www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 23, 2024 10:31 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123456ELLIPSIS12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 17, 2012 7:43 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
не се разбирам толку од електроника ама еве една идеа да дадам па еко е изводливо тогаш ке можи и да се употребува дури и во маглишта :D

боби
дали е изводливо да на самото бродче се монтира некоја електроника(компас) и да пренесува информаци(латитуда и лонгитуда ) на далечинското(на некое екранче) на која позиција е моментално бродчето :?:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 17, 2012 7:45 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 30, 2012 7:40 pm
МислењаCOLON583
ЛокацијаCOLONСкопје
Да..да се стави ГПРС,па после тоа треба и капетан лаѓе.. :eusa_dance:

_________________
[ img ]
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 17, 2012 8:05 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Маркираш и нанесуваш секогаш на едно место без разлика колку далеку развлејуваш !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 17, 2012 8:33 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Веке делумно е одговорено на прашањето СПИРО.

Има такви системи, за пренесување на телеметријски податоци. Можеш однапред
да му зададеш локација или еднаш веке изодена патека да ја запомниш. Следниот
пат бродчето само ке отиде на зададената позиција ке се искипа, ке одкачи јадици
и само ке се врати назад. Има и бродчиња со вградени сонари . . .

Има што сакаш и не е речиси ништо неостварливо. Прашање е само до парите.

Моментално заглавив на аплоудирање на видеа за ТИТАНИК-1 и ТИТАНИК-2.
Наскоро ке ги пуштам


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 17, 2012 9:04 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Убаво кажано се е до парите :o
цената на бротчето опремено со сонар + џпс доаѓа поскапо отколку кола за по риби :crazy:

и да кејфот се плаќа :eusa_dance:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 17, 2012 9:13 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Две зими наназад, бидејки престанав да одам зимно време на риба, правам бродчиња за прихранување и развлекување. Досега направив две, ТИТАНИК-2 и ТИТАНИК-3 (синот на Моме од ГогоМонд е Кумот). И двете се пловно функционални но и оваа зима се спремам да правам ново.


Во првата конструкција користев прирачен материјал, кој во секое време може секој да го обезбеди. Трупот е направен од обична пластична цевка со дијаметар од 70mm која од предна страна е затворена со пластичен лампион за елка. Лампионот е пожелно да се наполни со полиуретанска пена поради поголема цврстина. На задната страна цевките се затворени со полуконуси со гвинт. Овдека мора да се постави гвинт бидејки во трупот – цевките се сместени акумулаторските батерии за напојување на бродчето.

Предната и задната комора се направени од пертинакс плочи за изработка на плочки за електроника. Самото спојување на коморите е направено со лемење. Во предната комора е сместен еден електромотор и електрониката за контрола на брзината на движење. Во задната комора се сместени приемникот за телекомандата и сервомоторите за кипање на кадите со прихрана, како и сервомоторот за контрола на правецот на движење (лево – десно).

Прената и задната комора се споени со уште една комора изработена од две летвички 10х10 mm и пертинакс. Оваа комора е всушност рбетот на бродчето. Низ комората се поставени проводници кои ги поврзуваат предната и задната комора. Од долна страна е поставена кобилица по која оди од предната комора погонското вратило за перката. Паралелно на рбетната комора се поставени две независни кади кои се полнат со прихрана. Кадите се исто така направени од пертинакс и споени со лемење.



Од оваа конструкција се одкажав меѓу другото и поради:
  • • Бродчето има многу мала силуета и подалеку тешко се гледа и представува проблем со управувањето, лево – десно и напред – назад. Проблемот може лесно да се реши со зголемувањето на дијаметарот на цевките и со поставувањето на коморите врз цевките наместо бочно на нив.
    • Перката е отворена, без заштита и е директно изложена на опасност на нејза да се намота трева или нешто сличн. Исто така нема рикверц
    • При поголема брзина на возење, нарочно кога бродчето е празно наместо ефект на глисирање прамецот заринкуваше во вода. И ова лесно се решава со лимитирање на брзината и со поставување на еден спојлер под вода.

ТИТАНИК-3 не е подобрена верзија на предходното бродче туку целосно нова конструкција и изискува малце повеќе работа за да се направи. Се почна кога баџанакот ми донесе парче пенеста ПВЦ плоча од која сакав да направам спојлер за ТИТАНИК-2. Материјалот е мошне лесен и лесно се сече со скалпер. Како поранешен моделар решив да се подсетам на старите времиња и направам една конструкција. Така одпадна доправањето на предходното бродче.

Прво по интернет барав дали можам да најдам некоја веќе реализирана идеја, но брзо се одкажав. Прејдов на барање слики од фабрички бродчиња од кои би можел да ги извадам некако пропорциите. 200х400 mm, височина и широчина, па за должина ке видиме.

