Сајлите се мал,но многу важен додаток во опремата на еден риболовец,кој,кога тогаш има намера да се испроба за штука.Без нив риболовот на штука е чиста лотарија.Сајлите може да бидат од 15 см па нагоре.Јас лично не користам сајли под 20 см.Ги има црни,кафеави,зелени...но бојата не игра толку улога кај штуката како што игра улога самата осмица кај шо се прави чворот со основното влакно и долната шнола кај шо се закачува јадицата или трокуката.Тука мислам на тоа што при купување сајли треба да се проверат осмицата и шнолата колку се јаки и како се изработени,затоа што заради фушерска изработка на тие делови од една сајла,може да ни е мака за загубена трофејна риба.На самата долна шнола,за да бидеме посигурни во јачината,може да користиме мала кружна алка(како оние алки на привезоците за клучеви)само мала ,се разбира
Штуката има неколку реда остри заби како жилети,и сече обични и плетени конци,но не е моќна против металниот внатрешен дел на сајлата.
За риболов на штука се користи и посебно изработен конец од КЕВЛАР материјал-но тоа е друга тема