Денес се одлучив да одам на Пчиња во делот кај Коњаре и една репортажа од таму. Не сум бил од којзнае од кога. Малку ме кочеше времето, си реков ај крај на октомври, веке ладно, инсекти слабо се ројат, ке измрзнам на сред река ама ај. Станав накај 8 и полека со кафе и спремање тргнав доцна накај 9.за пола саат таму. Веке имаше доста рибари што ме зачуди. Знам дека има еден куп луѓе кај Бадар ама овде не очекував толку. Ги имаше и надолу по реката, вадеа по некоја ситна попадика на црн црв кој како. Кога стигнав местото правев муабет со едни луѓе што како иде, тројцата ми збореа а четвртиов не ме ни погледна целата глава му беше во бурекот. И после пет минути се огласи "Е је_ига кога јадеш бурек без заби"
на што падна едно здраво смеење. Почнав да се спремам, комбилизонот, елек, торбица и трската спремна. Гледам по реката скоро никаква активност на инсекти над површина. Малку демотивирачки. И почнав да фрлам, ама попусто, што ти не пробав, од мои направени, купени, мравки, оси, бибио, сеџ... попусто. Одејки по реката морав да искачам од реката и да кружам бидејки имаше други рибари кои си факаа на тапа па да не им реметам. И така ко ке ти се погоди денот нормално не бива ако неколку мушички на дрва оставиш. А Пчиња мала и бистра за милина. Времето ладно, јас насред река нормално добро облечен како за во војна, и волнен појас за кичма што е "маст хев" за ова време а и да не те стегне кичма после толку стоење во ладна вода. И почна сонцето појако да грее. Почнаа некои инсекти да искачаат. Гледам, гледам по кутиите за мушички, и све нешто ми фали
. Кога си дома и се спремаш за на риба си викаш што ке ми све ова, кога си на риболов све па малку ти изгледа. И гледам едни зелени муви, купени во Србија, направени одлично. Си реков ај и ова да пробам уште остана. И почнаа првите удари. Малку промашувања и почнаа удари со реализација.Немаше капиталци, помали кленови, но битно активен беше. И почнаа да се редат, мали и средни, колку интересно да биде.Се на се убаво поминати три-четири часа наместо неделно во кафана на ручек.