Иако често се приклучувам на форумот, оваа тема не ја видов. Еве денеска ја пролистав и ги прочитав текстовите.
Драги мои колеги рибари, Вие ве уверувам, немате воопшто претстава за димензијата на овој процес кој се одвива веќе прилично долго.
Во МРФ се приклучив пред и се заради порибувањата. Некаде 2005-6 ми се смачи веќе, ова обаво хоби да ми биде измачување. Крапџија сум, и ќе ме разберете, значи целокупната припрема, енергијата, времето, коначно и парите, па долгите патувања, и каде и да одите сте гостин и тоа најчесто непожеле. Шетајќи се по кејот на Вардар, во Карпош4 до парк, се зареков дека ќе направам се што можам, 10 тона по можност крап да влезе во Скопје, како би можеле ние скопјаните да со помалку мака и слично на другите колеги од државата, да уживаме во хобито во реткото слободно време. Следното што се случи беше донацијата на подмладок крап од малото езерце кај кафаната Езерце, кое ни го поклони тогашниот сопственик Таше. Прекрасен подмладок, беше изловуван преку натпревари, купови и на крајот со специјален риболовен алат, и целиот речиси без и едно угинато рипче беше префрлен во Вардар. Екипата ентузијасти заедно со канистерот, ја гледате на почетните фотографии. Локациите тогаш беа неколку пунктови во град Скопје, почнувајќи од кај Имес до Камени мост. Ова се случуваше 2007.
Наредната година се чистеа сите езерца во паркот. По записници на земјоделската инспекција се ако не грешам,
7,5 тона. Не сте виделе толку подмладок!!!!! Земав 5 дена од одмор и бев речиси секој ден во езерцата. Истата екипа ентузијасти ги газеја езерцата и ја изловуваа рибата. Јас, искрено, помалку ја изловував, но затоа одев со возилата на местата за порибување, кои беа 15: од составот на Треска во Вардар, па до Пчиња. Толку на пример клен со големина од 1-3 кг матици спремни за мрест, ве уверувам не сте виделе. Моја слободна проценка е дека тогаш во Вардар влезе над 1,5 тона клен, а многу од нив беа вистински капиталци.
Иако сум крапџија, сепак сум рибар првенствено, и како што можете да видите, учествував и во порибувања со македонската пастрмка, јагула и др. риби.
Коначно, драго ми е што се отвори оваа тема, спремите се да гледате слики и клипови подолго време.
ПС! а дали сте чуле за пастрмки фатени во Вардар во Шишево, Карпош 3, кајакарската стаза од 5кг и малку поголеми???
|