И да изгласате мораториум за што не сум сигурен, не гледам фер форма преку која тие пари би се инвестирале. Еве да речеме дека има мораториум и 70.000 евра остануваат за такво нешто. Се отвараат прашањата и тепачките
Каде да се инвестираат и на која вода, кај кој концесионер, МРФ неможе да биде концесионер, значи треба кај некој концесионер да му се наросат очите и да му се поклонат 70.000 евра инвестиција, тука автоматски ќе започне тепачка каде тоа да би било, на кое езеро, на која река и по кој критериум би се донела одлуката. На крајот на краиштата и да се најде некаква солуција прашање е колкав ќе биде ефектот од аспект на рибен фонд, колку и дали ќе се чува и дали тоа нема да бидат пари фрлени во празно, односно рибите да ги изедат мештаните и рибарите кои риболоват таму. Според сегашнава ситуација на терен јас не гледам некоја вода која е така чувана.
МОже да се постават критериуми,пристапност,стаза,големина,моментален рибен фонд итн се што е потребно за таков тип на вода,каков што се бара. Ќе се распише јавен оглас каде учестуват концесионери. Ќе мора да достават и гарнции дека ќе испочитува договореното. Ќе има контроли и ако нешто не е као што треба да се активираат тие гаранции,враќње на парите и плус казна одземање на коцесија. Сепак не се шала 60-70.000 еу. Има начин,само треба добро да се смисли.