www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 10, 2024 10:12 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS8»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:12 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Дојде и третиот дел од годишниот одмор, уште од зимуска планиран период за риболов. На која локација ке одам не размислувам ни еден миг. Се знае – Вардар под ДемирКапија. Единствено на што размислувам е состав на екипа со кој ке одам и колку дена (работни). Во ДемирКапија ме чека Миле и единствено негово прашање е колку дена. Планот е од понеделник до петок (10 – 14). Но со кого ке појдам од Скопје.

Во комбинација е $DARE$, но поради семејни обврски некој друг пат ке одиме. И другарми Трајко е во комбинација но може да земе само два слободни дена. Шаци (Драги), братму на Миле ни викенд не е слободен а не работен ден. Сепак ке одам сам.

Се собираат информации за водата. Во скопскиот дел Вардар варира пола метро, но во ДемирКапија само 10-тина сантиметри. Занемарливо. Водата бистра. Солунарната прогноза е задоволителна. Месечината е во задната четврт. Период што по мое искуство кажува дека е поволно за сом. Тоа и ми треба. А и метеоролошката прогноза ме задоволува. Од четврток се очекува да заврне а и тоа е добро за сом.

Опремата е спремена, а и нема што многу да размислувам и да пакувам. Во футролата се 4 параболика (2 x 3lb + 2 x 5lb) со монтирани машинки за сом, меч и телескоп. За секој случај, иако не мислам да фрлам на крап, тука се уште 3 параболика. Набавени се и прехрамбените артикли и за риба и за рибарите.

Во заден момент доаѓа до мала промена во терминот. Поради работни обврски сепак ке мора да појдам од вторник. Така и беше. Со Миле се сретнавме на добро позната локација, Луткова река.

Ме пречека со веќе сварено кафе и една чашка за добредојде. Едно саат и нешто си го посветивме на себе. Семеен муабет. Без оптоварување со риболов. А и нема што да се оптоваруваме. Тука, тука ... и тука се поставуваат дубинските. Место за ноќно ловење попадика. Тука се лови мрена ... Се се знае. Вардар мал и бистар. Идилата ми ја нарушува само јужниот ветер.

Место за длабински риболов. Ке чекаме СОМ.

Набрзина наместен логор. Монтирани стаповите за дубинско и распоредени на држачите. Накрмено местото за попадика. Телескопот во раце и одам да пробам како ќе работи мрената.

Во ракавецот, брзачето, трева има но само за фаќање. Не е во изобилие како знае да биде. Цела година водата е огромна и не израснала а тоа е лош знак. Го нема она природно крмење со трева. Неколку прамени селективно набрани и фрлам. 2 - 2.5 метри Југото дува на моменти и засилено но не ми пречи премногу. Теренот е широк и чист. Конче 0.10 НаноФил не прави голем отпор и мев. И фрлам едно саат време но ништо. И на леб пробав но без успех. Мрената не е тука.

Одам нагоре 50-тина метри. Пак немам удар. Полека одам нагоре. Огромен брзак со големо исушено стебло во вода. Веќе сум 150-тина метри над логорот. Фрлам но без резултат, но во еден момент на 15-тина метри под мене, уз брег под јаворите се преврте нешто. И пак се преврте. Ке пробам и тамо. Лошо за ловење. Југот ги ниша и онака ниските гранки над вода, а струјата во која би требало да е мрената е баш под нив. Неколку фрлања и камен. Но каменот за секунда тргна. Мрена и тоа здрава. Околу метро вода со силен брзак а она си гази строев чекор. Мерак. 5 минутна борба и мрена преку 1.5kg е во чуварката. Следен удар немав но се растури од рипање и превртување. Местото е најдено и утре со крмење со стар леб ке ја извлечам од гранките.

Место за лов на мрена. Во 17-та секунда се гледа шлапање на риба под гранките

Се спушта полека првата веќер. Дубинските се фрлени во вода. Вкупно 6. Горната и долната на риба а помеѓу на пијавици. Миле повторно накрми за попадика и лови. Моја задача е да ја приготвам вечерата.

Околу осум на софра. Една ракија и салата. Па уште една две и наваливме на обилната скара. Не поради другу, од здравствени причини (за полесно варење), со скарата ладно пиво. Се прават планови за утре.

По вечерата двајцата почнавме да ловиме попадика. Но само Миле имаше улов. Јас едвај два три удари но рибите ги откачував пред мене. Чудно беше што по 22 часот Миле имаше извадено и неколку белвици. Не паметам дека по стемнување сме имале белвица на јадица.

Адреналинот го качи горната дубинска на риба. Без било каква најава одеднаш силно заѕвони и молк. Веднаш седнав до нејзе во исчекување. Минута, две ... 10 и не можев повеќе да чекам. Ја извадив надвор но рибата мамец не беше тука. Дубинските останаа мирни цела ноќ.

Со утринското кафе некаде околу 06:30 удри едно кленче околу 250 g и тоа беше се од првата длабиска сесија. Се подготвува опрема за мрена. Стар леб, тазе леб, резерва јадици и оловца, се облекува комбинизонот и полека на место.

Југот не престанува, а водата иста како вчера. Мала и бистра. Три топки леб и прво фрлање. Точно кај што посакав да падне. Под гранка. Тапата се исправи, пројде една педа и потона. Закачив некоја гранка под вода помислив но гранката ми ја повлече раката. Отпочна борба. Упорно влече под гранките. Едвај ја извлеков од таму но ситуацијата не е позитивна за мене. Тука е нај силната водена струја и мрената почнува да ме влече надоле. Работи и регулаторот. Ја навлеков во помирно на мојата страна на брзакот и полека кон нејзе. Стоеше еден миг мирна и по моите 3 – 4 чекори кон незе тргна низводно уште поенергично. Како да не ја држев на јадица веќе едно 5 минути. Мија исправи раката со стапот и си замина. Па добро. Ми направи мерак, иако меракот ке беше поголем да завршеше во чуварката.

Дојде и Миле кој во меѓувреме го средуваше логорот. Садови, ѓубре, вода во чешмичката ... и собра дрва за денешното готвење гравче. Седна позади мене и гледа. Одвреме навреме ке фрли по некоја топка леб. Јас стојам во вода и ловам а он ги прифаќа уловените мрени и асистира од брегот. Секундант, тренер.

До ручек 7 убави мрени. По ручек и мала пауза уште 4. Супер. Одамна не сум имал оваков ден, па и одамна не сум го начекал Вардар по моја мерка. Само да не дува југото и да можам секоја рака да фрлам каде јас сакам. Со тек на ловење открив дека едно 10-тина метри под мене под гранките од јаворите има еден голем камен под вода. Скоро секое фрлање кога ке ја погодев вистинската линија и ке поминев покрај него имав риба на јадица. Точно знам каде зима но гранките и ветерот се против мене.

[ img ] Улов на мрени - среда 12.09.2012

И втората вечер помина како предходната со таа разлика што сега и јас имав убав улов на попадика. Дубинските си преспаа како бајчиња. Ниту еднаш не се јавија.

Четврток сабајле и се е исто. Миле прв станува и готви кафе а потоа мене ме буди. Ги проверувам дубинските, ги чистам од понекој лист и слично и пак во вода. Се е исто, само тој проклет јужен ветер не стивнува туку засилува. Можеби неприметно но посилен е од вторник. Кога би можел да му ја најдам дупката и да ја затнам вели Миле.

И риболовот на мрена започна исто. Првата мрена ме извади од памет. Најсилна досега. Отиде едно 30-тина метри под мене и ми скина. Ми скина Berkley NANOFIL 0.10mm со носивост од 5.7kg. И втората риба е тука. И таа е огромна. Не ми скина но се откачи. Во чуварка завршија 4 мали мрени. Тоа мали во однос на предходните две, од пола до кило.

Ај доста за предпладне. Имам закажано средба со едно тенџере. Готвењето е сепак моја задача.

Телефонски ми се јави АЛЕКС од Штип. Се познаваме многу добро и одамна постои желба за заедничка дружба на вода. Не требаше многу, подобро кажано немаше никакво убедување а веќе Алекс беше на пат. Неговото јавување ми дојде како кец на десетка. Лебот за ловење ми е при крај и веке убаво се троши. За попладне ке имам но тешко да ке имам за утре. Токму што се спремав да појдам повторно а Алекс пристигна. Набрзина, додека го приготвуваше телескопот и го навлекуваше комбинизонот, му дадов некои насоки и појдовме заедно да ловиме.

Миле седи позади мене и си приготвува крма, Алекс под мене на едно 10-тина метри и почнуваме. Само да не е југото. Се посилно дува. Чекаш да направи мала пауза во два налети. Ги пратиш гранките ... И еве ја првата. Труп. Огромна мрена. Се игра со мене. Алекс излегува од вода и ми прави простор. Со Миле ми асистираат и двајцата од брег. Зошто не ја земав камерата со мене ми се врти низ главата. 5 минути борба и си замина трупот. Па си замина и втората, и третата. Па дај доста си правиш мерак со овие трупови и фати некоја поситна за да ставиме нешто и во чуварка вика Миле по мене. Си замина и четвртата. Или ми кине или се одкачува. Иста јадица 6, која вчера Миле со клештички им ги вадеше од уста сега не ја држат рибата. Нервозата го замени меракот и воодушевувањто. Па ова не ми се случило. Овакво нешто му се случува само на Трајче. Од 10 удара на крап (зборам за Вардар во Криволак) да извади само еден од кило.

Ветерот е немилосрден. Гранката пред мене ја направив како елка. Ја скинав тапата со која ловев 4 години, а покрај нејза уште две. Нервоза и страв. На крај завршив со една мрена од кило и две помали. Алекс не пројде славно но немаше ни кинење.

А ветар дува, дува ... дува. И уста су нам сасвим су... (е овдека Бора Чорка не е во право). Има и скара, а има и риба. Попадика која не ја издржа предходата ноќ во чуварката. А дал Господ има и со што да се разблажи јадењето. Ладно пиво, а има и вино. По желба. Ама ова веќе кажав - само од здравствени причини. Вечерта ни пројде во дружба и шеги на моја сметка. Миле бараше психијатар да ме лечи.


Дружба на Скопско - ДемирКапијско - Штипска екипа

Петок сабајле поспавме подолго. Се раздени тмурно време со, се разбира, неминовниот јужен ветер. Не бива без него. Дубинските си стојат упорно овој пат подпомогнати со уште трите на Алекс. Повторно само едно 300 грамско кленче. Истите церемонии со кафе и гаргара. Комбинизоните и ловење.

Петок 14.09.2012, 07:00

Јас сум човек кој почитува традиција. Денот ми почна со две мрени кои не беа мои. Во чуварката завршија две поситни. За нервозата да биде поголема допринесе и федерчето на машинката кое пукна веднаш по втората изгубена мрена. Но Алекс е подобар. Три удара и три мрени од кои една преку кило.

АЛЕКС во акција


Боби-Брада во акција

Одвреме навреме ситно ни роси, но на тешка спрема од 6 и повеќе грама не пречи. Но југото е се понеподносливо. Си ја накитив елката со уште некоја тапа. Алекс ми љубомореше на убавата елка, па да не биде покус и он си накити една со некоја тапа.

Овде нема ловење и сменивме позиција. Но денот не беше наш. Само што накрмивме убаво заврна. Е сега бидејки не се лови, под големиот ми водоотпорен сонцобран поклон од Васе DAM, на дружба. Кафе, салата и гаргара. Повторно рибарски караници и да ти раскажам и за ова.

Врне убаво

Силината на дождот и од таму не разбрка и завршивме во шатор.


Врне уште поубаво

Само што престана дождот на место дојдоа Ацо и братму Мирко од Куманово. Ги запознав овде на ова место минатата година. Им го предадовме местото на користење со детални упатство. Куса дружба и дома.


Пристигна Втората Смена

Доста беше, а следниот пат пред да дојдам на Вардар, препораката е од сите, да си посетам психијатар.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:32 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
bravo bobi ubava reportaza,dosta si se potrudil ..
me interesira satorot sto go koristis koj model e i koja dimenzija..

nareden pat pozdravi go mile od slave i ico, go nosevme na bojnik i mrena pred 15 god nasiov revir, posle traggedijata se nemam cueno so nego, inace so tatkomi bea dobri kukni prijateli..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:36 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Благодарам за поздравите и кего поздравам Миле од твое име

Шатророт е ДАМ КвикЕрект 2
Не му е ставен комарникот но е предвиден за два кревети во должина и маса во средина.
За тошните димензии треба да проверам но мислам дека е 2.5 х 2.8


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:41 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
na ovaa stasbilns voda podobro krap ds di brkal, veruvam deka ke si imal rezultati a i si imal dosta vreme..ubavo sepak i mrenata e uzivanje..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:44 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Знам ИЦО, но да бев од другата страна. Таму е ЦАРСТВОТО на капиталните крапови.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:46 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Bobi_Brada НапишиCOLON
Отиде едно 30-тина метри под мене и ми скина. Ми скина Berkley NANOFIL 0.10mm со носивост од 5.7kg.
Одлична репортажа Боби. Него, мојот Нанофил 0.15мм пука на чвор на 3,5 - 4 кг, го мерев неколку пати.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:52 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
[ img ] Браво Боби, супер Репортажа ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:52 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
ФИЛИП на секое местење леп проверувам дали ина ЧВОР.
Мислам дека сепак ослабувањето е од триење од КАМИЊА по дното.
Една мрена ја довлеков во апсолутно мирна вода, а тапата само неколку сантиметри беше над површината. Таа ја видов убаво - КОЛКУ РАКА.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:53 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
е ова е добар провод, секој да посака барем еднаш во годината вака да се наредат картите, уште да имаше два -три сома... :) ....сепак таков провод само во соништата


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 17, 2012 10:56 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Добро Дојде од одмор.
Да се видиме, имаме доста муабет


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS8»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 23 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum