Почитувани колеги, подолу се одлуките кои УО на РИБАР 2011 ги донесе во последните 2 месеци.
_____________________________________________________________
На барање на членовите на здружението Диме Спасев, Гоце Симјановски и Крсте Крстевски, а врз основа на член 19, 39 и 48 од Статутот, Управниот Одбор на ЗРСРК РИБАР 2011 – Скопје со мнозинство од 6 (шест) гласови ЗА, ја донесе следната
ОДЛУКА
за учество на традиционалниот куп Глобочица 2012 во организација на ЗРЛЕ “Црн Дрим“ - Лабуништа
1. Се одобрува учеството на горе наведените баратели во својство на тим-претставник на РИБАР 2011 Скопје на наведениот куп
2. Котизацијата за учеството во висина од 4000 денари ќе биде платена од страна на ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
3. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното изгласување
ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Претседател
Сашо Васков
_____________________________________________________________
Врз основа на член 19, 39 и 48 од Статутот, Управниот Одбор на ЗРСРК РИБАР 2011 – Скопје со мнозинство од 6 (шест) гласови ЗА, ја донесе следната
ОДЛУКА
за доделување на помош за крапската репрезентација на Македонија за учество на светско првенство во крапски риболов кое ќе се одржи во Романија во септември 2012
1. Се одобруваат средства во висина од 18.000 денари од сметката на ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје како неповратна помош која ќе биде уплатена во продавница/и по избор на натпреварувачите за купување на прихрана и мамци потребни за светското првенство
2. Се одобрува поставување на банер на продавницата за риболовна опрема Мак Дам на страната на здружението
http://www.ribar.com.mk во времетраење од 1 година како комензација за средства во висина од 180 евра во денарска противвредност за купување на мамци и прихрана од истоимената продавница за риболовна опрема за потребите на натрпеварувачите
3. Се предава донацијата од 200 кг прихрана по избор на натрпеварувачите која е добиена од фирмата “Кралекс“ од Романија
4. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното изгласување
ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Претседател
Сашо Васков
_____________________________________________________________
Врз основа на Законот за здруженија и фондации (Сл.в.РМ бр. 52 од 16.04.2010 год. Законот за спорт (Сл.в.РМ бр. 29 од 07.05.2002 год.,со измени и дополненија Сл.в.РМ бр. 66/2004; 81/2008 и 67/2010 ) и согласно член 36, 39 и 41 од Статутот, Управниот Одбор на ЗРСРК РИБАР 2011 – Скопје со двотретинско мнозинство од 6 (шест) гласови ЗА, ја донесе следната
ОДЛУКА
За разрешување на членови на Управен одбор
1. Се разрешува Сергеј Бангиевски со л.к бр. ******** од позицијата член на Управен одбор
2. Се разрешува Никола Полизовски со ЕМБГ ******** од позицијата член на Управен одбор
3. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното изгласување
ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Претседател
Сашо Васков
_____________________________________________________________
Врз основа на Законот за здруженија и фондации (Сл.в.РМ бр. 52 од 16.04.2010 год. Законот за спорт (Сл.в.РМ бр. 29 од 07.05.2002 год.,со измени и дополненија Сл.в.РМ бр. 66/2004; 81/2008 и 67/2010 ) и согласно член 39 и 41 од Статутот, Управниот Одбор на ЗРСРК РИБАР 2011 – Скопје со двотретинско мнозинство од 6 (шест) гласови ЗА, ја донесе следната
ОДЛУКА
За прифаќање на оставка на член на Надзорен одбор и
избор на нов в.д. член на Надзорен одбор
1. Се констатира оставката на Столе Серафимовиќ со ЕМБГ ******** од позицијата член на Надзорен одбор
2. Се именува лицето Гоце Симјановски со ЕМБГ ******** за в.д. член на Надзорен одбор до следната седница на Собрание
3. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното изгласување
ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Претседател
Сашо Васков
_____________________________________________________________
Врз основа на Законот за здруженија и фондации (Сл.в.РМ бр. 52 од 16.04.2010 год. Законот за спорт (Сл.в.РМ бр. 29 од 07.05.2002 год.,со измени и дополненија Сл.в.РМ бр. 66/2004; 81/2008 и 67/2010 ) и согласно член 36, 39 и 41 од Статутот, Управниот Одбор на ЗРСРК РИБАР 2011 – Скопје во вонредна постапка со двотретинско мнозинство од 6 (шест) гласови ЗА, ја донесе следната
ОДЛУКА
за именување на нови членови на Управниот одбор
1. Се именува лицето Крсте Крстевски со ЕМБГ ******** за член на Управниот одбор
2. Се именува лицето Владимир Андреев со ЕМБГ ******** за член на Управниот одбор
3. Мандатот на новите членови на Управниот одбор согласно статутот трае до следната редовна седница на Собранието на Здружението, каде истиот треба да се потврди или отфрли
4. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното изгласување
ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Претседател
Сашо Васков
_____________________________________________________________
Врз основа на Законот за здруженија и фондации (Сл.в.РМ бр. 52 од 16.04.2010 год. Законот за спорт (Сл.в.РМ бр. 29 од 07.05.2002 год.,со измени и дополненија Сл.в.РМ бр. 66/2004; 81/2008 и 67/2010 ) и согласно член 38, 39 и 41 од Статутот, Управниот Одбор на ЗРСРК РИБАР 2011 – Скопје во вонредна постапка со двотретинско мнозинство од 6 (шест) гласови ЗА, ја донесе следната
ОДЛУКА
за именување на Секретар на Управниот одбор
1. Се именува лицето Филип Серафимовиќ со ЕМБГ ******** за Секретар на Управниот одбор со мандат од 2 (две) години
2. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното изгласување
ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Претседател
Сашо Васков
_____________________________________________________________
Врз основа на член 2, 13, 19, 39 и 48 од Статутот, Управниот Одбор на ЗРСРК РИБАР 2011 – Скопје со мнозинство од 6 (шест) гласови ЗА, ја донесе следната
ОДЛУКА
за распределба на средства за порибување
1. Се одобруваат средства во висина од 15.000 денари за порибување на акумулацијата “Козјак“ со подмладок од македонска пастрмка
2. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното изгласување
ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Претседател
Сашо Васков
_____________________________________________________________
Врз основа на член 2, 13, 19, 39 и 48 од Статутот, Управниот Одбор на ЗРСРК РИБАР 2011 – Скопје со мнозинство од 6 (шест) гласови ЗА, ја донесе следната
ОДЛУКА
за купување на помошна опрема
1. Се одобрува купување на буре/канистер од 150-200 литри и боца за кислород за транспорт на порибителен материјал во вредност до 3.000 денари
2. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното изгласување
ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Претседател
Сашо Васков
_____________________________________________________________
Врз основа на член 2, 13, 19, 39 и 48 од Статутот, Управниот Одбор на ЗРСРК РИБАР 2011 – Скопје со мнозинство од 6 (шест) гласови ЗА, ја донесе следната
ОДЛУКА
за доделување на средства за порибување на риболовни здруженија
1. Се прогласуваат риболовните здруженија ЗРЛЕ “Црн Дрим“ – Лабуништа и ЗСР “Брегалница 2011“ – Штип за едни од
најголемите борци против рибокрадство во Македонија, како и најдобри чувари на своите ревири во изминатата година.
2. Се одобрува награда во висина од 6.000 денари со намена за порибување на ЗРЛЕ “Црн Дрим“ - Лабуништа
3. Се одобрува награда во висина од 6.000 денари со намена за порибување на ЗСР “Брегалница 2011“ - Штип
4. Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното изгласување
ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Претседател
Сашо Васков