Во неделата конечно падна договор јас и Фисо да се запознаеме со штуката. Наши домаќини беа Спиро и Стар, а за добитна локација ја одбравме Црна Река кај Рапеш. Во 10 часот бевме на договорената локација во Битола каде што се сретнавме со Спиро и Стар и веднаш правец Рапеш.
Откако го заминавме РЕК и јагленокопот, пред нас се појави преубав предел, недопрена природа, рај за очите и душата. До тогаш мислата ми беше што е можно побрзо да стигнеме на вода и да почнеме со риболовот, но откако се појави пред нас прекрасен предел моравме да застанеме и малку да поуживаме во глетката. Еве на што мислам
Ова место било многу ризично за нас рибарите
. Мифтар се викало и тука требало да се дарува со риби црнецот. Еве како јас гордо стојам пред него, полн со самодоверба уште пред да стигнеме до река. Уште што јас не му побарав тој мене да ме дарува ако сака да спаси глава
.
Конечно стигнавме. Црна Река е пред нас со сета нејзина убавина.
Рибари на сите страни. Летаат блинкери, кашики, воблери, а имаше и по некој крапџија.
Набрзина и ние ја монтиравме опремата и почнавме со риболовот.
После трето фрлање еве го Фисо со неговата прва штука
Спиро веднаш беше тука да ни покажи како да се постапи со штуката.
Само што ја среди штуката од Фисо, после 2-3 фрлања, удар и кај Спиро.
Јас фрлам, менувам воблери, блинкери, кашики ... и ништо.
Фисо и Спиро извадија уште по една штука, Стар замина нагоре по реката, а јас уште менувам мамци
и се појави и мојата прва штукичка од околу од околу 150 гр. која одма беше вратена назад во вода.
Стар се врати од горниот дел на вирот со капиталецот на денот. Прекрасна штука
. Штета што немам негова слика со штуката. Сите се сликавме со неговата штука освен тој што ја улови.
Спиро ме учи како да ја држам, а да не бидам повреден
Фисо, веќе искусен штукаџија, позира со капиталецот на денот
И така дојде 13 часот. Да дојдевме еден час покасно на вода, ќе се кладев со кој сакаше дека во Црна Река нема штуки. Од 11.30 часот до 13 часот кој си фати - си фати, а кој не ... нека му ја мисли кај Мифтар.
Спиро и Стар се покажаа како одлични домаќини. Дечките во дел од секунда запалија оган и почнаа да се печат колбаси. Во меѓувреме Спиро извади ракивче и корнишони за салата, за да се освежиме додека стигне ручекот.
Ручекот беше одличен, но некој сеуште нема извадено штука. Таа малата што ја фатив од 150 гр. црнецот не ја признавал. Требало барем малку да е подолга од ...
Повторно менување мамци, ама штуката не сака ни да пипне. Стар извади уште една од околу половина килограм и толку.
Завршивме со риболовот. И сега?
Одиме на мостот. Црнецот не е тука. Одиме кај Мифтар и ете го :saso: . Спиро, Стар и Фисо поминаа одма и
, а јас ... Му покажувам слика од штукичето ... не ја признава. Ама кога му ја покажав оваа слика со штуката од Стар ...
ми поверува дека е моја и поминав непипнат
Што е за право имаше малку бегање ...
... ама сепак куртулив
Бистро до следниот риболов на штука. Ќе морам да му се одмаздам на црниот
. Не завршува овде приказната