www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 10, 2024 4:22 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS34567»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 26, 2012 9:51 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Eve vi sliki od mene.... 1,2,3 skarajte se

[ img ]


[ img ]

Samo nekoj ubav teksts da iskucam na vas izgleda tolku vi treba :filip:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 26, 2012 10:26 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Не разбирам што сакаш да докажеш со ова?

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 26, 2012 10:28 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
сака да каже дека може да не дупи кој како сака со сликички од интернет :oops:

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 26, 2012 10:47 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Taka e ТафТабиТ.
Od kaj bi znaele dali moite sliki se vistinski ili ne ? Facata na covekot ne se poznava takvi trski ima na najmalce 100000 lokacii vo Makedonija.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 26, 2012 10:53 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
ја разгледав целата тема и доста видов а и доста мислења прочитав

а нај реално ми се виде еве ова :arrow: viewtopic.php?p=99684#p99684

сега сите мислења во кои има прекршување на правилата на форумот :spiro: :foottap: , а личностите нека се преиспитаат ЗОШТО

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 27, 2012 1:35 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
filip030682 НапишиCOLON
Samo ne mi e jasno zosto pak emil.matoski se najde povreden sto nekoj anonimno otkriva sto se pravi po ohridsko/struskiot region
Концесионери на повеќето риболовни ревири во МК се ЗДРУЖЕНИЈА НА РИБОЛОВЦИ.
Што значи ова?
Ова значи дека риболовците се здружуваат за да заштитуваат, порибуваат, спортуваат, рекреираат... на некоја река, акумулација, езеро.
Кој профитира од сето ова?
Профитираат самите риболовци, нормално ако се задоволни од сработеното.
Парите што се собираат во тие здруженија се трошат за плата на рибочуварите, порибување и други работи пропишани во Закон, НИКАКО за плата на членовите од управните одбори.
Кога веќе спомнав управен одбор, што значи тоа?
Управен одбор се неколку луѓе избрани од страна на членовите на тоа здружение кои треба да управуваат со здружението, во случајов со концесионерот. Никој од нив не зема плата. Сите тие се ВОЛОНТЕРИ. Ако не ја работат работата како што треба, можат и мораат да бидат сменети.
Што работат тие кога е заштитата на ревирите во прашање?
Еве јас ќе кажам за мене. Оваа 2012 година на терен сум излегол заедно со рибочуварот повеќе од 50 пати. За ова не земам никаков паричен надоместок, туку ТРОШАМ СОПСТВЕНИ ПАРИ за кафе, сок, доручек, ручек ... најмалку по 200 - 300 ден. од секое излегување. Неважно, ми причинува задоволство да присуствувам на тие контроли и акции затоа што знам дека тоа го правам пред се за мое, но и за доброто на останатите риболовци.
Да ги оставиме парите настрана. Дали на тие контроли и акции треба да одам маскиран? За да не ме препознаат рибокрадците или риболовците кои не сакаат да извадат дозволи. Можеби треба за да се заштитам од расправии и закани, но не се маскирам. Не се срамам и не се плашам да им кажам на несовесните риболовци и на рибокрадците дека треба да се почитува законот и точка. Но кој сум јас за да го спроведувам законот? Јас сум обичен риболовец кој сака ред на водите, ништо друго. Јас сум исто што и Carp fishermen. Разликата е во тоа што јас сакам да ги менувам работите и работам на тоа, а некој сака само да кажува што нечини и да чека друг да ги решава проблемите, а згора на се уште ќе поставува гатанки и слично, па погодете кој беше. Да ти пукне душата, и уште борец против рибокрадци. Па излези прво од подкревет, или каде се криеш, не за друго за да можеш полесно да се удираш во гради. Добро што Carp fishermen не ја исекол сликата како сложувалка па да требаше да ја составуваме. Што е најинтересно, не знаеме ни од каде е рибата. Наместо да соработува со концесионерот за негово добро, тој објавува цензурирани слики и се удира по гради дека се бори за заштита на рибите. И, да ја објави сликата без цензура, што би направиле? Само би поверувале дека Carp fishermen е сериозен човек и загрижен за рибниот фонд, а сите на форумов само ќе констатиравме дека од оваа слика нема доказ за судење, ама позитивно е што човекот од сликата ќе беше држен на око за да не го повтори делото.
Јас сум претседател на концесионерот на „риболовен ревир река Црн Дрим 1“. Мислите дека ова е некоја висока функција ако немате други луѓе, пред се од риболовците, кои ќе застанат зад вас ?!?! Оваа 2012 година, ЗРСК Пастрмка - Струга во најтесна соработка со инспекторот Јован, има поднесено точно 12 пријави за незаконски риболов. Во сите пријави, освен во 2 каде што фигурира само рибочуварот Танче, како сведоци се наведени Емил и Јован. Што значи ова? Ова значи дека Емил и Јован не се скриле зад некои маски и излегле на терен, се расправале со некои битанги, обезбедиле матерјални докази или фото матерјали и на крај се појавуваат да сведочат на суд каде уште еднаш треба да се сретнат лице во лице со битангите. Во меѓувреме, бидеќи сме мал град, се јавуваат роднини и пријатели за да не молат да не пишуваме пријави, па кога нема да им помине зборот се лутат и така до недоглед.
Што доколку во вакви акции, заедно со рибочуварот и инспекторот, се вклучат и други риболовци?
Ќе имаме многу подобра заштита на рибите, а со тоа и многу подобар ревир.
Што добивам јас од целава оваа работа?
Нервоза. Кавги. Намален буџет....
Парите што можеле да завршат за риболовна опрема или за добар риболовен излет сум ги потрошил на терен за кавги со битанги, за разлика од некој друг што ќе се удира по гради дека е заштиткик на рибите, а од друга страна само трската во рака и што е можно повеќе да се улови.
Вистински многу непријатели се стекнуваат на терен, но и пријатели. На секои 10 битанги што ќе ти постанат непријатели ќе добиеш 1 пријател. Тој еден пријател мене лично ми е многу поважен од другите 10.
Добивам полна душа кога ќе дознам дека некој од пријавените е осуден и дека повеќе нема да ни претставува проблем.
Срцето ми расти кога ќе видам едно чудо риболовци нареден на Црн Дрим и сите задоволни од уловот и од направениот кејф, без никој да ги ремети во уживањето.

Читаќи го ова, човек ќе рече „браво Емил, па кај вас е се совршено. нема рибокрадство, нема проблеми, се е под контрола“ или „или Емил е луд, или мисли дека ние сме луди и го веруваме дека се е под контрола“.
Не пријатели, не е се под контрола во ниту еден ревир во МК, а не сме исклучок ниту ние во Струга. Државава не ни е под контрола што остана за риболовните ревир, туку ај ...
Има многу проблеми за решавање, а и треба луѓе за тоа. Луѓе за работа, а не за криење.
Оставете гатанки и сложувалки. Оставете ги луѓето што сакаат само да подбуцнуваат, да гледаат сеир и да се кријат зад борбата против рибокрадци. Секој што сака и може нека даде конкретен придонес во борбата, а тој што не може и не сака - нека не смета.
„Тежок бој не чека, а ние сме малку. Само една чета“

Филип, со бројките, мислам дека ќе ме разбериш зошто ми се појави алергија на муабетот од Carp fishermen?

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 27, 2012 1:45 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Мислам дека овој текст треба да оди на насловна страна на ribar.com.mk како дневна колумна со наслов.

Доколку се согласи Емил.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 27, 2012 1:53 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Нема потреба.
Ако се чита само ова без да се прочитаат други работи што се кажани овде и во други теми, јас сум тој што ќе звучи како да се удирам по гради и да кажувам дека без мене ќе нема ниту едно рибче во водите низ МК.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 27, 2012 1:55 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Не го гледам така, го гледам како осврт на еден обичен рибочувар/концесионер во борба против неправдата и штетата која се носи врз природните богатства.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 27, 2012 8:56 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Многу си го сакам овој Емил, плус не е охриѓанец :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS34567»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum