-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Се вратив од одмор, го мислев натпреваров и тамо. Не бев сигурен но и не бев спремен што е факт.
По неколку разговори со искусниве колеги за истово ова прашање кое ме мачеше добив одговори
на кои размислив подетално и сфатив дека мора да се почне од некаде без оглед на околностите.
Разговаравме со Тафтабит и двајцата решивме да ја посетиме Глобочица 2-пати за да видиме со што
би се справиле. Тешка вода дефинитвно. 2 пати одење, 2 пати ни удар.
Маркиравме терени, црпевме информации, сондирање на 10-тина позиции (вториот пат) итн.
Бевме спремни, разговаравме со здружението и уште повеќе бевме охррабрени од одговорите на колегите.
Фала на Сашо, Борис, Филип, Спиро итн. за големата мотивација.
Почнаа подготовките на стретегијата и начинот на кој ке пласираме прихрана и мамци.
Се консултирав со доста луѓе за се, но сепак се одлучив за една која бев уверен дека ке е добитна.
Човекот несебично седна со нас, не посоветува и ни даде правец....ТИ БЛАГОДАРИМЕ!!!
Стратегијата беше да сме мирни, упорни, вредни пред се и сериозни!!
Ни требаше и 3-ет човек, моравме да имаме и поддршка од друга гледан точка за да имаме и успех.
Крсте беше тоа, прифати и човекот даде се од себе да биде со нас и да го комплетираме тимот...
Комплетиран тимот, тргна спремен со стратегија. Таа беше најбитна, НИШТО ДРУГО!!
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Утрото не испрати со убав дожд, не не исплаши воопшто. Тасим не пречека со насмевката како и секогаш.
Се спуштивме долу и веќе Крсте како водач на екипита беше на работна задача.
Се влечеа редоследот и позициите. Палците стегнати и чекаме со Тафта долу убава вест.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Судиите уште на почеток професионално почнаа со работа.
Поздрав до Мартин и Лазе!
Од кога ја дознавме позицијата за нашиот бокс, тргнавме сите заедно кон групно местење на кампот.
Пристигнавме на место број 14, место за коли и премин од една на друга стаза.
Не бев изненаден и незадоволен, веднаш почнавме на сред јакиот дожа да импровизираме со кампот.
Немаме ништо, само едно шаторче и два чадори кој Тасим ги обезебеди веднаш за нас.
Да не беа тие, тешко нас ке беше....ФАЛА ТАСИМ по незнам кој пат!
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Кампот беше наместен, и бевме среќни без оглед на се и како и да изгледаше, наш беше.
Знамето поставено, екипата мокра до гола кожа и почнавме со рабоните обврски.
Неуморни, желни, гладни за успех и пред се професионално посветени кон обврските.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Стратегијата почна, почнавме да работиме. Маркирањето беше една од најбитните почетни работи.
Се консултиравме, фрливме кон сите позиции каде решивме дека ке пласираме и помина се тоа темелно.
Изнајдовме позиции и растојание, длабочината измерена, тврди подлоги итн... Се беше средено да зафрлиме.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Веќе наместени параболиците на род-под, пласиран мамецот по стратегија, конците во вода со оловата,
Free Spool-от отворен и секако позициите послани со прихрана.
Се фрливме на друга работа, ги стокмивме сите ситници за резерва...се бидува, мора да е се ново и сигурно.
Сите системи беа триплирани, за да во случај на кинење се реагира веднаш.
Спремни и неколку ПВА мрежчки, ситни работи при рака и седнавме до кампот да чекаме.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Мал поглед кон нашето кампче и бокс, душичка наша од камп...си истпри доста потсмев.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Поглед кон сите комшии од нашата десна страна, позициите беа за мерак средени (БРАВО ЗА ЦРН ДРИМ)
...на моменти и поскакав да сум вгнезден во еден од нив. Но што е тука е...одиме напред!!
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Седнати, морам да признаам дека бев малку разочаран, но сетоа тоа беше криза од 2-мин која брзо ја пребродив.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Со поглед кон опремата така поставена, добивав се повеќе нервоза но и самодоверба.
Продолживме со работата и задачите според договореното.
Луѓе доаѓаа и си одеа, со сите се поздравивме и со новите запознавме но мене паметот ми беше на друго место.
Крсте и Тафта исто тивки и сконцентрирани. Имавме неколку разговори за текот и решивме да видиме како ке
се одвиваат работите за да реализираме следна фаза од стратегијата.
Дожд пофторно, почна јако да паѓа но не за долго. Некаде околи 18-19 часот веќе престана да врне и тука
почнаа првите удари. На позиција 13 (5,2 кг) и на позиција 6 (12кг).
Малку ме стави во недоумица се тоа и дојде до некоја промена на планот.
Малку прихрана, прецизно пласирана и послана до другите позиции.
Зафрливме на втората опција и пласиравме прецизно.
Околу 21 часот дојде Самир да му помогнам да качи слики на форумот за дотогоаш уловените примероци.
Седнавме... тој на лаптоп, јас на таблет и судијата спроти нас на кафе.
Крсте го послужи, Тафта беше во шаторот да одмори на пола копје.
Му се појавуваше главата на 5мин. со поглед се разбиравме.
Немаше долго, 21:45....левиот сигнализатор почна со турур руупп, туруриууупп. тууруууууууууууу....
Самир: Диме станувај...
Скокнав ко од тромболина, тие 5 секунди ми беа slow motion. Видов како зема лудо конец, машината се тресе,
род-подот вибрира звукот да не сакаш да престане....
Кренав и почна борбата, имаше неколку повлекувања на доста конец од шпулна.
Луѓе ко луѓе околу у почнаа коментарите, но побарав тишина коа веднаш ја добив.
Благодарам за Самир кој изрегира кон публиката за мир.
Одеше и лево и десно, но не во голем радиус.
Малку го стегнав кога дојде до брегот, почна да оди надолу каде имаше длбаочина од 6-7м.
Морав да го држам горе, надолу шансите се да го изгубам.
Се собрав, покрај адреналинот главата и рацете на место и оп Крсте успешно го прибра.
Знак на олеснување, честитки со Тафтабит и Крсте веднаш и отиде на сликање и мерење.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сликата е земена од видеото, имаше премногу луѓе и неможеше и немаше време за вистинска фотографија.
Еве го целиот дел од вадењето, мерењето и секако пуштањето назад.
САМИР ТИ БЛАГОДАРАМ за ВИДЕОТО ДРУЖЕ...КАКО НАРАЧАН ДОЈДЕ. __________________________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________________________
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Другиот ден дојде брзо, не склопив око цела нок.
Околку 2 часот влегов во шатор за да се скријам од јакиот ветар кој буквално не проби.
Крсте седна во колата со Тафтабит. Дали половна час успеав да се исклучам.
После тој адреналин, тешко беше да останам мирен и да спијам.
Станав околу 3 ипол 4, и веднаш почнав со работа.
Прихрана мала, префрлив и го разбудив Тафта да довршиме.
Се беше на место, 6ч. веќе и време за топло кафе.
Дојде Јане утрото и ни честиташе, го почастивме со топло кафе и продолживме понатаму.
Другиот ден беше доста убав, сонце, мирно, топло.
Тасим ни донесе и гевреци, па одма потоа дојде и ручекот.
Кременадла "од" МАК-КРАП ни дојде на гости и се посмеавме малку како и секогаш.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тафта имаше мерак да позира со знамето, јас со задоволство ги фатив и Крсте и Мишо.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Јас и Тафта спремни ко запета пушка.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Опремата на готовс, се средено и наместено...чекаме RUN.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
До зајдисонце беше мирно секаде, на гости ни дојдоа Спиро, Лагуна и Гоце од Битола.
Додека беа тука, имавме еден drop back кој беше реализиран.
Се посомневав и почекав ...после 3-от знак кренеав и видов дека е риба.
Мислев дека е клен, но излезе мал крап кој ИСКРЕНО МЕ ИЗРАДУВА.
Беше вон килажа 860гр., но бев среќен зошто сепак не беше клен.
Тоа ке беше лош знак, додека малиот крапчо не мотивираше дополнително.
Добивме уште повеќе охрабрување од колегите од Битола (ФАЛА ВИ НА ПОДДРШКАТА МОМЦИ), и
се фативме посериозно. Нов дел од стратегијата реализиран и за половна час седнавме да каснеме и нормално чекаме.
Но како доаѓаше ноќта, така работите стануваа се полоши. Овој дел колеги ке го заборавам и нема да го споделам со вас.
Без оглед на некои коментари овде на форум, јас само ке го кажам следново: ПОСАКУВАМ НИКОЈ ДА НЕ ГО ПРЕЖИВЕЕ ТОА ШТО ТИМОТ НА РИБАР 2011 ГО ПРЕЖИВЕА ТАА НОЌ! Бевме отсечени од риболов комплетни 6-7 часа, па кој како сака нека толкува...
Утрото малце деморализирани, слушнавме дека ноќта имало активност и дека веќе сме 3-то пласирани.
Не дозволивме да не руши тоа па одма се фативме за работа.
Имавме право да се надеваме за повеќе па веднаш назад кон замисленото.
Префрливме, средивме и чекавме. Решени бевме до 92 мин. да не губиме надеж.
Околу 12ч. дојде и нашата екипа да не бодри во состав Сашо, Борис, Филип, ВладоМКД и Ховитз.
Ни дадоа стимул, не смирија малце, поразговаравме и се посмеавме.
Не живнаа после бурната ноќ која ја претрпевме...
Сепак, немаше акција. Дојде 15ч. и се слушна свирчето на судијата.
Како е така е, сепак задоволни и среќни си честитавме меѓусебно и со сите учесници.
Полека си го собравме кампчето наше, и чекавме да дојде моментот на делење и прогласување на победниците.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Екипата која не посети Рибар 2011....
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Пехарите и наградите беа спремни од ЦРН ДРИМ како круна за сите.
Беа поделени благодарници за сите учесници, дипломи, награда за единствена жена од српскиот тим,
награда за најмлад и најстар учесник, најголема риба и секако за првите 3 места....
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тимот на Рибар 2011 ги добива наградите за освоеното 3-то место на турнирот...
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ СЛОГАНОТ - СТОП ЗА РИБОКРАДЦИ -
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сите кои зедоа учество во една групна слика...ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ!!!
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Слика на Рибар 2011 со единствениот и вредниот домаќин ТАСИМ.
ТАСИМ, неверојатно сработено...Уште утре уплаќам котизација за догодина.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Со дел од колегите учесници...
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Уште еднаш со Тасим, Самир и Радован...
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Морам да им честитам на МАК КРАП, неверојатна екипа...
Ги среди работите за неполн час...РЕМЕК ДЕЛО МОМЦИ!
ЗАСЛУЖЕНО ПРВО МЕСТО!!
Тимот на Рибар 2011...И да Сашо, имавме ОГНЕНО КРШТЕВАЊЕ!!
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Малку радост на пахарите и медаљите, сепак први ни се...
Многу ни значат за понатака, како на нас лично така и на здружението.
Ги гледам како мотив за повеќе во иднина.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
На крај, пошто капка алкохол не пробавме за времетраењето на целиот натпревар,
решвме да купиме уште еден "пехар" за да им прави друштво бар на неколку часа.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тоа е се народе.
Голема благодарност до СИТЕ кој не бодреа, чуваа, навиваа, и даваа доплнителна мотивација.
Голема благодараност до ЗРЛЕ "ЦРН ДРИМ" за гостопримството и грижата.
Голема благодараност до ОНИЕ КОИ ПОМОГНАА, УПАТИЈА и ДАДОА СОВЕТ!
Се поставивме професионално и КРАПСКИ (Што би рекол Зајакот).
Без сето ова, немаше да успееме...
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Бистро!!
РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am МислењаCOLON1683
Cestitki i od mene no za sleden pat Krki malce potivko vrlo vozbuden gi uplasi site kapovi heheh. Mnogu adrenalin se sobralo vo Krle so toj krap, ko sto bi rekol eden mestanin od tamo samo POTIHOOOO podrav do Jove hehe
Одличен почеток и уште подобар успех, а што се однесува ЗА и ОКОЛУ околностите тоа секогаш ќе постои, нешто нема да штима не не се секирајте САМО НАПРЕД!
Dobar uspeh,dobar plasman,dobra reportaza,nego nekolku prasanja ako moze.Me interesira dali se hranese so raketa,ili so cetali,i zosto bevte otseceni 6-7casa toa ne go razbrav
РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am МислењаCOLON10473
4ta slika mi e omilena, kade sto majstorot dimko mu kazuva na majstor goce kade da ja plasira hranata
dobri ste decki, aj sega dojdete na velesko da ve preslusam
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 21 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум