ЈП "ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА" ПОДГОТВУВА ПРОЕКТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА
Ќе секнат фекалиите во Вардар!
Пречистителната станица во Скопје, конечно, ќе се гради. В година ќе се изработи основниот проект, согласно кој станицата треба да биде готова до 2018 година.
Со оваа инвестиција која, според првичните проценки на ЈП "Водовод и канализација", ќе изнесува 100 милиони евра, ќе се стави крај на излевањето фекалии директно во Вардар.
За таа цел, планирано е да се изградат два колектора од двете страни на реката, во кои ќе се собираат отпадните води.
"Ќе се запре излевањето на фекални води во Вардар, и реката ќе го врати квалитетот од пред 60 години. Во моментот ги разгледуваме физибилити студиите кои ги даваат насоките како да се реши проблемот. Станицата ќе се изгради во село Трубарево, после добиточниот пазар", изјави Стојан Србиновски, директор на "Водовод".
Тој ја најави изградбата како заеднички проект со Градот Скопје и со неколку министерства.
Пред една недела, во населбата Горно Лисиче беше пуштен во употреба нов фекален колектор, кој ќе ги собира фекалиите од цела населба.
*Извор:
www.vest.com.mk (М.Ѓ.)