еве го актуелниот закон
Член 54
(натпревари во спортски риболов)
Спортски риболов се врши на сите риболовни води со согласност на концесионерите.
Натпреварите во спортски риболов може да се организираат само на натпреварувачки патеки, кои за таа цел ги определува и означува концесионерот согласно риболовната основа.
Натпреварите во спортски риболов се организираат врз основа на правилата кои ги пропишува федерацијата од членот 80 на овој закон и на нив учествуваат риболовци кои поседуваат спортска легитимација.
Организаторот на натпреварите во спортски риболов е должен да достави план на одржување на натпреварите најмалку 15 дена пред започнувањето на натпреварите до Министеството за земјоделство, шумарство и водостопанство, државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за млади и спорт.
Извештајот за одржаните натпревари во спортски риболов е составен дел на годишниот извештај кој го поднесува федерацијата од член 80 на овој закон.
___________________________________
Значи -
1. Црн Дрим треба прво да биде концесионер, ако не биде, тогаш треба да се добие одобрение од тој што ќе биде
2. Ако ова се крсти “Натпревар“ тогаш треба да биде според овој член и правилата кои ги смислил некој во Федерација, јас не ги имам актуелните правилата, можеби Сергеј ги има пошто ете пробувал да ги смени
3. Сите натпреварувачи треба да имаат спортски легитимации
4. Ако ова се крсти “дружење“ тогаш правнички не подлежи на овој член од законот, ама може и Бојчевски треба да каже
Ако некој сака да го смени овој член од законот, секако дека може, ама треба предлог
Еве еден смешен предлог, ама ако не се предлага нема ни да се смени
Член 54
(натпревари во спортски риболов)
Спортски риболов се врши на сите риболовни води без ничија согласност.
Натпреварите во спортски риболов може да се организираат секаде.
Натпреварите во спортски риболов се организираат врз основа на правилата кои ги пропишува форумот на
http://www.ribar.com.mk во темата “Правила за спортски риболов“, кои се напишани пример од Сергеј, Јане, Борис, Крсте, Предраг и Аки
.
Организаторот на натпреварите во спортски риболов е должен на секој натпревар да обезбеди по 1 килограм месо на скара дневно, 12, 5 флаши пиво дневно, половина кило убава ракиичка, салати, благо, и женски кои ќе ги ладат натпреварувачите.
Извештајот за одржаните натпревари во спортски риболов е составен дел од темата - спортски натпревари во МК на форумот на
http://www.ribar.com.mk