Помина доста време од кога бевме да ја видиме сосотојбата на езерцето „Мегленци“ во близина на селото Мегленци одма на д РЕК Битола па долго време се кандисвавме да одиме да ловиме па дојде и тој ден... 5 часот наутро ние спремни фураме за Мегленци со желба да си фатиме убаво местенце и да се забавуваме и уживаме колку жто е можно повеќе... Пристигнавме на местото но сеуште беше мрак но со сијалици фативме местенце (планираното) и полека полека малце прихрана (пренка) и зазедовме позициите.... Сонцето си угреа и оп околу езерцето полно рибари
не имаше едно 12тина луѓе... Како и да е почна денот сите нестрпливо очекуваме да бликни сонцето да се размрда рибата...
Како што предходно собравме информации од постарите колеги порано во езерцето имало доста крап и лињак но сега ситуацијата е поинаква има караш и крап но исто така теренот е многу незгоден водата е полна со гранки, дрва, корени па исходот на тоа беа скинати 5 јадичиња 1 подвез и 2 олова. Цело време форсиравме на пченка од секаков вид со цел да зе излажи некој крап ама безуспешно имавме само удари на караш со големини над 20 цм. Карашот ја започна активноста од негде 8 часот и до 9 и нешто што се фати се фати а потоа едвај по една риба на сат не сакаше да јади па тоа ти е ама не се жалам другите барем визуелано и по тоа шти се преместуваја и одеја лево десно не му одеше нешто нај нај...
Еве сме и ние малце
Преку целиот ден бевме опколени со разни животинчиња крави , овци , свињи и сешто кои си се напиваја вода се капеја секој по желба
Како и да е караш си фативме а од крапот немаше ни ал ни абер и си мислев барем некое ситно крапче да удреше да си имам една потврда дека да има и крап и подмладок секако и оп излезее малиот се покажа
две вакви малечки крапчиња се излажаја на пченка но нажалост немаше удар на голем крап....
Некаде на пладне пошто немаше никаква активност решивме да го напуштиме местото и да се упатиме дома колку толку ја исчешавме крастата... Еве и рипчињата што излегоја некои 18тина парчиња (се извинувам на ваквата слика касно се сетив да ги сликам веќе ги прибравме)
Така помина нашиот риболовен ден , здравје боже следната недела пак....
Бистро