Ај нешто повеќе за езерото од информациите што ги добивме од прва рака.
- Лани е уловена најголемата риба на натпревар од страна на Људмил и Валери ..крап од 20,9 кг.
- Најчесто се лови до 70м. каде длабочината е од 3-5 метри. Над 70 м па се до 100+ е малтене констаната и изнесува 10м.
- Зиг Риг е често употребувана техника особено на натпревари.
- Околу прихрана и мамци нема некоја мистерија, јаде и на овошна и месна.
- Има доста крап од 1 до 4кг, земете си шеќерац.
- Секоја позиција е отворена со чистина (лево и десно има тревки, но ништо страшно)
- До Мај ќе има мапа на целото езеро за секоја позиција со длабочини до 130м. Ќе ја објавиме овде.
- Фаворитски позиции сеуште незнаеме, но мислам дека нема такви како од типот на 4-ка на Крушево или 13-ка на Мавровица.
Се очекува да има солидна фер борба.
Тоа е сега за сега, ако има нешто + ќе пишеме. Планираме посета пред купот, па ќе видиме што ќе каже подетално.