Еве почна по медиумите...
Датум: 09.11.2012, 17:40
РИБАРИТЕ ЗАЧУДЕНИ ОД ОДЛУKАТА НА СУДОТ
ЕВН виновна за помор на риба, но не мора да плати
Од македонската риболовна федерација велат дека за Судот не е спорна вината на ЕВН, ниту висината на штетата од 50.000 евра, но и покрај тоа, виновникот е ослободен од обврската да плати надомест
Соња Христовска
Македонската риболовна федерација и партијата ДОМ бараат одговорност и казна за најголемиот помор на риби во Треска и во Вардар од 2007 година, по судската пресуда со која се отфрла тужбата на рибарите кон „ЕВН Македонија“ за надомест на штетата врз рибниот фонд. Велат дека е несфатливо при утврдена одговорност и штета, да не се бара надомест од виновникот за поморот на 40 тони риба.
Македонската риболовна федерација, како оштетена страна, по поморот поднесе тужба против ЕВН, чии служби, според рибарите, нестручно го исчистиле езерото Матка и испуштиле големо количество тиња во реките, поради што рибите се задушиле. Велат дека судијката по неколкугодишна постапка, на крајот само ја прочитала пресудата со која ЕВН е посочена како виновник за поморот без да образложи зошто нема казна.
- Таа едноставно изјави дека пресудата ќе ја достави до тужителите во писмена форма. Одлуката е вџашувачка и чудна затоа што судијката објасни дека не го оспорува делото, ниту процената, туку едноставно го ослободува сторителот од одговорност и од обврска да плати за причинетото дело. За Судот не е спорно дека имало помор на над 40 тони риба, ниту процената од вештаците дека штетата е 50.000 евра. За Судот е спорна само наплатата, односно казната. Иако во судската постапка беше докажано дека ЕВН со испуштањето на темелниот испуст на акумулацијата Матка предизвика стравотен помор на рибите во реките Треска и во Вардар, немало потреба да биде казнета - велат од риболовната федерација.
Тие ќе го почекаат писменото образложение, по што ќе се жалат на Апелација.
Од ЕВН велат дека немаат коментар додека трае судскиот процес и додаваат дека се компанија која многу внимава на заштитата на животната средина.
Во партијата ДОМ се зачудени од пресудата бидејќи сите ја констатирале штетата, за која нема правилна судска завршница.
- ДОМ нема намера да влијае врз одлуките на судската власт, но факт е дека на Треска и на Вардар им се случи ненадоместлива еколошка катастрофа, со која беше уништен рибниот фонд. Затоа некој треба да ги понесе одговорноста и последиците. Бараме повторна истражна и судска постапка за еколошката катастрофа и посериозен пристап на судските власти во сите постапки за штета врз околината. Бараме и лицата од судската власт, кои ќе работат на вакви случаи, да бидат едуцирани за еколошката проблематика - велат од ДОМ.
Според рибарите, во поморот настрадале и ендемични риби, кои веќе не се појавиле во реките.
Извор:
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... 4186C034AD