Ај и ја да се замешам. За мене, за Лимун за Тафта, Лепи, СасоЈ и тн. и тн. воопшто не ми смета што се воведени легитимации и тие 400 денари кои ги даваме. Нека бидат и 800 и 1500 ден. ние пак ќе ги платиме.
Е сега, што правиме со братучед ми, кој еднаш во годината доаѓа од Скопје, му давам една трска, му купувам бели црви и со дневна дозвола си лови цел ден и е најсреќен на цело езеро. Колку што знам според сегашниот закон и тој треба да извади легитимација, е ова ми е стварно нелогично. Дали и тој треба да ја помага МРФ или да го толкуваме ова дека: му е УСКРАТЕНО правото да се рекреира еднаш годишно.
Иако не ми е прочитан законот, дали може само еден член во него да гласи вака
Па со него да им се реши проблемот со парите од легитимациите за МРФ и да се реши проблемот на братучет ми
:
Член: хххххх
Концесионерот е должен да издвои задолжителни 7% од износот на секоја поединечно издадена дозвола (дневна, ноќна, месечна, годишна, од чамец и сл.) во тековната година, на име МРФ.
Износот од средствата во ставот 1 од овој член, концесионерот е задолжен да ги уплаќа квартално во тековната година, до висината на износот остварен во изминатото тромесечје, на сметката на МРФ.
и тн. и тн. и тн................
Но, тука веднаш се наметнуваат прашања од типот:
1. Кој ќе го контролира тоа, па они немаат фискални
2. КОј ќе има увид колку дозволи издал концесионерот
3. Ќе ги кријат сигурно
4. Дали ќе имаат пари на сметката
5. Што ако наместо во 1 квартал ги уплати сите по 4-от кваратал...или воопшто не ги уплати
Истото ова важеше и кога се воведуваа фискалните апарати во Малопродажбата и сл. и еве горе доле се среди и профункционираа. Секој е задолжен со различни сметководствени извештати, дневни извештаи, месечни извештаи, деловодни книги, баждирање на апаратите. ИНСПЕКТОРИТЕ им висат над глава секој ден и тн . и тн.
Истите овие инситуции можат да ги контролираат концесионерите на потполно истиот начин како останатите правни субјекти и притоа да знаат секој денар кај оди, а делот за МРФ да си го плаќаат поштено.
Најверојатно има нешто што незнам и најверојатно на некој му текнало дека ова може да се реши на некој ваков или сличен начин.