Честитки до провпласираните и им посакувам успех на СП во Португалија.
Мислам дека овие 3 тима ќе ја направат оваа репрезентација НАЈ НАЈ ЈАКА што Македонија ја има испратено на било какво првенство.
Сите 3 кола беа константни и ги поседуваа сите можни услови и секако предуслови да стигнат до победа.
Искуство, знаење, инстинкт и среќа. Се во едно!!! Секоја им чест.
Мило ми е што се случи оваа лига и мислам дека овие луѓе кои ќе одат во Португалија го заслужија.
Не само сега, го заслужија од доста тешките минати години, маки, препукувања, тужења, расправија, бојкоти.
овој форум и Рибар 2011 како здружение направија буквално се за да оваа успее.
Поминавме доста од Октомври кога ја отворив темава, многу приказни, убедувања, смеа, дружење.
Некогаш и дебати од секаков вид...но тоа е составен дел од оваа приказна и мило ми што бев актер во истата.
Ако се прашам јас, крапскиот риболов конечно мрдна од мртва точка...Од денес почнува да еволуира.
Јане, Даниел, Ицо, Пепи, Мики...тоа се луѓе кои мора да се почитуваат и сигурен сум дека ќе изгинат тие 72 саати на Монтаргил. Без компромис.
Емоциите ми се измешани, имавме бурна 50-ет часовна акција со неверојатен почеток и доста турбуленции.
Веќе не е ни битно колку удари имавме и колку откачивме итн итн....
Црничани нема да го коментирам. Кој сака, нека повели...
Езерото не сакам да го видам набрзо, но 15-ката ќе ја посетам кога ќе осетам дека сум спремен.
Може ќе звучам смешно, но како дел да оставив од себе таму.
Осакати 3 екипи во 3 кола, пустата таа 15-ка...
Жолтиот картон дали е заслужен или не е најмалку битно.
Нема компромис со правила. Судијата постапи по правилник и не навлезе во проблемот.
На почеток лошо се прифаќа, но после сфатив дека тоа е така.
Дисциплината и строго држење до правилата ќе не направи професинално и сериозно да се однесуваме.
Реално се е ново за тимот на ЦФТ Рибар...СЕ.
Димче Мајкоски е судија за пример, искрено го одработи професионално 3-тово коло.
И покрај малата конструктивна расправија, на крајот се изгушкавме.
Овие 3 кола нема да ги заборавам никогаш во животот, ова е многу лошо... но и многу добро искусена приказна.
Искуство кое ни е дооооста скапо платено и кое ќе мораме да најдеме начин да го прифатаме за да напредуваме и одиме понатаму.
Ова го кажувам од сите можни аспекти кои се составен дел од крапскиот спортски риболов.
И за крај ќе кажам само дека ќе направам се (секако до каде ми се можностите) да помогнам на колегите
да на Монтаргил излупаат задница на доста екипи кои спаѓаат во кремот на овој спорт.
Посебно овие балканските и бившите ЈУ.
Момци сакам пехар од Португал.