Започна градбата на ТИТАНИК-3. Материјалот супер се обработува, но почнав и да ја комплицирам малку работата. Поради поголема цврстина почнав да правам ужлебување на деловите, а тоа доведе до правење на многу отвори со широчина од 3мм. Спасот дојде од БАЏОТО. Може на работа се тоа да ми го исече на ЦНЦ машина но мора да му направам цртежи во АУТОКАД за сите поединечни компоненти.

За дваесетина дена се се заврши. Планирање, цртање, сечење и еве пред мене околу 70 парчиња. Само да седнеш и како лего коцки да составуваш. Понегде мораше повторно да заигра скалперот. Су промашил во конструкција овде. Ова сум го залепил па сега ова не оди како треба и сечи.

[ img ] Градба на ТИТАНИК-3

[ img ] Ожичување на ТИТАНИК-3

Во меѓувреме се одкажав од правење на телекомандата и ја нарачав по интернет, но сепак ја направив електрониката за контрола на моторите. Т-2 е исто катамаран како и Т-3 но со еден мотор и оди само напред а лево – десно се контролира со кормило на серво мотор. Втората конструкција е со два мотора и со нивно несинхронизирано работење треба да се контролира насоката на движење. Покрај тоа осетив потреба да можам бродчето да го движам и во рикверц.

Се ова ми го направи интересен животот и зимата мнобу брзо ми пројде. Прекрасен БРОД. Само да ми е кадата дома барем 5х5 метри. Едвај дочекав да го пробам на езеро.

Поради големината на снимениот фаил од пробното возење на
ТИТАНИК-3 и невозможност во моментов да го ставам во овој
текст накнадно ке го поставам видеото кога ке го обработам



При првото возење и проблем. Бродчето е и премногу пловно. Перките пола се во воздух. Ова и не е проблем од една страна. Моите литиум јонски батерии ке ги сменам со оловни и готово. Проблемот е што дадов бадијала пари за литиумјон батерии, а со оловни ке изгубам во автономност на користење. Сепак бев презадоволен.


Зимава се спремам да правам нов БРОД. Идентичен со ТИТАНИК-3 но за 5 – 10 cm зголемен во должина. И мојата електроника за контрола на моторите ке ја изоставам. Успеав на интернет да најдам готова, а со самото тоа и поевтина. Плановите ми се комплетно готови. Нема ни милиметро грешка бидејки целиот брод неколкупати виртуелно го составив во СОЛИДВОРКС.


Овака би требало да изгледа скелетот на ТИТАНИК-4



[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Ми останува уште една проверка на цртежите и оди на сечење на делови. Мислам дека на овој ке немам никаква замерка.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 18, 2012 3:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maр 07, 2011 11:21 pm
МислењаCOLON1581
a i od koga ke bide tovareno so primama perkite se do pola u voda ili samo na prazno
ako e taka nemora da gi menuvas bateriite mozes da mu dodades oteznuvanje vo kobilicata mislam deka ke zavrsi rabota

_________________
koj si znae ke si vadi
sto e tvoe ke si dojde
sjashi kurto da uzjase murto


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 18, 2012 4:46 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
Bobi,druze,sekoja cest... Bukvalno nemam zborovi... Se gleda usovrsuvanjeto so sekoj nov model i mislam deka poslednava kreacija zasluzuva da frlis nekoj denar i da ja patentiras , a podocna da
ja ponudis na nekoja firma da ja proizveduva ili pak ti sam da zapocnis so proizvodstvo... Ako si
kvaliteten i poevtin od drugite , ubeden sum deka barem vo regionov (srbija-makedonija-crna gora-hrvatska-bugarija) ke imas golema prodazba...

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 18, 2012 5:13 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Mислам дека нема да излезе скап за правење, нарочно со готовата електроника од Кина.
За изработка на поголема количина ке морам да најдам начин трупот, облепувањето на
скелетот да го направам за таа сврха поедноставно и побрзо.

За ТИТАНИК-2, машинското сечење со материјал мислам дека ме кошташе околу 50 евра.
Уште нешто за облепување и лепкови околу 20.

Електрониката е приказна за себе. Сила на моторите, како и кога да се одкачуваат јадици
и слични желби. Домет . . . Цената зависи од желбите, но поевтино од пазарските, готови
BaitBoat.

Моментално го аплоудирам првото возење на ТИТАНИК-3, но интернетот ми е приказна за себе.
Ке биде до вечер


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Бротче - хранилка
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 18, 2012 9:29 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
:volku_golema: Евего конечно и видеото од првото возење на ТИТАНИК-3



Овака се започна :hit_head:

[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123456ELLIPSIS12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum