www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 2:35 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1011121314ELLIPSIS62»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 19, 2012 10:19 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
Иако често се приклучувам на форумот, оваа тема не ја видов. Еве денеска ја пролистав и ги прочитав текстовите.
Драги мои колеги рибари, Вие ве уверувам, немате воопшто претстава за димензијата на овој процес кој се одвива веќе прилично долго.
Во МРФ се приклучив пред и се заради порибувањата. Некаде 2005-6 ми се смачи веќе, ова обаво хоби да ми биде измачување. Крапџија сум, и ќе ме разберете, значи целокупната припрема, енергијата, времето, коначно и парите, па долгите патувања, и каде и да одите сте гостин и тоа најчесто непожеле. Шетајќи се по кејот на Вардар, во Карпош4 до парк, се зареков дека ќе направам се што можам, 10 тона по можност крап да влезе во Скопје, како би можеле ние скопјаните да со помалку мака и слично на другите колеги од државата, да уживаме во хобито во реткото слободно време. Следното што се случи беше донацијата на подмладок крап од малото езерце кај кафаната Езерце, кое ни го поклони тогашниот сопственик Таше. Прекрасен подмладок, беше изловуван преку натпревари, купови и на крајот со специјален риболовен алат, и целиот речиси без и едно угинато рипче беше префрлен во Вардар. Екипата ентузијасти заедно со канистерот, ја гледате на почетните фотографии. Локациите тогаш беа неколку пунктови во град Скопје, почнувајќи од кај Имес до Камени мост. Ова се случуваше 2007.
Наредната година се чистеа сите езерца во паркот. По записници на земјоделската инспекција се ако не грешам,
7,5 тона. Не сте виделе толку подмладок!!!!! Земав 5 дена од одмор и бев речиси секој ден во езерцата. Истата екипа ентузијасти ги газеја езерцата и ја изловуваа рибата. Јас, искрено, помалку ја изловував, но затоа одев со возилата на местата за порибување, кои беа 15: од составот на Треска во Вардар, па до Пчиња. Толку на пример клен со големина од 1-3 кг матици спремни за мрест, ве уверувам не сте виделе. Моја слободна проценка е дека тогаш во Вардар влезе над 1,5 тона клен, а многу од нив беа вистински капиталци.
Иако сум крапџија, сепак сум рибар првенствено, и како што можете да видите, учествував и во порибувања со македонската пастрмка, јагула и др. риби.
Коначно, драго ми е што се отвори оваа тема, спремите се да гледате слики и клипови подолго време.
ПС! а дали сте чуле за пастрмки фатени во Вардар во Шишево, Карпош 3, кајакарската стаза од 5кг и малку поголеми???


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 19, 2012 10:26 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Едно прашање, односно тоа не го разбирам. Зошто упорно Река Вардар се порибува со крап кога има толку езера низ Македонија каде што поефективно би било порибувањето ?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 19, 2012 10:30 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Почитуван г-не Русевски

за жал за на Вардар во Скопскиот дел имам слушано само за швркање со трокуки, користење на некакви си вештерки и мрежички и секаков вид на неспортски криволов :!:
Го поздравувам порибувањето , како што напишав неколку страни поназад , од фотографии со порибување ми се подраги само фотографии на пуштање на уловената риба . Но нели мислите дека конечно некој од МРФ треба малку повеќе да го притисне концесионерот на Вардар и конечно да се појави на брегот на Вардар барем во скопскиот дел ако неможе подалеку , да исконтролира што се случува , да побрка швркачи со трокуки и вештерки , да пријави во полиција и слично ...
можеме да порибуваме колку и да сакаме , ако некој не ги чува водите ... се ни е џабе :!:
ако јас како граѓанин додека се шетам со децата по кејот на Вардар , можам да видам минимум 5-6 рибокрадци ... тогаш нека се размисли малце концесионерот и нека пушти луѓе на терен затоа што нема ни Р да остане од рибите кои сте ги порибиле .

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 19, 2012 10:31 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Најверојатно само преку Река Вардар - во Скопје нема да може да се докаже колку „тони“ се порибиле. Нема друга логика Тафта.

И друга работа г-не Русевски, дали како член на комисијата за порибување вршите редовни состаноци во склоп на МРФ, односно какви се плановите за наредната 2013 година за порибување и кои беа во веќе изминатата 2012 година или што е изработено досега ?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 19, 2012 10:41 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
howitz НапишиCOLON
Најверојатно само преку Река Вардар - во Скопје нема да може да се докаже колку „тони“ се порибиле. Нема друга логика Тафта.
Вака како што Вие велите звучи логично. Меѓутоа, за секое порибување постои записник, составен од земјоделски инспектор, кој по службена должност редовно присуствувал на секое порибување. Во тој записник наведени се количините и видовите кои биле порибени. Така што уште еднаш Ве уверувам дека вакви количина риба добиле своја шанса реката Вардар, еднакво како и во другите примери за порибување.
Бидете стрпливи, и уживајте во сликите и фактите кои ќе следат!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 20, 2012 12:10 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306


Сега за сега имам на располагање пастрмка и крап. Во иднина може да биде и нешто друго. Секако доколку треба и каде треба.

На почетокот кажав дека она што јас ќе ви презентирам се порибувањата кои ги имам јас правено како дел на МРФ, лично или како институција Институт за сточарство - Завод за рибарство. Дај боже некогаш да биде само ИНСТИТУТ ЗА РИБАРСТВО друга ќе биде прикаската, но за тоа отом потом.

Убаво е во оваа тема и некој друг да прикаже, барем дваесеттина, порибувања. Се шегувам барем по едно порибување на кое присуствувал или направил.

Поздрав за сите.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 20, 2012 12:13 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Појаснување за горново видео. Тоа е порибување на ПИШИЦА и истото го има направено концесионерот СРД „Злетовица„ од Пробиштип. Дечките се супер. Не „мудруваат“ многу, но си работат, чесно, континуирано и поштено.
Голем поздрав до Синиша (Крапче) и членовите на друштвото.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 20, 2012 12:15 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
postuvam i cenam sekoj sto bar edno ripce ima vrrateno i poribeno u edna sezona, zatoa za vasil treba da sme balgodarni za sto se potrudil da pusti nekoe ripce u nasive vodi, pokraj tolku losa situacija vzesteni glavi i da zeme se vo svoja odgovornost,,

rabotite trgnaa na podobro i mora kontat i komnikacija so nadeznite za sami da si pomogneme, za odobra idnina za ribolovot vo ovaa ubava zemja.
vasil e medgu 2 ostrici i ne e lesno da se bide u ovaa pozicija, cenete sto e so nas zaedno da iskoristime i da odime ponapred so negovoto znaenje,,
ako nekoj treba da go kritikuva, najmalku treba vie sto ne go poznavte i ne ste imale direkten kontakt so nego..
predlagam za vo idnina da se fokusirame na edna rabota koja ozitivno ke vliae na site, i da ja iskoristime pomosta i znaenjeto na vasil za da odime napred,
znaeme site deka se razbirame od poribuvanje od zakoni pravila , no ne e se taka rozovo kako sto mislime,,dajte olabavete malku i svtete deka na forumov nikoj ne e dojden so losa namera, naprotiv treba nekoi stavovi da se cenat i prpoznaat odnapred,,
sakam da se diskutira za koncesionerite sto imaat obvrska da poribat ribi u ovaa godina, i da pomogneme sto toa da se realizira i da ja zbogatime ovaa odlicna tema,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 20, 2012 12:18 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Така е Ицка! Убаво кажано! ;)

Па и во секоја убавина мора малку искра да има нели :lepi:
Убаво е да има порибувања, фотографии и видео како Васил што постира, тоа не стимулира сите да враќаме риба и да порибуваме! :~~


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПОРИБУВАЊЕТО во МАКЕДОНИЈА
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 20, 2012 12:22 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306


ПОРИБУВАЊЕ НА ПЧИЊА


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1011121314ELLIPSIS62»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 38 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum