www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 1:56 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 11:02 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Еве една подзаборавена дружба со мојот кум, која ја направивме крајот на април или почетокот на мај, годинава.
Еден убав риболовен ден на Тиквешко, во ресавскиот дел на позицијата позната како „Црвената земја“. Ја одбравме оваа локација, зашто сите вообичаени позиици за овој период од годината, сеуште не беа затревени и од карашот немаше ни К.

Инаку кумот мераклија за јадење риба, ама многу често знаеше да изрази желба и да полови малку, очигледно ја беше бил сватил „моќта на риболовот“ :D .

Па така и сега, извадивме дневна дозвола за него, купивме бели црви за него, а мене не ми требаат пошто јас сум мајстор, нели:hit_head: па си земав некој црн црв, жолта пченица за хранење, малку ќуспе го измешав со сув леб исто за прихрана и нормално топол леб за ловење и за јадење.

Утрото кога одевме кон езерото, има една височинка која секогаш кога ќе поминам покрај неа ме тера многу да размислувам, а еве што се гледа од неа:
[ img ]

[ img ]

Сликите ќе ги именувам како „Патот на ракот до нашите гради“. Наутро од 05:00-09:00 заедно со југот кој стандардно дува по течението на Ц.Река (од улив кон браната), ракот патува и тивко ги полни градите на жителите на црноречието (Возарци помалку, Манастирец, Сирково, Росоман и тн.). Затоа наутро на Тиквешко ние рибарите дишиме чист воздух, кој доаѓа од КОжув и навистина е убаво. Но после 09:00 часот, Патот на ракот продолжува во сите насоки, се дисперзира зависно од ветровите и заедно со него секојдневно патуваме Возарци, Дреново, ние рибарите на езерото и останатите во градот Кавадарци, па ќе ги посети во Неготино, малку и Д.Капија и тн. :silent:

Но после оваа дигресија, за поубавата страна од овој ден. Пред да стигнеме на височинката, го чекав кумот пред зграда 10-15 мин. и не му се лутам за доцнењето, го разбирам. 4.00 наутро за секој нормален човек е навистина незгодно време.
А јас стојам пред кола, преврзувам некоја јадица и како во песната која одеше во моментот на Радио Скопје, „сновиденија“. Осеќам како од некаде „некој авет ме ѕирка“.
Заврши Глуво доба - В.Стефановски и пустите уредници на Радио Скопје, како што знаат да ме изненадат, никој друг. Слушам почнува Лага и измама од Џафер и Венко, па Ситна лиса - Бодан Арсовски и ете го иде кумот. Што ќе не изненадат сега и чекаме и почнува Лажливи времиња - Армен и Безимени и си викам: нека си е...т мајката, па што сака нека биде од денот.

Стигнавме на позицијата се поставивме, испивме по едно кафе и седнавме да ловиме.
Од аголот на кумот:
[ img ]

[ img ]

Бевме тргнати по црвеноперка и караш и по некоја плашка. Користевме лесна спрема. Конец 14-ка, јадичиња бр.12 и бр.14 како втора јадица и тапи од 1 - 1,5 гр. Фрливме малку храна, пошто од извори блиски до езерото, местото е секојдневно ловено. Плашката покажа многу слаба активност, а така беше во текот на целава година и не ми е јасно зошто. Кога и јас би седнал и да ловам цел ден на бел црв плашка, не би фатил повеќе од 2 кг. цел ден.
Удри најпрво една црвеноперка на втората јадица (како и секогаш).

[ img ]

Потоа следеше уште некоја црвеноперка и по некоја плашка кај кумот, а ние се молевме на сонцето да изгреее што поскоро :eusa_pray:

Потоа почнаа каравчињата, црвеноперките и ни направи колку толку да ни биде интересно. Па удри и караш кај кумот, а знаете какво е чувството кога на почетник во работава ќе му аправи ќеиф :seir: си седиш и си гледаш сеир и :tafta: .

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Денот беше интересен, а по една моја задоцнета реакција ми се наруши расположението. Рибата што ја фатив, подоле на сликата, мислам дека е амур, а јадицата му беше отидена многу длабоко, па секако пробав да ја извадам, го држев во вода додека ја вадев да не умре, едно време намислив да ја пресечам и на крај се беше ѓабе, рибата остана во чуварката :(.

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ] :cray:

Излезе и уште некој караш и 5-6 мали крапчиња, кои годинава јадеа повеќе и од плашката. Еве го третманот за крапчињата:
[ img ]
[ img ]
[ img ]

За крај еве уште некоја слика од местото. Првата е сликана лево од мене и гледа накај пумпите и кафаните кои се пред пумпите, кај Ресавскиот залив.

[ img ]
[ img ]
[ img ]

И еве нешто што го научив низ годините.
Пробајте секое патување или доживување, во природа или било каде, било кога, да го поврзете со некоја музика, мирис или вкус, така подолго останува во сеќавањето ;)

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 11:19 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Дек 21, 2011 5:11 pm
МислењаCOLON21
ЛокацијаCOLONШтип
Reportaza so site nisani sekoja cest. Samo edna zamerka, trebalo da gi slikas ribite na krajot od denot. Super reportaza


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 11:33 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Не сум бил на тиквешко неколку години, ми евоцира спомени репортажава :)

А за рибата, не ми личи на амур, некако очите и се поставени горе, а има долга грбна перка како крап - амурот има мала грбна перка. Само во устата е како мутација меѓу крап, клен и караш, или лош е аголот на сликата :crazy:

Ајде некој постручен, нека каже дали е ова крап или некоја друга риба:

[ img ]

Мене ми личи на овој крап:

[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 11:41 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Abe jas neznam kako poinaku da ja krstam ribava. Ako ne e amur i e nekoj "povoobicaen vid" nema da mi bide i tolku krivo. Inaku ovoj ist den fativ i deverika okolu 100-tina grama, no ne ja slikavme. Toa mi bese 2-ra deverika ovaa godina. Ne sum znael deka voopsto postoi na Tikvesko.

Ima mnogu golema zadna perka a glavata voopsto ne mi izgledase na krap.

Koga ke se setam godinava kako nikogas do sega osven standardnite crvenoperki, karasi i krapcinja fativ uste i:

3-4 popadiki
5 klena
2 deveriki
i ovaa rbia sto ja zborime.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 11:44 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Кога ќе ги загледам убаво сликиве, мора да е крап

Инаку, ако почне девериката да се размножува на тиквешко како што знае, тоа ќе биде лудило за неколку години :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 11:46 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Перки на крап, тело на клен, глава и уста на попадика.
Мене ми е Караш. :D

Браво за репортажата Раде. :lepi:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 2:15 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Mногу ми се бендиса репортажата,посебно ме радува што си фатил и деверика се надевам дека ќе се размножи и Тиквешко ќе го врати некогашниот сјај.Можеш можеби збор два да кажеш околу системот со две јадички,начин на врзување и сл :bravo:

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 2:26 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Mi vrati ubavi spomeni Rade za Tikvesko,kaj pumpite porasnav mada i na drugite zalivi ribarev ali sega sa sega kako sto kazav ke ostanat samo spomeni...

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 3:40 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Моето СТРУЧНО мислење :confused:
по грбната перка мора да е Крап или Карас :dragon:
но устата е на попадика :nono: што може да е производ на деформација или повреда, да и била скината :"-
:filip: :filip: :filip:

За репортажата браво но гледај друг пат да не доцни многу :foottap: :howitz:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 31, 2012 3:45 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Bobi_Brada НапишиCOLON
по грбната перка мора да е Крап или Карас :dragon:
Ама по обликот на телото не е карас :?:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 26 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum