може ли некој подетални информации како колку кг храна боила,пченка итн и слично,колку е одприлика трошок грубо за да се пресметаме бидејки мора уште од сега да се планира.
На Сарулешти боилите и прихраната никогаш не се доста но треба да се има граница
Последното одење решив да се концентрираме при улов на малку поголеми риби, да пробаме да не ги навлекуваме амурите на хранилиште затоа што ако дојдат нема одмор, напаст невидена.
Бидејки имаме фактички 6 дена за ловење мене ми се доста 5кг боили на ден на моите три трски + по исто толку на колегата кој оди со мене.
Количината се зголемува пропорционално со бројот на риболовците во група.
Пченката обавезно треба да е третирана, на последното одење мислам дека немавме повеке од десетина килограми повеке сварено и едно 5 кг. коноп
Обавезно носам една врека од 25кг. покрупни пелети
Како прихранувам
Откога ке го прегледаме местото со сонар ставаме два до четири маркера, прихрануваме малку по обилно, развлекуваме по две трски едновремено
Понатака при секое ново развлекување и спуштање на мамецот на тоа место фрлам едно две раце боили и малку ситна прихрана
Ловиме со конец 0,35, носам и подебел, досега не сум имал потреба да го користам
Олова грипи 140гр или 160. Јас ловам со 140гр
Километрите ви ги напишав, колку гориво ке потрошите зависи од колата.
Попатни трошкови ви се винетка за Бугарија, патарина на Дунав Мост и винетка за Романија
Во целата инвестиција ова е занемарливо, не повеке од 20ЕУ
За јадење и пиење немојте да носите за цела недела, таму имате продавници одлично снабдени со нормални цени, земете си ситни евра или ако можете леи уште подобро.
Ако не сакате да носите чамец можете да изнајмите на езерото, 50ЕУ за една недела, можете да изнајмите и кревети или шатор.
Чамците се големи но веслата се уште поголеми
и убаво е ако имате мотор да го понесете.
Тоа се сетив, ако некој нешто друго го интересира нека праша!