Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON |
Убави зборови за организаторот ќе има доста секако, ова е еден од малкуте купови кои опстојуваат само честитки, сепак за да биде уште подобар треба да им помогнеме на Црн Дрим со сугестии за кои они ќе си одлучат дали ќе ги земат во предвид и секако купот во иднина да биде уште поубав
1. Ограничување на луѓето што се симнуваат од горе на стазата, ама вистинско ограничување, ако треба и со поставување на човек два, кои ќе внимаваат на тоа, од горе симнување само луѓе на организаторот и само за најсуштински потреби, мотори, коли, мењање гуми и сл.работи на стаза не смее да има
2. Секој бокс да биде ограден со најобична врвка и таа врвка никој не смее да ја помине (освен луѓе на организаторот во насушна потреба, судии секако и некој од другите натпреварувачи кои ќе бидат пуштени внатре во боксот од страна на домаќините во боксот). На никој не му е сеедно луѓе да му се шетаат постојано пред бокс или внатре. Посебно не смее да се дозволи, кога некој вади риба веднаш зад него да има 30 луѓе кои го бодрат со сугестии од типот “умори го, пушти му кочница, ќе ти влезе во гранки, надоле трската, вака или онака постави го кепчето, башка на тоа да светат со сијалици во вода за да го видат крапот при вадење, или да се туркаат да го снимат или сликаат при вадење........ова не смее да се случи......На вакви купови секој тим си сака мир, тишина и не многу фрекфенција околу него, башка сите има мозок во главата и знаат што да прават во ситуации кога ќе удри крап или слично, сето погоре спомнато може да биде иритирачко за секоја екипа и за секој кој вади крап
3. Таа позицијата 14-ка не смее да постои таму, тоа не е бокс, туку отворена платформа од клучно значење за стазата за симнување и паркирање на коли
4. Неколку часа пред натпреварот добро чистење на она што е во водата на потегот на стазата, треви, шишиња, фрижидери, мислам дека со вили и со ќепови можат да се исфрлат надвор од водата (колку се може секако) и да има помалку ситуации како сега кога брановите носат све и свашта и вртат цели острови од ѓубре покрај позициите и низ конците во вода
Ете неколку од мене, а натпреварувачите и оние кои имаат искуство на вакви купови сигурно можа да дадат и други сугестии и идеи од сопствено искуство
BORISE AKO VGODINA BIDE KUP-2013 OVIE PROPUSTI SIGURNO CE BIDAT OTRGNATI I MISLAM DEKA IMASE USTE NEKOI PRIMEDBI NARAVNO VO KORIST NA KUPOT DA BIDE USTE POVISE EFEKTIVEN SRBITE POKRAJ OVA STO TI KO ISKAZA POBARAA SEKOJ BOKS U VODA DA BIDE BELEZAN DO KAJ IMA PRAVO STRANICNO DA SE ZAFRLA SO JADICA RADI NEKOI EKIPI MALCE DOJDOA DO DILEMA KOJ KADE TREBA DA ZAVRLA I TOA GO ZEDOV VO OBZIR TAKA STO SEKOJ BOKS U VODA CE BIDE BELEZAN A ZA OVIE PROPUSTI STO GI NAVEDE VGODINA NEMA DA GI IMA.