По неколку месечно пратење на форумот и читање туѓи репортажи - дојде ред и на мене да направам една кратка и за мене прва репортажа !
Како што и обеќав на некој од колегите така и беше, вчера околу 18 часот најдов малку време иако кратко пошто денот веке ни се скрати ама сепак доволно да се фати некое рипче ! Местото веке познато по железничкиот мост на вардар што поврзува према саем.
Откако се наместив и собрав малку трева (за ловење) застанав каде што и обично стојам и каде што нај убаво го познавам теренот (иако во последните денови 100 пати го сменија текот со багерите, не е битно) !
иначе ловев со 6 метри - трска (awa shima) 2 грама тапа и 12- ка јадица, сето тоа искомбинирано со малку знаење на менталитетот на тукашниот бојник по десетина минути вроди со еден убав бојник, па по него еден откачен, па уште еден, додека не дојде и вториот на ред да влезе во чуварка - за да може да позира за крај !
Така и заврши вчерашното излегување на Вардар со два успешни удари и реализирани целосно и три ослободени од јадица одма после првата контра !
За крај сликање со лепотаните и враќање назад во вода кај браката за да растат и утре и задутре да кажат некој убав збор за мене
ТОЛКУ ОД МОЈАТА КРАТКА ПРОШЕТКА ДО ВАРДАР, ПА ЗДРАВЈЕ - КЕ ИМА И ПОВЕКЕ СЕ НАДЕВАМ!!!
БИСТРО