www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 20, 2024 9:33 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2122232425ELLIPSIS119»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONНед Дек 11, 2011 7:27 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
За да се зададе вистински удар на сите рибокрадци и дасе има вистински ефект тоа треба да биде со координирани акции. Имено, истовремено се удира на пазарот, на транспортот и на самата риболовна вода.
Ова нешто изминатиот период, многу успешно, го прават инспекторите на ДИЗ во координација со ДРК на МРФ. Се сузбива криминалот на пазар. Сите контроли направени во ресторани, рибарници, други продавници и пазари вроди со плод. Поднесени се ногу пријави. Многу лица и фирми се казнети, парично. Казните се многу големи. Тоа доведе да угостителите почнаа да ги одбиваат услугите од рибокрадците. Не им ја купуваат украдената риба. Така рибокрадците нема каде да ја продаваат рибата, а со тоа и се губи смислата од влегување во вода со мрежи. Друга екипа на ДИЗ и ДРК продолжува со активности на терен и се ловат и оние кои продолжуваат да поставуваат мрежи. Се вадат и само мрежите. Така се задава уште еден удар по џебот на крадците. Се организираат акции и на патиштата, па се спречува транспортот на украдената риба од едно на друго место.

Доколку оваа активност продолжи, а искрено се надевам дека ќе продолжи, тогаш можеби сме на прав пат кон ставање ред и сузбивање на криволовот.

Свесен сум дека оваа појава е тешко да се сузбие во целост, но барем да се сведе на подносливи размери, е првичен успех.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Дек 11, 2011 7:56 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Lepi НапишиCOLON
... не е можно во мрестилиштето „Шум“ да се одгледвит Македонска Пастрмка (Salmo Macedonicus) :!: Тоа е сливно подрачје на О.Езеро и таму не е дозволено одгледување на неавтохтон вид на Риба. Само Риби кои се Автохтони на О.Е. смеат да се одгледуваат во сливот на О.Е. во посебни мрестилишта со дозвола од надлежно то Министерство ;)
Лепи
мислам дека веќе неколку пати апелирам на тоа да не се изнесуваат полувистини и невистини. Не разбирам кој е мотивот и која е целта од ваков ваш настап.
Да не должам. Во мрестилиштето Шум е можно и се одгледува македонска пастрмка. Мрестилиштето се наоѓа во сливот на реката Црн Дрим, а не на Охридско Езеро. Нема законска одредба со која е забрането одгледување на одредени видови риби во сливот на Дрим. Во сливот на Дрим има неколку големи рибници за калифорниска пастрмка. По вашата логика треба сите да се затворат. Од друга страна самата одредба за забрана за одгледување на недомородни видови риби во сливот на Охридско Езеро е во ред, но би требало и да се дефинира и објасни оправданоста од таквата одредба.

Основното прашање кое подолго време се поставува е: Зошто е воведена таа забрана? Второто е дали е оправдана? И третото прашање е дали сеуште е таа одредба во функција?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Дек 11, 2011 8:07 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 1:02 am
МислењаCOLON226
ЛокацијаCOLONSTRUMICA
Vasil Kostov НапишиCOLON
Мило ми е ако се гледаат фотките. Јас гледам само линкови. Не ми успеа да ги „отворам“.

Мрежите се извадени од Дојранско Езеро, Водоча и Матка. Инаку тоа е само еден дел од запленетите мрежи во изминатите неколку месеци. Најголемиот дел од запленетите мреши веќе се во ДИЗ. Мислам дека таму веќе нема место каде да ги чуваат затоа се сеуште во просториите на МРФ.

Акциите ги изведоа членовите на ДРК и инспектори од ДИЗ. Ова е само доказ дека ако некој сака да ја сработи работата и да извади мрежи, тоа може да го направи. Ова може да го направи секое здружение, во соработка со инспектор од ДИЗ или службено лице од МВР. Тоа се институциите кои и официјално имаат овластување и обврска да чуваат, да вадат мрежи и да пишуваат пријави за извадените мрежи.
Еве малку помош околу сликите:
01.[ img ]
By casperskysr at 2011-12-11
02.[ img ]
By casperskysr at 2011-12-11
03.[ img ]
By casperskysr at 2011-12-11
И продолжете така!!!


