Rade Rusevski НапишиCOLON |
Иако често се приклучувам на форумот, оваа тема не ја видов. Еве денеска ја пролистав и ги прочитав текстовите.
Драги мои колеги рибари, Вие ве уверувам, немате воопшто претстава за димензијата на овој процес кој се одвива веќе прилично долго.
Во МРФ се приклучив пред и се заради порибувањата. Некаде 2005-6 ми се смачи веќе, ова обаво хоби да ми биде измачување. Крапџија сум, и ќе ме разберете, значи целокупната припрема, енергијата, времето, коначно и парите, па долгите патувања, и каде и да одите сте гостин и тоа најчесто непожеле. Шетајќи се по кејот на Вардар, во Карпош4 до парк, се зареков дека ќе направам се што можам, 10 тона по можност крап да влезе во Скопје, како би можеле ние скопјаните да со помалку мака и слично на другите колеги од државата, да уживаме во хобито во реткото слободно време. Следното што се случи беше донацијата на подмладок крап од малото езерце кај кафаната Езерце, кое ни го поклони тогашниот сопственик Таше. Прекрасен подмладок, беше изловуван преку натпревари, купови и на крајот со специјален риболовен алат, и целиот речиси без и едно угинато рипче беше префрлен во Вардар. Екипата ентузијасти заедно со канистерот, ја гледате на почетните фотографии. Локациите тогаш беа неколку пунктови во град Скопје, почнувајќи од кај Имес до Камени мост. Ова се случуваше 2007.
Наредната година се чистеа сите езерца во паркот. По записници на земјоделската инспекција се ако не грешам,
7,5 тона. Не сте виделе толку подмладок!!!!! Земав 5 дена од одмор и бев речиси секој ден во езерцата. Истата екипа ентузијасти ги газеја езерцата и ја изловуваа рибата. Јас, искрено, помалку ја изловував, но затоа одев со возилата на местата за порибување, кои беа 15: од составот на Треска во Вардар, па до Пчиња. Толку на пример клен со големина од 1-3 кг матици спремни за мрест, ве уверувам не сте виделе. Моја слободна проценка е дека тогаш во Вардар влезе над 1,5 тона клен, а многу од нив беа вистински капиталци.
Иако сум крапџија, сепак сум рибар првенствено, и како што можете да видите, учествував и во порибувања со македонската пастрмка, јагула и др. риби.
Коначно, драго ми е што се отвори оваа тема, спремите се да гледате слики и клипови подолго време.
ПС! а дали сте чуле за пастрмки фатени во Вардар во Шишево, Карпош 3, кајакарската стаза од 5кг и малку поголеми???
Колега Раде можеби некој не памти,но јас добро го паметам тој период,во тоа време постоеа 2,3 места на кои се задржа крапот,кој го изловуваа како бојник на леб,црни,пченка дури и на скапана трева,најдобри беа двајца наши колеги кои дневно вадеа по 4-5 па и повеќе шарани од 4кг нагоре,го ловеа во најголема тајност.Во тој период ретко имаше рибари на Вардар,покасно ни ја открија тајната кога од шаранот немаче ниту ш.Се вадеа и матици од 10 кг.А кленовите ги открив од сопствено искуство на каскада Лепенец,на бел црв кленови како на Дебарско,од 10 закачени вадев 2,3 поради висина на каскадата со подигање се откачуваа.значи кленови од 1 кг нагоре.Сепак,кратко траеше,мене ми е јасно зошто,еве како познавач на порибување на риба со тони,ако сакаш да објасниш што е причина за губење на оваа риба,што се случува со неа,дали не треба да се преземат други мерки пред да се пушти риба со тони за порибување?Што е со нејзиното живеалиште,нејзините мрестилишта,премногу кратко трае ефектот од порибувањето т.е. рибата не е врзана со јаже па ако сме порибиле рибата ќе се задржи на тоа место,во пракса гледаме дека скоро да нема ефект од порибувањето,водите се без риба,дали енергијата не треба да ја насочиме во друг правец а подоцна да порибиме за да има поголем ефект,може да се отепаме од сликање со риби за порибување а крајниот ефект да биде 0, ако работите не ги поставиме според приоритетот.Имав предходен коментар ама изгледа не си го прочитал зафатен од еуфорија на порибување,врати се назад па прочитај внимателно,тоа се коментари од искуство,директно од терен,можат да ви користат во иднина.На крај,како заклучок премногу труд,премногу ангажман околу порибувањето,со краен ефект на терен поразителен,краткотраен,енергијата да ја насочиме кон обезбедување на живеалиште и мрестилиште на рибата која се порибува пред да се пушти во река, инаку јалова ќе ни биде работата и понатака реките ќе бидат без живот без мрест,иако порибуваме со тони.