www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 8:57 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 8:42 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Минатава недела, Вардар варираше во Скопје, секое сабајле на кејот, линијата од околу пола метро на камењата беше добро видлива. Во текот на ноќта бил голем па паднал, Козјак :twisted:, поручек одново качуваше :( .Информациите од доле беа дека е голем. Од друга страна, временската прогноза за викендот беше и повеќе од одлична за овој период од годината. И толку и треба, фитилот одма се пали, одиме и тоа со спиење, па што биде нека биде, а имаме и резервна варијанта ;)
Екипата спремна за добра дружба :D
Сабајле во мугрите на место, кај јаворите, во проширен состав со две возила натоварени до даска :lol:
Јас,Трајко, Цобе, Феки и Бац. Феки и Бац малку :s) ама дојдоа на време :lepi:
Вардар за разлика од минатиот пат многу поголем, ставивме маркер-обично стапче боцнато во песокот на линија на водата, и по некое врема видовме дека паѓа. Добро е, Феки и Бац отидоа погоре а ние останавме тука, покасно,ќе видиме како ќе се поставиме :secret:
Водата падна дваесетина сантима, и влеговме да ловиме. Рибата скокаше како по правило од спротива, и колегите од спротива веќе имаа извадено. Ако,тоа веќе го знаевме, постојано крмевме и фрлавме.
Опремата стандард, 2,5 грама тапа, 12ка конец, 10ка јадица, ловевме на леб со леб и прихранувавме. Цобе на црв пробуваше, тој не е по бојникот.
За брзо време почнавме да вадиме и ние :D Трајко направи севте :D
[ img ]
А тука бев и јас 8-)
[ img ]
[ img ]
Во чуварките веќе имавме по неколку убави парчиња :lepi:


Вниманието како во возењето на тапата, ми беше насочено и позади на брегот на маркерот. И тогаш :shock: , почна да качува а згора на се, се појави и северко :hit_head:
Искочивме надвор, извадивме ракијата и салата да лечиме рани, се слушнавме со Феки,дојдоа и тие на ракија и на доручек.
Работата не ја бидува, се собравме и отидовме на друга локација.
Таму гужва, се видовме со нашите пријатели, мавнавме по некоја ракија, малку лав муабет, фативме и понекое рипче...и денот речиси помина. Времето одлично а Вардар многу падна :D
И рибар нејќе е рибар ако нешто не го копка, екипата на состанок :lol: , што да правиме. Да се враќаме назад или да останеме тука. Ако одиме назад ќе фатиме повеќе, местото е поубаво како за риболов така и за кампување, а имаме време и некоја трска да фрлиме. Одлуката едногласна, ќе ризикуваме одиме кај јаворите :D
Стасавме на место и право во вода, јас извадив еден бојник а Трајко откачи и толку, собравме трските.
А после напорен ден се знае што следи ;)
[ img ]
Бац беше најупорен, и во самиот финиш му кидна на црнецот :lol:
[ img ]
Со рипчиња небеше лошо ;)
[ img ]
Рибите поради менувањето на локација беа мртви и неможеше да се чуваат за следниот ден, но ние сме спремни момци за сите ситуации 8-)
Ги поделивме обвските :D
Цобе и Бац дрва за вечерта
[ img ]
Феки околу кампот
[ img ]
Трајко,маси и салати, а јас и Феки чистење на рибите
[ img ]
Многу бевме изненадени, бидејќи во голем дел од рибите имаше икра :o
[ img ]
Бојникот мора добро да се спреми ;)
[ img ]
Почнавме да пржиме на плин, а после на огинче :D
[ img ]
[ img ]
И шоуто можеше да започне :D
[ img ]
[ img ]
Имаше ракииче, мастиче домашно, винце црвено домашно, бунарче...и на крај песна :lol: 8-) :s)
Сабајлечки се знае :fishing: на позиција, водата добра :D
[ img ]
Јас си се спасив од црнецот со едно бојниче-чеперче :D
И тогаш катастрофа, водата одново качува, мајки шајки, џабе, тоа е тоа, за саат и половина качи 30 см :(
Собравме парталите и мењаме локација, Феки и Бац небеа расположени за собирање па останаа, но на таа вода и на тоа место риба не се фаќа :nono: ама одлуката нивна беше таква. Ние заминавме.
На новата локација, митинг, место нема за лек, едвај натаму наваму најдовме место. И прво па машко-чуварот :~~
[ img ]
Проверка на легитимации, дозволи, муабет, така и треба, луѓето совесно си ја вршат работата :D :bravo:
Рибата тука беше активна, брзо и влеговме во шема, ние бојник а Трајко богами и некоја мрена, а Цобе душа им извади на едни плашки :lol:
[ img ]
Се на се небеше лошо :D
[ img ]
И отприлика тоа беше тоа, Вардар нестабилен, за ловење тешко. Ама кој си знае си фаќа ;)
До следниот риболов, поздрав и БИСТРО :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Последна промена од 1 на kire, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 8:47 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
:bravo: :ico:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 8:52 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Лотарија е веќе Вардар да го начекаш стабилен... :roll: Битно душата полна,по некое рипче има... :bravo: Него Кире,на лице место ви издадоа дозволи или од претходно си уплативте во банка??

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 8:54 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Ние имаме годишни,вадењето на лице место не е дозволено ама мислам дека уште може ;)

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 8:57 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Kitre uste vikendica fi fali na placot go belezavte....

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 8:59 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Maр 20, 2011 2:59 pm
МислењаCOLON673
ЛокацијаCOLONskopje
Do pred da pocne da varira super si bese,no sega gore -dole.Najbitno top ste si prosle,rba ako ima ima, ako ne neka rasne :!:

_________________
GOLEM MAMEC-GOLEMA RIBA


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 9:12 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
Кире одличнба дружба сте си напрвиле - со сите салтанати по пропис :D
од сабајле денот ми го разубави :ok_ok: ајде наредниот пат повеке кеив да истерате :volku_golema:
добор е што видовме и дека концесионерот си го контролира ревирот - секоја чест така и треба :lepi:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 10:24 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
:bravo: На вода што варира сте еси прошле супер.
Пробајте некогаш да ловите бојник на спадот на МарковаЧешма од страна на стариот пат.
Во ова време знае ептен да даде риба.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 11:29 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
ОФ-ОФ-ОФ- Мераци и убавини рано по сабајле
Со ваква--РЕПОРТАЖА-- се разубавува секое утро ,а поготово кага е од- КИРЕ-со неговата дружина.
Другарчиња убаво проведено време на вода , уште поубава дружба сте направиле,и некоја риба плус па тоа се

МЕРАЦИ да МЕРАЦИ :bravo: :bravo: :bravo:
За секоја пофалба сте КИРЕ ,поздрав до целата ДРУЖИНА :~~ :~~ :~~

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: A добро почнувавме !!!
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 23, 2012 11:31 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Koga Kire i ekipata se vo prasanje, nema promasaj. Dobar provod i dobar ribolov zagarantirao.
Napred momci, zakon ste :thumbs_up:

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 22 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum