме да се снајдеме и како што вели Келтан да не фатиме едно рипче
По завршувањето на натпреварот доста се дискутираше, доста се прибиваа информации од веќе завршениот натпревар со останатите екипи и повторно ќе повторам оправдување за нашиот неуспех едноставно нема.
Ќе доловам некои мој видувања посебно за сектор Б, секторот во кој што ловевме со тафта. После извлечените сектори во кампот се среќавам со пријателот од Словенската репрезентација со кој ловевеме на Балканското минатата година на Пескара по потекло од Босна и ми вели( мојве беа на тренинг овде и во сектор Б каде што и тој ќе лови има некакви пањеви на 80 метри и има доста кинење. Таму има многу искинати конци и системи едноставно доле се мрежи од конци) нормално сето ова го примаме со некаква резерва. Се појавуваме во бокс со тафта и гледаме од лево комшии Франција кои веќе ги растовараат фрижидери и плински бци НО и една скала од некој си 2 метра
. Пред нас брег со два реда габиони- насип од камењеа преку кој треба да се извади риба ( на состанокот решиле да може да се влезе во вода и над колена за овој сектор) Почнува маркирање и фрлам прво само олово јас едно а тафта друго. На моето прво зафрлување над 90м. оловото потскокнува до 80м. и оп се укопа и прво кинење. Кај тафта од 75м назад се е чисто. Повторно иста приказна дали лево или десно на 78-90м. има некаква пречка и кинење. До 75м. далечина имаме 5,2м длабочина а позади препреката имаме 6,8м па нагоре до 8м. длабочина. Со две трски идеме далеку со две пред препрека. Да не должам на овие две трски на првиот маркер после се што направивме ниту едно тит, ниту еден скок ниту еднаш чепнат мамец. Се проба се од 30м. до овие 75м. од шекерац, пченка, боила ситна, попап, зиг-риг апсолутно СЕ и ништо 72 саати. Дека на оваа далечина нема риба тоа е сигурно затоа што Французите кој веќе го посетиле двапати езерото знаеа се и си работеа по ПС. Оние кој не беа упатени како нас беа Израел и УСА кои исто така почнаа како нас од блиску па натаму. Она за кое збори спаива дека ловат близу не е вистина можеби фрлале харана или топки но ловеа над 130м. и 8м. длабочина.
На вториот маркер излегуваме подалеку и од 100-120м. храниме и фрламе НО на секое префрлување кога ќе сакаме да извадиме трска или се закачува на 80м. и кинеме или како што вртиме само ќе осетиме олеснување и како со жилет исечен конец. После сите литкори кој ги имавме спремено почнавме со систем за испаѓање на олово за да можеме да извадиме мамец и ситем а оловото да ни остане. Изгубивме некој си 30 системи(зигови, предвези, литкори, брзи спојки и некој си 50-сетина олова)
Не ми е жал за изгубеното но после секоја помисла дека треба да се прфрли ми се стемнуваше (само еднаш евентуално двапати се извади надвор се). Подочна за време на натпреварот добиваме инфо дека порано езерото било помало и таму кај што ни закача е стариот брег на кој има камења, школки како и пањеви
Лево до нас искусните французи хранат постојано цел ден со партикли и ловат на зиг-риг но немаат улов. Првата ноќ ја добија првата риба на дно и си велиш нели некој залутан. Втор ден цел ден ракетираат за зиг и пак без удар но вечерта добиваат три риби на дно и во ноќта ги гледаме како кога ќе има удар едниот ја зема трската ез другиот ја поставува скалата за да се качи и да ја извади рибата. (се надевам дека тафта ќе постави слики). Третиот ден пак исто сценарио лупаат со ракети и на сред лупање им зима на зиг и така серија од некој си 3-4 удари и риби извадени на зиг. Исто и кај Белгиците лево од французите си зима на зиг на сред хранење но дури последниот ден.
Ова се случуваше околу нас и кај нас. Ние на второто хранилиште од 116-120м. пробавме и дење и ноќе и на дно и на зиг, на сите врси мамци и висини но освен двапати тит немавме ништо друго, само кинења на секое префрлување.