www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 11:00 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 09, 2015 8:58 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
marks НапишиCOLON
Гледам постои интерес и некои размислувања околу Капитенот на Репрезентацијата. Многумина гледаат клучна улога во него и еден од основните причинители за успех(неуспех) на Репрезентацијата. Бидејќи, по сплет на околностите сум бил на 2 пати во таа улога ќе се осмелам да дадам некои видувања, па Вие надоврзете се.
Работите се поставени на две основи, два капитена (капитен и тренер). Едниот е за состаноци, комуникација, информации од кај Матиоли и состаноците на Капитените. Другиот е за на стаза, снимање, шпиунирање, пренесување на она што другите го работат во другите боксови. Искуствата (како актер во таа улога) ми наметнуваат заклучоци дека улогата на Капитенот во изборот на ТАКТИКА како ќе лови секоја од трите екипи во Репрезентацијата НЕ Е И НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ КЛУЧНА. Тој е должен да пренесе сознанија од стазата, секторот и евентуално да упати на причините за успех на некој од соседите. Според она што досега го видов на 5 СП, ниту еден Капитен не им кажува КАКО да ловат. Тоа е избор на натпреварувачите, кој се непосредно во боксот и многу подобро ги знаат карактеристиките на самата позиција. Можат да се разменат мислења, информации и Капитенот (заради искуството кое е неопходно да го има) може да ПРЕДЛОЖИ одредени постапки. Сепак, натпреварувачите во боксот (и тие не се од господ паднати, кога се квалификувале) и се (за разлика од Капитенот) нон стоп на местото на злосторот".
Некои пропагираа и градење на тактика однапред (две хранилишта, едно блиску, едно подалеку, дење таму, ноќе ваму) што по мене е илузорно. Секоја вода, секој натпревар, е приказна за себе.
За да го поткрепам сето ова ќе Ви наведам два примери за ситуации кога сме постигнале најголем успех. Ицо и Јонче на СП во Франција и Пепи и Мики на СП во Португалија. Во случајот во Франција, се се одвиваше онака како Ицо со Јонче си изградија стратегија и останаа доследни на тоа, свесни за одговорноста која ја носат. Во случајот со Пепи и Мики во Португалија, сите околу нив "цепаа" на голема далечина, па дури и еден Бојан од комшилук, кога увиде што прават нашиве, се повлече на 70/80 метри.
Сакам да кажам дека и покрај силните желби за успех, не лежи паричката во умот на Капитенот или раководството. Во овој спорт, клучни се оние во боксот. Неколку пати сум се обидел да наметнам сознание дека во овој спорт има фактори кои не се под наша контрола. Ете Ви и за тоа пример во бронзениот медал на Тони Дуката и Сашо Атанасов во Италија. Две рипчиња и крај. Со некои работи мораме да се помириме, а не да удираме со дрва и камења по натпреварувачите и логистиката.
Секој натпреварувач е посебен свет. ТРЕБА да фрла и далеку, треба да знае да маркира, треба да биде прецизен и издржлив, но ако го нема инстинктот и ксметот џабе е. Искуството од доживени вакви ситуации, само по себе е најбитниот фактор.
НО, некогаш и тоа не помага. Некогаш не е ни до Капитенот, ни до натпреварувачите, ни до целата логистика.
И уште една работа оклу логистиката. Ниту Хрвати, ниту ЈАР-овци, ниту Срби, ниту Англичани, во преден план не се ангажираат за да уловат тактика и да ја пренесат и да ја применат кај своите момци. Не им е тоа примарно. Сите се доволно писмени и искусни самите да дојдат до заклучоци, посебно заради неидентичноста на позициите. Претежно, пазат некој да не украде излаже при мерење, риба да им се донесе, да не се прекршат правилата.Некои и на дрва дежураа (Франција), кога домаќините крапче од 900 грама го пишаа 9 кгр. :D
Поддршка од А до Ш...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 09, 2015 11:26 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Bas poradi ova sto si go napisal i pisuvav.Site sto napravile uspeh sto si gi imenuval imaat instinkt i dolgogodisno iskustvo vo natprevari niz cela jugoslavija,da nezboram za makedonija koga imase i 10 kupovi godishno.

koe iskustvo da nekazam vroden instinkt go imaat segasnite novi generacii.Im treba itekako pomos.Nikoj nevika deka neznaat da fakaat(da neznaele nema da se plasirale),ama ima golem udel psihicki moment od neiskustvo a ne od neznaenje.
Drugo prasanje ako gleda kapitenot dva dena nema rezultati dali ke smeni eden-dvajca od ekipa ili ke kuti kako na setanje da otisol zosto ovoj bil onoj ili na nekomu??? ili pak ke gi vadi od box kako sto gi vadat hrvatite i srbite(primeri od porano kolku sakas)
Koj odlucuva za sve,kako lani luge sto nemaat ni 10% iskustvo od natprevaruvacite????

izgleda kako porano sto bese sekoj tim so svoja taktika i svoi pravila vo boxot najdobro.