Последна промена од 1 на CASPERSKY, променето е 0 пати

Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Дек 11, 2011 8:08 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Браво за акциите ;) и следно нека е палење ;) на мрежите.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Дек 11, 2011 8:22 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Poliz НапишиCOLON
Браво за акциите ;) и следно нека е палење ;) на мрежите.
и јас сакам да видам како горат,бидејќи како да бидам сигурен дека во толкава институција немате крт,па мрежите повторно да се најдат во вода :) ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Дек 11, 2011 9:25 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Tasma НапишиCOLON
Tasma sum zatoa sto ve prasuvam i ke odgovaram gol bez rakavici.

Gledam deka navistina nekoj ne gi poznava osnovnite prava sto gi imame spored Zakonite.

Arkan imase pogolemo pravo da gi brani srbite , no bese paravoena formacija.

Toa li sakate da go postigneme . Si ima institucii i klubovi koi preku ribocuvari koga ke zemat koncesija navistina treba da go zastitat ribniot fond ako ostanalo nesto od nego. A ne so at hok akcii kako predlagaat nekoi clenovi. No tuka e Vasko ke poribi so toni od neproveren kvalitet na riba, toku i tolku pari . Ako sakas , a moras imas dogovor za sorabotka a i te obvrzal so ribolovnite osnovi. BIZNISS vrz grbot na ribarite. Za nekoja godina moze ke gi dodelat i drugite koncesii i tamu op povtorno Vasil go spasuva ribniot fond.

Na Vardar gospodine ICO sekoja vecer od Pcinja do Demir Kapija vlecat mrezi so kajcinja , mislev ti od Veles so golemi m.dinja imas pravo i mozes da gi sprecis a ne sakas.
Ова со паравоена формација од кај ми е познато, мислам дека некој го пиша при нашите првични акции на кои некој им се измеваше.....хмммм

Точно е си има институции и клубови, ама колку сите тие си ја вршат работата, или пак подобро кажано колку имаат можност добро да ја завршат работата? Сите знаеме какви ни се водите така да одговорите на овие прашања не се баш во позитивен контекст, така што добро е понекогаш да има и некој волонтер, активист, или како сакате (паравоена формација) која што може да ги помогне и институциите и клубовите. Пр. во Петокот накај 12 имаше акција на Матка во рестораните, каде што во еден ресоран се нашле и пастрмки и мрежи по што газдата чатал ги избркал и инспекторите и од мрф и си го затворил ресторанот, а се противел и на полиција. И покрај бројно присуство на полиција, инспектор и налог за влегување внатре, сепак до 22.30 не беше влезено во ресторанот се додека лично не се завземав и свртив неколку телефони, по што беше влезено во ресторанот и беше фатено тоа што беше фатено и како што знам газдата освен прекршочна и кривилна добил. Значи сепак добро е понекогаш да има по некој кој ќе ги помогне процесите.

За Васко кога ќе порибува, без гајле и он не е имун на инспекции, ќе се видиме на лице место, тоа му е кажано и лично и вака јавно.

Трето концесиите за акумулациите нема да бидат за неколку години, туку наскоро, само што жал ми е што шириш така дефитистичка и песимистичка енергија.

Четврто за она што го пиша на Вардар, би те замолил да ми пишеш на ПП и да ми кажеш каде и кој го прави тоа, ти ветувам јас ќе бидам во првите редови на акцијата за фаќање на рибокрадците, во спротивно моабетот или тие празен, или и ти штитиш некого, или немаш искрени намери да направиш нешто добро за рибарите


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Дек 11, 2011 10:14 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
Vasil Kostov НапишиCOLON
Lepi НапишиCOLON
... не е можно во мрестилиштето „Шум“ да се одгледвит Македонска Пастрмка (Salmo Macedonicus) :!: Тоа е сливно подрачје на О.Езеро и таму не е дозволено одгледување на неавтохтон вид на Риба. Само Риби кои се Автохтони на О.Е. смеат да се одгледуваат во сливот на О.Е. во посебни мрестилишта со дозвола од надлежно то Министерство ;)
Лепи
мислам дека веќе неколку пати апелирам на тоа да не се изнесуваат полувистини и невистини. Не разбирам кој е мотивот и која е целта од ваков ваш настап.
Да не должам. Во мрестилиштето Шум е можно и се одгледува македонска пастрмка. Мрестилиштето се наоѓа во сливот на реката Црн Дрим, а не на Охридско Езеро. Нема законска одредба со која е забрането одгледување на одредени видови риби во сливот на Дрим. Во сливот на Дрим има неколку големи рибници за калифорниска пастрмка. По вашата логика треба сите да се затворат. Од друга страна самата одредба за забрана за одгледување на недомородни видови риби во сливот на Охридско Езеро е во ред, но би требало и да се дефинира и објасни оправданоста од таквата одредба.

