Ете после две недели чекање, исчекување и оштрење на јадици и коса, падна договор за викенд риболов, но не на штуки како што се надевав туку на море. Нејсе.
Стандардна припрема со мамци , прихрана, храна, алкохол и правец каналот кај Неа Потидеа во 3 часот наутро. И екипата горе доле стандардна , јас, Томе, Миро и Љупчо кучкарот.
Морам да напомнам дека на Окта бензиската (пред граница) имаше една екипа која тргнала на Бистрица (јато млади корморани) а пумпашите а и полицаецот на граница ни го кажаа истото , многу коли поминале утрото , некои дури и на полноќ за да фатат место. Проклетство, веднаш помислив на железничка станица Неготино и на Пчиња кај модра плоча кога пред 16-20 години исто трчавме за да фатиме место, истото сега само 260 км подалеку. Sad but True.
На каналот стигнавме околу 7 часот и веднаш ги окупиравме добрите места.
Ова е од континенталната страна .
Се ловеше на 2 метри од брегот (се гледа на сликата брегот во вода)
Спремата беше пливка 1-2гр. конец 0,12 – 0,14 и јадица од 8 до 10, мамец леб. Водата во каналот беше на добро ниво а после 2 саати падна на посакуваното ниво, но немавме многу среќа со ветерот. Дуваше од сите страни т.е. го менуваше правецот на дување на секои половина саат, среќа барем не беше силен, но правеше контра таласи од правецот на движење на водата и го отежнуваше водењето на пливката а богами и видливоста на истата. Бидејќи ловевме на лесна спрема и на длабочина помеѓу 3 и 4 метри (на излезот од каналот) и на 4,5-5 метри на средина на каналот поради движењето на водата (на моменти исто како на река) мораше и да се кочи а ветерот си го правеше своето. Морскиот риболов бара многу фрлање на прихрана од леб (овој пат носевме само леб , но може да се користат и прихрани за бела риба или ако може да се најде и за морска).
Од риба даде скоро од се, ципал, иглици, шпар, орада ... но не јадеше како што очекувавме а сепак имавме по некое кило. Околу 11 часот отидовме во апартманот во Неа Потидеа за да ги оставиме вишокот од опремата и поголем дел од храната и се упативме кон марината на самиот излез на Пефкохори по иницијатива на Љупчо, да ја испробаме среќата таму. Таму што ќе видиш , идеално место со длабочина од околу 2 метри и мали дрвени докови на секој чекор.
Е тука не нападна малиот шпар, јадеше секоја рака и тоа што го вадевме го враќавме назад во вода. Меракот ми го направи ловењето на краби со батак (се зема батак, крилца или било какво месо , се врзува на конец и се фрла во вода, кога ќе почне да се затега конецот прво полека се влече за да се провери дали има нешто а ако има се забрзува влечењето и на крај со кепче се црпи крабата) и фатив 9 солидни и чисти краби за разлика од оние кај Неи Пори и обезбедивме вечера. Подладнето и квечерината ги поминавме по ПС , (тука нема да објавувам слики од ѓезмиња затоа што ми е многу без врска тоа) и после неколку хектолитри пиво , рачија и керозин правец кревет.
Како легнавме така и станавме, трупови, но во 6 веќе бевме на место на каналот.
Денешниов ден беше прекрасен , ветарот беше поднослив и на моменти дуваше спроти текот на водата така да имавме и природно кочење, мамец ист прихрана иста.
Миро и Томе работеа како мравки
Љупчо во акција
Успеав дури и јас да се сликам
Сабајлето пробав и на силикони , кашики и воблери но без никаков успех, па се вратив на тапарогот, искрен да бидам ме мразеше да направам систем за иглиците бидејќи удираа и на пливка додека лесното олово пропаѓаше. Удираше подобро од вчера дури Љупчо извади и два ушута и имаше кинење на нешто вонземјанско. Се на се одличен викенд со одлично друштво , со температури од 26-30 степени во ноември и солиден улов. Сигурно ќе се повтори , можеби следниов викенд.
Јас лично не го сакам морскиот риболов, знам дека рибите се повкусни и поборбени но сепак ... но највероватно ќе морам да се привикнувам на него затоа што ова со реките и езерата во Егејот станува неподносливо, мршојадци на сите страни.
Се надевам дека нема никој да замери како е напишано, прв пат ми е