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jун 10, 2015 9:20 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Имаме актери и за оваа улога. Не е коректно да се манипулира со имиња но ќе ги познаеме по карактеристиките....
Има еден кој во моментов е најдоброто решение од аспект што го има и искуството и е директно насочен кон одговорноста на стаза. Има високо чувство на одговорност, но не е серт па да пресекува и функционира со помош од страна (бара потврда на сопствените ставови). Избегнува конфликти, но со добра подршка од сите, најблиску е до изнаоѓање решенија токму во ловењето. Да не се лажеме, немаме традиција капитенот да пресекува и менува екипи. Тоа до сега не се случило ниту еднаш. Тенки сме и во почитувањето авторитети, особено помеѓу нас, крапџиите. Премногу сме суетни. Сите.
Сепак, доколку тргне со улов, работите се редат и се се насочува кон дуото кое има најмалку улов или е без него.
Кој и да се пласира, кој и да биде на стаза во Шпанија, треба и ксмет, но требаат и две основни работи:
Првата е основниот проблем кај нас, а тоа е изборот на мамци и прихрана според водата и рибите. Секогаш сме кобуреле со ова. Добрите информации треба да не насочат кон овој избор.
Втората е изборот на хранилишта и ловни места и секако техниката на ловење. Тука на сцена е капитенот, но во договор со самите актери во боксот, размена на мислења и конечен ДОГОВОР за делувањето.
Воопшто не заостануваме ниту од Хрвати ниту од други репрезентации во однос на работа, издржливост, воља и рутини.
Тука е најбитната задача на капитенот, да поттурнува, да мобилизира, да куражи и мотивира.
Резултатот, за нас драгоцен, треба да биде последица од добра организација, вредна работа и почитување на договореното и позитивната атмосфера.
Да се разбереме, има искусни крапџии кои би биле одлични капитени. Но, некои се отргнати од целава приказна, некои се со претерано големи обврски но и некои кои на целава работа не гледаат со претерана сериозност.
Ова онака, како размислување.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jун 10, 2015 10:00 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
ne e taka Dule :D mislam deka MURINJO I GVARDIOLA da stojat pozadi maxsim i pozadi tebe - ne pomagaat :lol:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jун 10, 2015 11:39 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Така е зајак. Импонира оваа твојава желба да омаловажиш секого. Затоа и ќе бидеш сериозно почитуван. Добро е што се повеќе луѓе те сфаќаат.

Ја знаеш онаа за вистината?

Може да ме лажеш мене НЕКОЕ време
Може да ги лажеш сите НЕКОЕ време
Можеш да ме лажеш мене ЦЕЛО време
НО, не можеш да ги лажеш сите ЦЕЛО време.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jун 10, 2015 12:02 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
ico baits НапишиCOLON
ne e taka Dule :D mislam deka MURINJO I GVARDIOLA da stojat pozadi maxsim i pozadi tebe - ne pomagaat :lol:
Затоа викендов, ако воопшто отидеш на Гумење, ќе завршиш последен :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jун 10, 2015 1:28 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 17, 2011 10:37 pm
МислењаCOLON1136
ЛокацијаCOLONСкопје
ico baits НапишиCOLON
ne e taka Dule :D mislam deka MURINJO I GVARDIOLA da stojat pozadi maxsim i pozadi tebe - ne pomagaat :lol:
Кромпир глеј си фрижидерот, да не ти истече фреонот пак, па со кислоини да го загадуваме Крушево :mrgreen:
п.с. не ме замарај по телефон веќе, ти кажав, не ти праам бојли :mrgreen:

_________________
ZSRRK "VARDAR"


Кој си знае, си вади риба и преку манила.

Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site ! :D


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jун 10, 2015 4:17 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
Seriozno Mislam kolegi,,dule tie finti ne palat : :lol:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jун 10, 2015 4:24 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Зајко, дај би пишувај како треба...те дешифрирам цело време. :head_bang:
Почна накај англиски веќе да цепаш со тоа аутокомплит на мобилниот. :lollol:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jун 10, 2015 4:24 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 17, 2011 10:37 pm
МислењаCOLON1136
ЛокацијаCOLONСкопје
Джабе 20 000 постови начука, сеуште не научи да се изразуваш :mrgreen: .

_________________
ZSRRK "VARDAR"


Кој си знае, си вади риба и преку манила.

Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site ! :D


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 19 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum