www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Ное 25, 2024 2:39 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2829303132ELLIPSIS95»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:13 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Ја следам дискусијава и настаните во Романија и не можам а да не прокоментирам!

Не сакам да коментирам од кога ќе заврши натпреварот да не излезе дека после битката сите генерали се паметни па затоа сега ќе кажам!

За жал. колку и да не се сложувам некогаш со Ицо, овој пат е тотално во право!

Разликата меѓу него и останатите овде е тоа што тој е реален а вие, иако знаете и сте сте свесни за таа реланост, од чист патриотизам и колегијалност, давате нерелани коментари кои за жал остануваат само пуста желба и се милиони миљи далеку од реалноста!

Пред да почнете да флрате дрва и камења по мене ќе кажам едно нешто - Со сето свое срце и душа сум со нашите, меѓутоа едно треба да ни е јасно! Срцето никогаш не го слушало разумот, па така е и овој пат.

Срцето вели напред Македонија најдобри сте а разумот вели - Не се замајувајте со глупости, шансите ни се сведуваат само на теорија!

Зошто? Кој бил знае, за тие што не биле ќе кажам!

За да една репрезентација направи успех на светско првенство потребно е да се исполнат еден куп предуслови!

1. Спремни, искусни, уиграни томови во полна натпреварувачка форма ! (НЕМАМЕ) - Од сите тие што се на светско нема ни еден тим кој ги исполнува наведените услови. Да не звучам вулгарно ама освен Предраг другите не знаат ни поштено да ловат, не знаат ништо за никаква тактика и се тотално без никакво натпреварувачко искуство!

2. Опрема, храна и прихрана - (НЕМАМЕ). Негде прочитав дека имаме по 60 кг боили на тим, како не баре готово, напраивме боили и сме завршиле работа. Ако видите што се се носи и какви тактики се спремаат и вас ќе ви стане смешно! Шеќерац се носи со буриња, пелети со вреќи. Другите тимови мака мачат што да исфрлат од прихраната за да бидат во рамките на дозволениот лимит од 200 кг а сепак да бидат во можност да ги покријат сите ситуации а ние мака мачиме како да го исполниме тој лимит!

3. Познавање на тактики и техники, читање на вода и проценка на дадена ситуација. (ЈОК НИ ПОД РАЗНО) - Освен Предраг другите не знаат ни предвез прописно да врзат, да не праиме муабет за техники на риболов, системи за дадена ситуација, тактика за прихрана и ловење, техники на ловење и зафрлување, умешност да се прочита водата и да се процени моменталната ситуација. Дали некој од тимовите има направено детална карта на дното и поцијата каде ќе лови, со маркирање на местото? Јас чисто се соменавм во тоа!

4. Издржливост у упорност! (НЕМАМЕ) - Со оглед дека се лови на количина а не на големина треба да се изработи машки, ама навистина машки! Оние кои се натпреварувале на води каде има голема популација на ситна риба знаат за што зборувам! Најголем проблем е уморот и задржувањето на концентрацијата после 50% од натпреварот. И ситните грешки скапо се плаќаат а камоли пак крупните. Само еден пример за да знаете за што зборувам! Под влијание на умор и попуштање на концентрацијата забораваме да смениме предвез на една трска и за само 20 минути губиме 4 риби кои на крај за малку можеа да не чинат и губење на првото место! Освен Предраг, дел од учесниците со кои сум се натпреварувал спиеја и по 10 часа во текот на ноќта. Неопростиво ни за слободен риболов а камоли за натпревар!

5. Преглед на ситуацијата, каде се другите, како и колку ловат, кога и на што, со какви мамци системи и техники? (НЕМАМЕ И ТЕШКО ДЕКА НЕКОГАШ ЌЕ ИМАМЕ) - За такво нешто потребна е одлична логистика. Најмалку 5 или 6 луѓе кои со точаци ќе шетаат по цела патека и ќе собираат и даваат информации. Се разбира мораат да бидат во стална меѓусебна комуникација! Потребно е тие луѓе да имаат големо искуство во крапскиот риболов за да можат после кратко гледање да утврдат за што се работи кај одреден тим и да знаат правилно да проценат и да споделат!

6. Среќа во Газот ! (НЕМАМЕ И РЕТКО КОГА СМЕ ЈА ИМАЛЕ) Се подразбира да имаме барем еден тим кој е отворач или затварач на сектор и бар еден кој ќе му брцне на магарето во газот и ќе извлече место каде рибите спијат! Зошто?
Добри натпреварувачи од лошо место ќе извлечат максимум и ќе уловат бар по некоја риба! Од добро место можат да очекуваат многу добар или одличен резултат а ако случајно се најдат на одлична позиција, што би рекол мојот долгогодишен колега натпреварувач Тони, БОГ ДА ГИ ПРОСТИ ДРУГИТЕ, НЕКА СИ ЛЕГНАТ СЛОБОДНО! Ние немаме одлични натпрерварувачи во репрезентацијава, па затоа среќата ни беше и те како потребна. За да помрсиме конци на другите ни беше потреба сета среќа на светов која за жал ја немавме, како и обично!

И да не редам сега километарски пост иако имам уште многу да кажам!

Се надевам дека ќе смогнат сили да најдат начин да уловат барем по некоја риба и бидат што повисоко пласирани во својот сектор. За тие што не знаат, репрезентација која нема улов во сите 3 сектори нема апсолутно никакви шанси за добар а не па за висок пласман!

Една риба, една, битно е да се улови и да не се соберат сите мошни негативни поени во секторот!

И да се разбереме ! Повеќето од учесниците ги познавам а со добар дел од нив сум ловел и сум се натпреварувал! Со истите се слушаме редовно на телефон и со еден дел сме и многу добро пријатели! да не помисли некој дека злонамерен ми е коментарот! Тој е само реален, бидејќи јас сум реален човек, цврсто стојам на две нозе и не се замјаувам со приказни!

На крајот! Од мое лично име, сакам да им честитам на натпреварувачите што воопшто смогнаа сили и имаа жеба да отидат на Светско првество! За жал, резулаттите ќе бидат одраз на моменталната слика во крапскиот риболов во МК. Искрено се надевам дека овој пат нема да бидам во право и среќата до крајот на овој натпревар ќе ме демантира, во што искрено и длабоко се соменевам!



БИСТРО !

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Последна промена од 1 на Sportex, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:16 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Dobro prikazana situacija.
Sepak se nadevam na tocka br. 6 :P

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:21 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
de taa tocka sale e najbitna,, citaj sporex sto kaza i vo celost e taka,, toj sto znae od losa pozicija vadi maxsimum, a od dobra ocekuva plasman,, ova e sosema drugo..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:25 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Се што напиша Спортекс држи вода и незнам од каде идејата дека сега ке почнеме со дрва и камења ;) :D

Вие кои сте биле и сте осетиле што е тоа Светско во крапски риболов и ние кои не сме биле и не знаеме како е да си таму , никогаш нема да можеме да дадеме ни слични коментари . моите коментари можат да бидат партиотски со желба за успех на нашата репрезентација , но јас поинаку неможам да им помогнам ... немам искуство .
верувам дека секој добронамерен коментар и сугестија се добродојдени ;) :D

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:33 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
epa zatoa sem ovie komenttari za utre ti koga ke otides so spaiva,da imate nekoja prestava sto znaci svetskiot sampionat,, zatoa sega na voda lovenje steknuvanje na iskustvo i posvetenost vo ribolovot,, tamu na svetsko iskustvo ne se steknuva, nego u pogore navedenoto zajko kukurajko :D :D


aj stavete nekoj rezultat da vidime, dosta jademe cresi prilepski :D :D kaj zabega nevestava, snura sega po internet bara informacii :D :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:40 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Sajtov so rezultati ne raboti definitivno.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:40 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Преземено од http://www.ilovecarp.com

[ img ]

[ img ]

[ img ]

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:42 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
Филип НапишиCOLON
ico baits НапишиCOLON
mora ednas da se svati i razbere deka na sampionati mora da odat ljudge sto znaat da fakaat, u makedonija najmalku 20 gi ima, a ne kelaviot da ne prestavuva na sapionat sto nema pojma sto znaci toa, e zatoa nema da bne bide nokogas..
Епа тие 20 решија да бојкотираат, а годинава замисли, имаа обезбедно пари за пат, за котизација, за сместување и исхрана, за добар дел од прихраната и опремата (со помош од нас и некои други здруженија). Истото ќе се случеше и ако 4 тима од тие 20 крапџии се пријавеа да учествуваат и победија. Ама пуста суета...Нека дремат сега, наместо да се гордеат со некој успех што можеби би го постигнале. Овие барем имаа муда да отидат


a godinava brat vikas obezbedeno se :D :D :D a vasil da ne se naprevaruva slucajno :D :D
za zal nie unazad najmalku 6 sampinata ne sme go imale toa zadovolstvo, a najbolno od se ne sto ne ni dadoa, nego i ni ukradoa,,, pa sega gledaj sto e sueta..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:50 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Јас како почетник со патетично искуство постов на Sportex го гледам како чиста реалност и вистина.
Ицо, продолжи со анализите, уживам кога те читам. ;)
Меѓу редови има доста добитни комбинации.
Sportex НапишиCOLON
Пред да почнете да флрате дрва и камења по мене ќе кажам едно нешто - Со сето свое срце и душа сум со нашите, меѓутоа едно треба да ни е јасно! Срцето никогаш не го слушало разумот, па така е и овој пат.
Апсолутно точно, и зошто би фрлал некој камење кога зборуваш од материјал кој го имаш зад себе.
Sportex НапишиCOLON
читање на вода и проценка на дадена ситуација. Дали некој од тимовите има направено детална карта на дното и поцијата каде ќе лови, со маркирање на местото? Јас чисто се соменавм во тоа!
читање на вода...ТОЧНО! Јас ова од Ицо кога ко слушнав прво се насмеав.
За брзо време видов дека тоа е една голема вистина!!!
За деталната карта на дното-мислам дека тоа е основата за правење стратегија.

Да не цитирам понатака, Предраг го знам малку но знам дека човекот може.
Не сум ловел со него да заклучам, но им верувам на колегите кои кажаа дека навистина може.

Предраг ке извади максимум, воопшто не се сомневам во тоа.
За другите не сум чул, и не очекувам некој голем придонес од нив.

Немам основа да анализирам повеќе, но ете сепак смогната е сила и храброст да бидеме тамо
и спортски е да се надеваме дека ке има улов и каков-таков пласман.

Земени во предвид сите околности и состојбата во која се наоѓа овој спорт, јас ова учество
го гледам како напредок.

Малки повеќе ангажман следниве година-две, не мора многу....мислам дека ке бидеме бар на исто рамниште
со нашиве соседи.

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 14 SVETSKO PRVENSTVO VO LOV NA KRAP 27-30 SEPTEMVRI
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 28, 2012 10:55 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
mora da se napravat analizi, poblem e sto nema u momentot nekoj iskusen da im kaze sto treba da rabotaat,, eve sega srbive mi kazuvaat deka so sitna boila navlekuvas siten i so nego ribivo mera,e ova treba nekoj da im go prenese..ama tocno..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2829303132ELLIPSIS95»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 12 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum