Мерак за секој риболовец е да излезе на вода и да има добар риболовен ден, дали тоа ке биде (РЕКА или ЕЗЕРО) тоа треба да одлучи самиот,ние за овој викенд со другарите решивме да го посетиме –ДОЈРАНСКО- езеро.
Дојранско го одбравме затоа што во овој период од годината е активна
ЦРВЕНОПЕРКАТА а сите ние знаеме дека е риба доста атрактивна меѓу
рибарите а воедна е и даста вкусна,така да го одбравме баш ова наше прекрасно езеро.
Дојранско изобилува и со друг вид на риба ама овој викенд (работеше)
само црвеноперката ,временските услови беа прекрасни, како што може риболовецот само да посака ,значи мирно езеро без ветер ,не толку топло,
добро друштво, добро расположение и што друго човек да посака освен БИСТРО на сите оние што се на вода.
Се ловеше на пределот пред- ПАРТИЗАН-денеска имаше повеќе од триесетина чамци(ги броевме)и секој е дојден со надеж за добар улов
и добар провод на вода.
Ловено е на лесна опрема –јадица -10ка, конец 14ка,тапа 2 гр,неподвижна зошто длабината каде е ловено не изнесува повеќе од 5,0 до 5,3 м.
За мамец употребувавме само –шекерец зошто на црн црв досаѓаше,ситен Костреж.
Викендов ловевме од два чамци во едниот кој е закотвен цела година на плажата кај-- ЗОКИ --ловевме,Оки и Деан –рибароттт а во другиот Даце,Горан и Филип,па еве и сликовито за нашата дружба.
Да го видиме малку ДЕАН во Акција со некоја слика и клипче.
И така им го зама редот на Црвеноперките.
Филип и колегите во другипт чамец кои ловеа на друга локацијаи за жал не ја понеле камерата сликовито да ви опишат за рибарењето ама затоа е тука БАТО- Оки-рибар.
Решија да пробаат на друго место кое исто така се покажа ДОБИТНО.
ЧАО-- КОЛЕГИ-- :{}
Да се вратиме пак на случувањата во нашиот чамец.
А и БАТО Оки-рибар не остана ПОКУС.
Рибите се редеа како-- БИСЕРИ-- а чуварчето полека ама сигурно се полнеше.
И секако дружбата од саботата попладне,почнувајки од- Салати-, Tуна со мајонез,Таратур салата, Пиперка полнета со урда, Ајварче , па Љутеница, за добар АПЕТИТ и на крај главното јадење Скарата --што е за нас најубавата ...САЛАТА....
Малку—ПРШУТА—нема да шкоди .
Ама и ДАЦЕ не се предаваше се бореше со СКАРАТА --ЛАВОВСКИ
Секоја чест за овој човек прав ГУРМАН.
Се разбира и другарчето ГОРАН како ДЕГУСТАТОР.
Да видиме и уште некоја слика од Црвеноперката.
Исти таков улов имаа о другарите во другиот чамец имавме сите по неколку килограми, па еве некоја слика од поголемите примероци –имаше и помали се разбира ама овие заслужуваа да бидат сликани.
За крај и оваа прекрасна фотографија од зајдисонцето над—ДОЈРАН-- и прекрасниот ден –НЕДЕЛА.
Бистро на сите добронамерни-- РИБОЛОВЦИ --
Оки-рибар, Даце, Горан, Деан –рибаротт, и Филип.
ПС. До следната НЕДЕЛА!!!!!
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
ОКИ годинава си номиниран за најдобра репортажа и најдобра скара !
Секогаш кога ти ги гледам репортажите едвај чекам да видам колку килограми скара сте направиле, прави гурмани сте значи
Ви фали само еден спонзор од месариве и сте комплетни, брао за тој што ја прави, толку месо да испечеш, треба нерви и сила
Ви--- БЛАГОДАРАМ---- на сите!!!!! за добрите коментари.
Ховиц .. Спонзор не ни треба за ништо додека сме ЖИВИ и ЗДРАВИ.
Подобар спонзор не можеме да најдеме.
Се трудиме тоа што го доживуваме на вода да го споделиме тука на овој ФОРУМ со сите наши.... ПРИЈАТЕЛИ...
Затоа голем поздрав до сите што го ценат ова што го правиме .
Оки и екипата. :{} :{}
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
велат дека Дојранско езеро е рај за црвеноперката , а кога ке се спои рајот и мајсторите за одличен риболов , неможе да се добие ништо помалце од осличен провод и богат улов . Браво Оки мајсторе , поздрав до тебе и до екипата ... ми го разубавивте денот :%
Честитки до цела екипа , само напред ... да се множат вакви дружби и убави репортажи
_________________ Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
Kade i da odi bate Oki ke vidime riba ,ke vidime skara ama sega vo ovaa reportaza poseben kef mi napravi edna druga rabota COKANCINJATA za rakija nema pogolem lezet od zolta i cokance
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 28 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум