Секоја година, во некои работи, се повеќе напредуваме.
Убаво е и не може да и се замери на МРФ што размислува и се обидува нешто да смени гледајќи ги нашите резултати на меѓународни натпреварувања во последниов период.
Најдобронамерна критика навистина носи развој, но таа не се поткрепува со епитети од типот ова е глупост, кој тоа седи таму во УО, појма немаат од крапски риболов и обратно со провокации.
Секогаш ќе има некој незадоволник, дали заради календарот, дали заради кастингот ....Натпреварите сепак мора да се организираат.
Ќе се обидам порелаксирано да размислувам и да си кажам што мислам.
Промените се неопходни, тоа е очигледно. Сепак треба да има и некоја спортска логика во нив.
Паметни луѓе се адаптираат на можностите и постоечките услови. МРФ тоа се труди да го направи и респект за трудот и досегашните промени.
Досегашните пропозиции за Лигата (првите три екипи одат на СП) ја правеа интересна и најголемиот мотив за учество во нејзе беше шансата да се "заработи" место во Репрезентацијата. Со воведување на измената, четвртото дуо да биде избор на Капитенот, од една страна некако и ќе се сложам заради идејата таа екипа да биде со квалитети адаптирани на ревирот каде ќе се лови на СП. Од тоа произлегува голема веројатност таа екипа и да "влезе" во игра на самиот натпревар.
Ова со кастингов, сигурен сум дека е под големо влијание од последното СП во Италија, каде далечината одигра голема улога. Меѓутоа, со воведување на категоричен услов секое дуо да мора да има човек што ќе оди над 140 м.+, мислам дека навлегуваме во други води. Мора да имаме во предвид дека секое СП и водата на кое се одржува е приказна секоја за себе. Апсолутно точно е дека можноста да се
лови и над 130м. е потребен квалитет. Но не е одлучувачки и затоа да се постави како предуслов за одење на СП за мене е пресмело. Ете во 2015 година, според достапните информации, СП се одржува на вода каде во националната шпанска лига и другите натпревари се лови претежно на 80-90 м.
Да не заборавиме, кастингот си е посебна дисциплина, а ловењето крап има потреба и од други неопходни квалитети.
И да заклучиме, МРФ бара промени за подобар квалитет и конечно да мрднеме на табелата нагоре. Воопшто не е за замерка, тоа им е и должност. Притоа, да се обидеме, како директни учесници, да им помогнеме да се задржи правиот пат за развој, без да ја величаме и нагласуваме глупоста.
Некои стари искусни крапџии се трудат да укажат на најважната работа т.е. за Лигата 2015-та да се одбере ревир со можности за сместување и да има добри резултати. А нив ќе ги има ако има ревир за комплетно сместување во еден термин на сите екипи, ако има доволен рибен фонд за активност на тие екипи и она што се обидува да укаже
, да се определат термини кога тој рибен фонд ќе биде активен. Колку е можно и изводливо.
Сета она што го посочуваат (и се потполно во право) на неколку страници Ицо,Димитар,Кладофора околу лигата, Професоре Ти ја издвои суштината.
Единствено од моја гледна точка не би се сложил со воведот.
Ние не напредуваме секоја година во некој работи,Ние секоја година почнуваме од почеток.
Секоја година Јово на ново,а тоа пак ке кажам според мене не носи напредок,па вероватно и затоа сме на нивото на кое сме.
Еве 2015-та се работи на стаза за крапски риболов,ке се истренираат екипите за 140+.....и ш'о после?
Сите овие години наназад не се најде концепт, стратегија по која ке се работи тренира итн.
Се што се прави се прави стихијно и copy paste од Хрвати,Срби,Бугари и други величини во овој спорт.
Треба да си признаеме и да се помириме со фактот дека во ниеден сегмент, од води па до финансии па и во опрема не можеме да си ги мериме со останатите.
Ми заличува лигава како песма за евровизија,за следната год.правиме терк за хит кој победил лани..,абе ајде.
Имаме солидни крапџии нека ја остават суетата позади себе (ако можат) и нека направат СТРАТЕГИЈА, не за дотична вода, туку за наредни 2-3 год. што ке се работи и на што да се посвети внимание за оние кој се спремни да продолжат да се натпреваруваат.
_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.