Темава ја отворам за дискусија од проста причина што гледам дека користењето на овие пластични мамци
зема поголем замав. На почеток мислев дека се тешка глупост и чист маркетинг за да си ги трошиме парите,
но како поминува времето се повеќе гледам дека крапските риболовци се повеќе ги користат и се повеќе
комапниите вложуваат во оваа пластична револуција.
Досега не сум го користел, но следната сезона дефинитвно ке ги пробам и доколку покажат резултат и практикувам.
Се разбира, на одредени води и комерцијални терени повеќе. Се во зависност од резултатот.
Читам и по странскиве форуми дека се уловени доста капитални примери на овој вид на пченка и мамец.
Се примам со резерва секако, но гледајќи па доста такви производи и нивната пелета како расте мислам дека треба
и заслужува да се посвети малку време и проба сето ова.
Секако бара посебна подготвка и приматата за истиве мамци, како и начинот на ловење на одреден вид на вода.
Повеќе работи на комерцијали како што гледам, но ако некој пробал и на дива вода нека сподели искуство.
Ке издвојам неколку производи од неколки производители од кој некои и доста реномирани како Корда на пример...
Вештачката пченка (покрај pop-up бојлите) е многу застапена особено во последниве години. Се препорачува да биде задолжителен дел во крапскиот риболов.
Темава ја поставив од проста причина што имам сигурни извори дека работи, јас лично не верував.
Сепак видов и на други форуми каде на нашиве простори се уловени примероци над 20+ на
овој мамец, конкретно пченката.
Станува збор за комерцијални езера, не диви води.
Инаку знаеме за поп-уп дека ја користат највеќе и знам како би ја користел.
Не прашувам за мене лично, туку темава е за дискусија и за тоа да дојдеме до некоја слика
што од искуство (ако го има некој) или некој врз основа на нешто трето (макар и предрасуди) ке даде гледна точка.
Се работи за мамец и добро е да видиме мислење на секој риболовец.
Темава исто така е и за друг вид на пластични мамци...поставив слики погоре како коноп-семе, црвци, кикирики, има и пластични боили итн...
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 10 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум