CFT Ribar 2011 (Фати-Пушти кампања)
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Редно време беше да направиме една убава кампања каде ке провериме дел од опремата, дел од свежите искуства и дел од новите јадици,
трски, род-под, олова итн..НО и дел кој никогаш нема да го заборавиме, ДРУЖБАТА.
Екипата на Рибар 2011 во состав Спаива, Борис, Тафтабит и Крсте реши да истепа еден цел викенд на риболов каде дождот и невремето го
имаа главниот збор. Некако невремето ни е пишано да не дружи, но ако... битно ние да сме со крајниот исход како што сакаме и како треба.
Стигнавме во петокот попладне, тргнавме сите на време и сите договори беа извршени кој, што и како да понесе за да бидеме спремни поради
инфото дека другиот ден се спрема невреме.
Кампот го наместивме, одма фрливме и поставивме параболици како што треба, дел од местата беа покриени со прихрана и од кога заврши целата
церемонија така фино си седнавме, направивме една фина салатка, Борис една урда што извади и кашкавал....уште ги мислам.
Тафта со шљивата не насмеа, додека пак Крсте не посоли со убавите пеглани пиперки.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Јас пак ничкум му седнав на оганот погоре со едно тафче полно со суџук (екстра тазе и полупушен, колбаси димени) абе водата да ни позавиди.
Кога на сред смеење, титттттттттиитииииииииииииииииииитт...
Ах тој преубав звук.....
Гоце скокна ОДМА, катапулт!
Фаќање CHUB-от и правење такво сефте на трските.... човек само да посака!
Тафта со уловот....
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ако лисицата лаже, волкот не лаже.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Од кога беше успешно вратен во својата средина (погледај го видеото најдолу) се вративме среќни на софрата и продолживме
така до раааните доцни саати , се додека еден по еден не не бутна студот и добро познатата рибарска дремка.
Ноќта беше тивка, имавме посета од гранична полиција која малку на почеток не исплаши...но откога видовме се поздравивме
и се беше во најдобар ред.
Дојде утрото, а со него и Филип - Кременадла. Одма фркнавме на шала и смеа у наш стил и одма се фатиме за работа.
Префрливме, сменивме свежи мамци, се назад како што треба и скоро сите отидоа некаде....
Кој од другата страна да фрли прихрана, кој по нужда, кој да доврши со дремката и останав сам во кампот со колегата на Кременадла.
Кога ете ти тииииитттииттитиииииииииииииииииииит...
Па кај Гоце, земање лудо конец и се стрчав нормално да му помогнам да излезе од вода.
Дур дојдоа сите, дур се собраа веќе беше пред брег каде малце не извозе...но успешно укепан од страна на Мајстор Крле.
Даде доста борба овој, беше агилен пред брег...но chub-от добро се истакна.
PS. Гоце кочницата, Гоцееееееее....
Еве го убавецот...
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ако лисицата лаже, Tафта не лаже.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Отсега па натаму ова ке ни биде пракса....Борис се погрижи со KLIN-IK за повредата од јадицата.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- СЕДИ МАДРО ке ја именувам оваа фотографија, ме чешаше нешто и еве го резултатот и не коментирам повеќе.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Настрана се од тоа невремето си земаше замав. Но ние упорни и се на готовс.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Почна да станува страшно незгодно...магла, јак дожд, ветар, по некој грмеж...брутално!
Нас расположението ни беше на ниво и немаше многу колебање за да фрлиме по некоја пред ручек.
По детално за дипови и ароми на ова видео...
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
После тој џагара-багара муабет, мислевме Тафта не пресече со нешто , но одма демант....
Крсте станува и не му се верува, не го чу сигнализаторот...отиде до параболикот, виде дека нешто се случува и дигање ОП...
Му се стегнаа нозете...
Крле во акција, дрила, вози, лево десно, бега од кеп и на крајот Борис успешен....
На Крле бисерот.....
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ако лисицата лаже, вагата не лаже...(лево кг, десно лб) да нема забуни.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
И така колеги, времето беше убитачно, немаше најави дека ке сопре, имаше константен дожд и ветар без престан.
Имавме двоумење да останеме до недела, ама сепак имавме полна душа и убав кеф.
Решивме попладнето пред стемнување да се спакуваме и да си одиме.Условите беа такви како што беа, но сепак има дана за мегдана и друг викенд, мада се веќе избројани.
Да напоменам дек се ловеше на 2 типа на системи (in-line и safety bolt) 80-90gr олово.
Јадици имаше неколку вида...Јас пробував 3 типа нови јадици (Owner, MAD, Hayabusa H,Bill) и на секоја различно.
Ловевме на 14-ки ананас (поп-ап) и пченка дипована со истото.
Имав една на халибут пелета и халибут поп-уп 14-ка...(имаше дел прихранет со тоа)
Но сите резултати беа на ананас со комбинација од 2 зрна дипована пченка.
Фрлавме на некои 60-70м од брегот, и на тоа растојание беа сите удари.
Конечно ве оставам раат да го изгледате видеото од цела акција за тие 2 дена.
Некаде е темно, па не се гледаше ништо и е измонтирано тоа што е корисно.
Howitz се погрижи за монтажата да изгледа така акционо со AC/DC - She Likes Rock'N'Roll....
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Уживајте и незаборавајте...
Со ФАТИ-ПУШТИ - СЕКОГАШ КЕ ИМА ПОВЕЌЕ РИБА СЛЕДНАТА ГОДИНА.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Мир ЗАЈЦИ.
РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am МислењаCOLON2030 ЛокацијаCOLONКочани
_________________ When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....
одлично средена со сите нишани
браво и за howitz за видеото и изборот на музиката
највеке ми се допаѓа насмевката на Крсте по вадењето на амурот
до година очекувам повеќе вакви насмевски од него
_________________ Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am МислењаCOLON1683
Krki da ne te potsetele za runot nisto ti so toa rakivceto ej, sreka spremni momci si imal do tebe. Reportaza so site nisani edna petka za klipovite izraboteni.
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 37 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум