www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Сеп 20, 2024 2:00 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON МАВРОВО
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 7:48 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Aпр 15, 2011 3:11 pm
МислењаCOLON553
ЛокацијаCOLONSkopje
Поради семејни обврски викендот 15 и 16 .09 требаше да го поминам во Гостивар, и нормално не се пропушта ваква шанса да се појде до Маврово. Цела недела пратев сајтови за временска прогноза кои често ги менуваа предвидувањата, за да во четврток и петок се стабилизираат и предвидоа облачно и дождливо во сабота и далеку подобро време без врнежи во недела. Ама кому иде се решив и за двата дена.
Сабота сабајле правец Маврово, по пат дожд и магла се до патоказот за Дуф, а натаму чисто солза. Само што се спуштив на езеро и го почнав кафето ме поздрави и сонцето, за мене моментод 1.000.000 $
[ img ]
После кафето почнав со вртење, поради многу нискиот водостој повекето добитни локации беа далеку од вода, некои заливи и не се повеке заливи, се изнаодев неколку саати покрај езеро, и пак се вратив од кај што тргнав. Почнав да фрлам каст мастер да го испитам дното и после неколку фрлања излезе кленко.
[ img ]

После него во наредниот саат излегоа уште три на кашика Abu Toby 10gr. И така заврши саботата која наспроти временската прогноза помина без капка дожд, а речиси цел ден го поминав по куси ракави.
Иначе шишенца како на сликава, како и стиропорни тацни од пилешки џигер, мрежички и сл. за жал останаа постојан декор на крајбрежјето.
Неделата бевме договорени со Горјан - Fisher King и таткому, ме собраа од Гостивар и пак Маврово, а таму небо и земја се споиле, врне дува катастрофа. Нема врска со прогнозите што ги гледав. Пофрлавме на некој саат и покиснати у мал одмор на чорба и сушење. Таму се видовме и со '' претседателството '' на РИБАР 2011 кои одеа накај Глобочица.
После паузата правец накај црн камен, кај што најдовме заветрина а и дождот престана, пофрлавме уште малце и го завршивме денот со три клена. Слики од неделата нема пошто и беше невозможно да се напраат.
Ја применував тактиката со влечење на Сашо која е ставрно добитна на МавровоJ, но во исто време е кобна по кутијата за кашики, али тоа е - две убаини нема или тешко се наоѓаат.

За крај не ме држи срце а да не кажам нешто и за езерото кое во пресрет на зимата и ниските температури е со очаен водостој, а по каналот тече вода како да се тушира некој.

[ img ]
[ img ]

Во Гостивар разговарав со еден роднина кој е пензионер од ХЕЦ Маврово. Ми кажа дека поради климатските промени кои престојат со се помалку есенски дождови како што беше лани, единствен спас за водостојот во езерото би бил што поскора изградба на браната Луково поле на Шар планина, која би се споила со системот шарски води кои го полнат езерото.
Истотака разговаравме и за проблемот со заштитата во отпусниот тунел што ги води рибите директно во турбините, на што ми кажа дека проблемот настанал кога човекот што ја конструирал и сервисирал оваа заштита отишол во пензија, а за понатамошните услуги ХЕЦ не сакала да му исплати хонорар.
За крај оваа репортажа ја посветувам на Гоце, Диме и Крсте, момците кои со успешниот пласман достојно го претставија нашето здружение на нивниот дебитантски настап на ваков куп.

Бистро

_________________
Ракијата што ја носат рибарите кога одат по риба, има спасено многу повеќе риби
одколку што спасиле сите рибочуварски служби, здруженија и инспектори од ДИЗ заедно


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON MAVROVO
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 7:51 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Друже убаво си објаснил и супер е репортажата али ако сакаш сликите да ги намалиш бидејќи изглегуам на тераса да ги видам :lol:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON MAVROVO
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 7:52 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Smali gi slikite ,morav duri kaj komsikata da odam da ja vidam cela slika :D

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON MAVROVO
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 7:57 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Оставете ги терасите и комшиите
Објаснете му на колегата дека сликите мора да се највеќе 800х600

Има теме за пишување па повели прочитај. Сигурно си пропуштил. И јас грешев.

Инаку супер.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON MAVROVO
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 8:07 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Кленот --МАШАЛА не е мал или СЛИКАТА е голема ;) ;)
Мала шала..почит и кон тебе Колега .
БРАВО!!!

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON MAVROVO
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 8:40 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Јан 21, 2011 11:33 pm
МислењаCOLON837
ЛокацијаCOLONTetovo
Bravo za klenot. Ubavo parce ;)

_________________
Just Fish it


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON MAVROVO
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 8:42 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
браво ненад поздрав до тебе убав кленко си прелажал

инаку сликите беа големи затоа што и поздравот на крајот беше голем :D

поздрав

пс- сликите ги средив користи опција 640 х 480 и копирај го најдолу директ линк.....

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON MAVROVO
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 8:45 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Одлично,барем еден ден се погодил и искочило некое рипче :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON MAVROVO
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 8:48 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Браво школски , одлична репортажа
знаев ја од времето дека си ти мераклија за риба :lol: :lol: :lol:
поздрав и Бистро ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON MAVROVO
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:08 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Aпр 15, 2011 3:11 pm
МислењаCOLON553
ЛокацијаCOLONSkopje
Se izvinuvam za formatot na slikite,nabrzina bez proverka ja pustiv. Posebno izvinuvanje do kolegite od Prilep i Kumanovo, uvek bile prvi puski pa taka i ovde na mojata reportaza.

_________________
Ракијата што ја носат рибарите кога одат по риба, има спасено многу повеќе риби
одколку што спасиле сите рибочуварски служби, здруженија и инспектори од ДИЗ заедно


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 29 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum