Нај вероватно претпоставувам дека сите екипи го имаат истиот проблем... Времето беше пре кратко за спремање, можноста да се најдат спонзори или луѓе кои што ќе помогнат финансиски за 7-8 дена е скоро не возможно! Ние и поред договорот кој што го имавме па не успеавме да добиеме помош од матичното здружение од кое што се наслушав милиони разни НЕ усогласени муабети овие неколку дена. Но тоа е што е, стварно ми е многу криво што моравме да се откажеме иако добар дел од потребните работи комплетно ги спремивме сосема од наш џеб со помош на неколки колеги, добри стари пријатели... Тука ќе напоменам комплетна зиг прихрана, сподови за зиг, конци, јадици и уште еден куп работи за целосно да го опфатиме ЗИГ делот и верувајте дека на ова отидоа преку 150 евра. А каде е делот со 20тина кила бојли, па прихрани и сподови, прашкасти, пелети, поп апи и што уште не за класично ловење на дно. Само миксот за 20кг бојли после деталните математики испадна негде 130-140-150 евра, на ова јајца хемија атракти и остали глупости и до 200 ке дојде... На натпревари од ваков карактер и особено на води на кои што никогаш не си бил, а се одржува кај светски шампиони крапџии мислам дека е МОРАЛНО буквално се' да имаш и носиш со себе. И онака шансите ни се мали, барем тој дел опрема прихрани мамци не смее да трпи пропусти. До сега споменав 300 евра, а каде е се останато
. Нема везе им благодарам на сите оние кои што помогнаа, на сите оние кои што барем прашаа дали можат да помогнат било како, макар и физички. Далеку сме момци толку ќе кажам... До вчера се уште бев во надеж и мислев дека не е се толку црно во крапскиот риболов во државава, но после вчерашниот ден и сите дрн дупка муабети што се наслушав пропаднав некако, на ум сум и целосно да се повлечам од сите натамошни такмичарски настапи ВО државава, од сите рибарски здруженија ( освен некор нај утепано ке најдам со 5 члена колку легитимации годишни да си вадам за слободен риболов ) барем ќе знам вака на што сум и како сум, а не трчи лажи муабети и лажна надеж. А не вака, идеш како репрезентација, идеш да претставуваш држава, а сам комплетно се буквално да си финансираш и се тоа во рок од 8 дена...
. Епа ако морам да ги дадам 600-700 евра за на БАЛКАНСКО, че се стрпам 2-3-4 месеци и ке дадам 1000 евра ама ќр си идам на вода на која што јас лично сакам да пецам и во период кој што јас сакам и ќе седам онолку колку што јас сакам, и ќе се претставувам јас лично самиот себе, а не уште на крај ако нема резултат ќе слушам уше година дена муабети позади грб требаше вака требаше така, ти знаеш он не знае, јас знам ти не.... недај Боже пак да се симне Господ по земја и со чудесија некоја па да се направи добар резултат, одма после враќањето ќе се лупаат у гради пола Скопје, ја му кажав овака, ја му кажав онака... Ја му даов кило пченка ја кило граор... Е ОВОЈ ШАМПИОНОВ Е ОД НАШЕ ЗДРУЖЕНИЕ СИТЕ СЕ ГОРДЕЕМЕ СО НЕГО. А здружението коа требаше да помогне како што и беше договорено, не дигаа телефони прво, и како за крај луд и не нормален искочив.
Ае поздрав,
И БИСТРО на Флоре и Ристето, алал вера момци што успеавте да се спремите како така и да тргнете на такмичењево, резултатот воопшто не ме интересира, вие уште сега сте ШАМПИОНИ за мене, а секако ќе се радувам многу доколку успеете да направите добар пласман!
_________________
ZSRRK "VARDAR"
Кој си знае, си вади риба и преку манила.
Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site !