Основното прашање кое подолго време се поставува е: Зошто е воведена таа забрана? Второто е дали е оправдана? И третото прашање е дали сеуште е таа одредба во функција?
... Васил, јас честопати имам контактирано со ХБЗО и со Шум, имам помагано во транспорт и порибување со О. Пастрмка и на многупати го имам слушано од надлежните таму дека тоа е така како што го изнесов. Неубо можда напишав и се свати дека јас тоа го тврдам, ама тоа е моето познавање на работите за Охридскиов реон. Дали е ОК или Не, не смеам да тврдам но по законот не смее да се размножува вода со неавтохтона риба од повеќе причини. Сепак глобочичко Езеро преку дримот се поврзани директно со О.Е. и постои голема опасност од влегување на „несакани“ риби во О.Е.

А за Охридско Езеро јас сум голем поборник да не се пориби со друг вид на риба освен таа што е со многу години тука и што е О.Е. по О.Пастрмка препознатливо. Знам и тоа дека многу риби се донесени во О.Е. како на пример крапот, малото амурче а моментално се носи Јагула на која веќе 40тина години и е прекинат приодниот мрест. Но се сложвам со тебе за тоа да се преиспитаат некои одредби и забрани, но пред се да се уништи рибокрадството ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 12, 2011 12:00 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 8:49 am
МислењаCOLON42
ЛокацијаCOLONStrumica
Сакам да прашам во врска со легитимациите... Има луге кои одат секоја недела на риболов, а има и кои одат два пати годишно. Ме интересира што се случува со тие што одат два пати во годината, мислам дека е многу да плусни некој 400 денари и плус дневна дозвола од 100 или 200 денари а оди само два пати во годината. Нели може да се направи некој сезонска (пример од 1 јуни до 1 сеп/окт) која ќе се издава на лице место кога се наплаќа дневната дозвола??


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 12, 2011 12:01 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Atanasovski НапишиCOLON
Tasma НапишиCOLON
Gospodine Atanasovski, kaj Vas pisuva lokacija Helsingborg. Tek sega doznavam zosto ima malku ribokradci vo Svedska, ne znaev deka vie i vasata druzina ste gi sobrale mrezite , ulovile ribokradcite i toa pred ocite na policijata i komunalec. Neznaev deka vo Svedska e dozvoleno koj saka i kako saka da postavuva red i mir po svoi Zakoni. A za m.dinjata na Ico ne se sekiraj , Ico ima napraveno tolku grev na akumulacijata Mladost sto samite velesani ke mu gi skinat. Kako najgolem zastitnik na riben fond poslednive nekolku godini ima uloveno mnogu kapitalci (krapovi), i kako vo site normalni zemji namesto da se fotografira i da gi vrati vo voda toj gi prodava na pazar. Za prodavanje ulovena riba na pazar predvidena e kazna do 2500 evra.
Ne e poradi mene Tasma. Ovde Sherifot i negovite kaubojci si ja vrsat rabotata, pa ja na mojte indijanci morav da gi pratam na prinuden ;) Sto ne e slucaj i so nasite sherifi, pa na nasive indijanci im doslo preku perduv.
Eve ti Tasma, ako gi citas i poslednive nekolku stranici, ke ti bide jasen i mojot komentar, i mojata reakcija .

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Дек 12, 2011 1:05 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Темата е расчистена и отклучена. Најголем дел од коментарите се префрлени во Борба со рибокрадци. Ве молам да се држиме до темата, зашто немаме одвишок време за префрлање купишта коментари, следното одма идат на X


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2122232425ELLIPSIS119»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum