www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 6:55 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123456»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 3:50 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
howitz НапишиCOLON
Спорот е од 2007 - ма година. Какво супер кул судство имаме.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 5:04 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Предраг НапишиCOLON
Денес 08.11.2012 година, во Апелационит суд Скопје...
А што се случило во првостепена постапка?

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 5:09 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Мислам дека за ова требаше да имаме инфо порано, можеби и ке присуствувавме, баш ме интересира образложение на одлуката. Ова е правна работа, не се дава мислење на слепо, треба да се видат фактите, првостепена одлука, образложение, како е склопена жалбата до апелација и сл.,...незнам кој ги застапувал МРФ и Вардар, може е лошо одработено,....ЕВН дека имале силна адвокатска постава тоа е сигурно


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 5:18 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
istiot slucaj sio vardar 2008 pomorot,, presudata vo korist na mrf a vardar ostana bez riba koj mu trebaa 3 god da se oporavi..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 6:18 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Ова е писмото кое утре ќе биде достаено до сите медиуми во земјава. Доколку имате сугестии за негово корегирање или дополнување слободно пишете. Мислам дека сите сме во шок. Никој не се надеваше на ваква одлука. Овој ден требаше да биде денот кога, најпосле, некој ќе одговара и ќе плати за сторениот помор и тоа со судска одлука. Но.....

За појаснување ова е прва пресуда. Ќе следи жалба и би требало да се произнесе и апелација.

Васил Костов


До
Телевизиските и пишаните медиуми во Република Македонија


Предмет: Обраќање до медиумите по шокантната одлука на судијката Снежана Богатиновска за неизрекување казна за сторителот на најголемиот масовен помор на риби во историјата на Република Македонија.


НЕМА КАЗНА ЗА УБИСТВО НА РИБИ

На 08.11.2012 години РИБОЛОВЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА беа сведоци на фрапантна и шокантна одлука на Основниот суд 2 во Скопје. Судијката Снежана Богатиновска, после 5 години судски спор, донесе пресуда со која го ослободи ЕВН од одговорност за причинетиот најголем помор на риби во историјата на Република Македонија, во кој беа безмилосно убиени над 40.000 килограми (40 тони) риби, од различни видови, во реките Треска и Вардар.

Судијката Снежана Богатиновска, видно вознемирена од присуството на поголем број риболовци во судницата, не најде ниту за сходно да ја образложи својата фрапантна одлука. Едноставно изјави дека пресудата ќе ја достави до тужителите во писмена форма. Одредено штуро образложение даде по инсистирање на претседателот на Македонската Риболовна Федерација, проф. д-р Васил Костов, без присуство на медиумите и присутните риболовци.

Одлуката на судијката е запрепастувачка и чудна од причини што таа објасни дека не го оспорува делото, ниту ја оспорува проценката, туку едноставно го ослободува сторителот од одговорност и од обврска да плати за причинетото дело. За судот е неспорно дека имало помор на над 40 тони риба. Исто така за судот не е спорна ниту проценката на направената штета, (направена од страна на судските вештаци), во висина од приближно 50.000 евра. За судот е спорна само наплатата, односно казната. Имено, иако во судската постапка беше докажано дека ЕВН со испуштањето на темелниот испуст на акумулацијата Матка, во 2007 година, предизвика страотен помор на рибите во реките Треска и Вардар нема потреба да биде казнет за поморот. Судијката го ослободи ЕВН од обврската да плати за причинетиот помор.

Сметаме дека со ваквата одлука судијката Снежана Богатиновска даде јасна порака до сите убијци на рибите во земјата дека слободно можат да продолжат да ги убиваат рибите, без страв дека за тоа ќе бидат казнети или ќе платат за сторената штета.

На крајот Во името на 20.000 риболовци во Македонија прашуваме:

ДО КОГА СУДОТ ЌЕ ГИ ШТИТИ УБИЈЦИТЕ НА РИБИТЕ ВО ЗЕМЈАВА???
КОИ СЕ МОТИВИТЕ И ПРИЧИНИТЕ ДА ИМ СЕ ПРОГЛЕДУВА НИЗ ПРСТИ И ДА ИМ СЕ ПРОСТУВА НА УБИЈЦИТЕ – ПРИЧИНИТЕЛИТЕ НА ПОМОРИ НА РИБИТЕ?


Македонска Риболовна Федерација,
во името на рекреативните риболовци во Република Македонија.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 6:26 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Poveke od ocigledno e deka odlukata e nametnata od nekogo. 50 000 evra e mnogu riba, se nadevam deka na kraj pravdata ke bide zadovolena.

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 7:06 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Veruvam deka imate advokat koj Ve sovetuva i Ve zastapuva no dokolku sakate da gi pogledne i nekoj drug advokat - kazete mi.
Imam eden koj e prilicno cenet i veruvam deka ke odvoi vreme za da go pogledne slucajot. Seto toa besplatno - se razbira.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 7:11 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Ное 25, 2011 8:33 pm
МислењаCOLON306
Секако дека е добро и некој друг да го погледне случајот. Секоја помош и стручно мислење се добродојдени. Инаку пресудата во целост со образложението сеуште ја немаме. Кога ќе јадобиеме ќе треба да се пишува приговор.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 7:22 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Dogovoreno, se slusame utre.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 08, 2012 7:23 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Maр 20, 2011 2:59 pm
МислењаCOLON673
ЛокацијаCOLONskopje
Da sme ,, druga,, drzava za vakva rabota bi nemalo potreba od advokat,no kaj nas se e mozno.Koga luge bea kaznuvani i platile sto otisle so trska da lovat na dojran....... Ovie treba da se teretat kako zlostornici za masakar bez Razmisluvanje.No sepak ova e nasa drzava,nasi sudii,i nasi zlostornici........Kor dal,Sleb zemal,pijan odnel....

_________________
GOLEM MAMEC-GOLEMA RIBA


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123456»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum