Sto ima vrska brojot na jadicite edna ili dve,si ima propisano max dozvolena kolicina na ulov do 3-4kg na riba dnevno.Ova treba da se kontrolira pa neka lovi posle i na 5jadici.
На прв поглед нема никаква врска,меѓутоа кога рибата е групирана во јата за мрестење има голема врска кога се ставаат големи јадици,самата риба се вплеткува во нив,колку повеќе јадици толку повеќе вплеткувања,сецкањето со врвот на трската е се почесто и преминува во недозволено сецкање,но со две легитимни јадици. Втората јадица која е доста голема над 8, се врзува на второ конче кое слободно се движи во водата и сега може да си замислиме што се случува.Ако не сме присутни на масакрот ќе следи предходната констатација на колегата.Овој предлог не е паушален колку нешто да се предложи,овој предлог е од долгогодишно набљудување што се случува на терен,ако цврсто спиеме немаат врска јадиците.Овој предлог е да се делува превентивно за несовесните риболовци.Ако се прочита внимателно текстот од предлогот во него е опфатено и ова мое второ објаснување.Контрола нема за количина на улов,што е основна причина за дивеење на несовесни риболовци.Сакам да кажам дека има голема врска бројот на јадици кои се со големина на куки кои се во јато на мрест.