Мене лично друго нешто ме интересира околу дозволите.Читам на неколку места дека секој рекреативен риболовец може да извади дозвола од кое сака риболовно здружение.Јас последниве 3 год.сакав да извадам дозвола од "Пчиња" или "Дам" Куманово меѓутоа фино бев одбиван со зборовите дека истите имале договор со "Вардар" да не издаваат дозволи ако не си жител на Куманово (или некое село кумановско).Лично сум бил во канцеларија на "Пчиња", а со"Дам" преку тел.Оваа работа ама ич не ми е јасна и молам ако има некој што ја разбира да ми објасни зошто тоа беше така и дали ќе биде така и оваа год.Да се разбереме барав да извадам дозвола од поскапата онаа што е со договор со други здруженија.Среќни празници и БИСТРО.
колега
за дозвола- сам си уплаќаш на жир сметката на концесионерот со уплатница и назнака за год. дозвола(нема што тука да те мафтаат може не може)
е сега со вториот дел од уплатницата и легитимацијата која треба да ја имаш
НЕ ЗМЕАТ ДА НЕ ТИ ИЗДАДАТ ДОЗВОЛА - која важи за ревирот на тој концесионер каде си уплатил
а ако тој концесионер има договор со некои други здружениа и концесионери и ако сакаш твојата дозвола да ти важи и на тие места се зачленуваш во тоа здружение и уплаќаш пари за членска (секој можи да биде член на повеке здружениа- ако се работи за невладини и непрофитабилни)