Денес средував некои документи за еден случај, па си реков дека не е лошо да го има и на форумов. Толку повеќе што многу често се спомнува дека нема судски завршници.
Можеби ќе излезе некоја корисна критика со што би биле поефикасни во работењето, а можеби и некому ќе му послужи за да корегира нешто во своето работење.
Сеедно, нека има еден пример од документација за тоа како ние од ЗРСК Пастрмка ги водиме судските постапки против рибокрадци.
По направена контрола и затекнато лице со недозволен риболовен алат, концесионерот пишува Службена белешка
и барање за покренување прекршочна постапка против сторителот
По доставувањето на овие документи, Инспекторот одлучува дали има или нема доволно доказен матерјал за покренување постапка. Доколку има, Инспекторот поднесува пријава. Доколку нема, рибочуварската служба не си ја завршила добро работата. Еве да речиме дека има доволно докази и се покренува постапка.
Доколку судот го осуди обвинетиот, тогаш сме ја завршиле нашата работа. Но, доколку добиеме ваква пресуда
веднаш мора да се реагира со жалба
Со овој случај до овде ни е работата, а до сега еднаш сме се жалеле во Апелација и таму го добивме случајот.
ПС. Се надевам дека ја погодив резолуцијата и ќе се читаат документиве.